Македонија
Шилегов: Реканскиот крај е природно богат, а младите заминуваат
Од Дебар, во реканскиот крај, во сабота Петре Шилегов, носител на кандидатската листа на СДСМ од изборната единица 6 порача дека овој крај е богат, но граѓаните го имаат истиот проблем како секаде, младите си заминуваат.
„Маките во Дебар се исто големи како и секаде, особено прашањето за иселувањето на младите. Социјалдемократскиот сојуз токму заради тоа и го состави Планот за живот во Македонија, да ги задржиме младите да живеат овде, во ова прекрасно место. Да ја изградиме инфраструктурата достојна на дебарчани. Да не ги кршат ниту автомобилите по патот по кој што возат, ниту пак да имаат проблем со комуникацијата. Дебар мора да биде поврзан со остатокот од Македонија со една современа, со една современа сообраќајница“, рече Шилегов.
На тој начин, ќе може да се развие и туризмот, да се развие еколошкиот туризам, и да се
задржат младите, да отвараат сопствени бизниси.
„Токму заради тоа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во сопствената програма предвидува 10.000 евра, неповратна помош за најдобрите бизнис идеи. Меѓутоа и за помагање на бизнисите на младите, кредити државни од 15.000 евра со само 1 процент камата, за да тие деца застанат на своите нозе, за да тие деца останат овде, го развијат бизнисот, заработат за добар и за подобар живот. Самовработувањето е еден од најдобрите начини, овдека се еснафлии луѓе, дуќанџии луѓе, знаат дека тоа може да го направат и таа иницијатива кај луѓето мораме да ја помогнеме“, рече Шилегов./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Центар без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на улицата 164 бр.117, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Шипковица – Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози. Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања. На патниот правец Шипковица – Попова Шапка има појава на магла со видливост до 40 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис
СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ ја смета за исклучително значајна поддршката на стратешките партнери на Северна Македонија во борбата против корупцијата и криминалот.
„Сите сомнежи за корупција мора да бидат истражени и санкционирани без компромис од страна на правосудните органи во Северна Македонија. Го охрабруваме целиот правосуден систем во државата да работи посветено и без двоумење на расчистување со сите форми на криминал и корупција, со цел да обезбеди праведност и еднаквост за сите граѓани.
СДСМ останува доследна во својата заложба за изградба на праведно општество, во кое владеењето на правото и отчетноста ќе бидат темелите на нашата иднина“, соопшти СДСМ.