Контакт

Македонија

Штерјова: Мицкоски ги штити Стоилковиќ и Кирановиќ за величењето на Младиќ, што е следно?

Објавено пред

Мицкоски го штити својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, како и директорот на Агенцијата за правата на заедниците, Далибор Китановиќ, вели Кети Штерјова од СДСМ.

„Од никого не бара одговорност за величењето на воениот злосторник Ратко Младиќ.

Мицкоски не го споменува Стоилковиќ, не го повикува на одговорност, на Китановиќ му остава простор, да го повлечел јавно искажаниот став за Ратко Младиќ или да си поднесе оставка.

Наместо кривично да одговараат и давајцата, согласно член 407 од Кривичниот законик поради „Одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства“.

Нема тука простор за негово одлучување или различно толкување.

Луѓе како Стоилковиќ и Китановиќ со такви ставови не треба и не смее да бида вршители на каква било јавна функција во Владата. Дали Мицкоски се согласува со својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов генерал?

Ако Мицкоски не се согласува со Стоилковиќ и Китановиќ, тогаш нека ги осуди нивните ставови и нека ги разреши.

Ова е дел од поширока агенда, сценарио на Вучиуќ која Мицкоски ја спроведува и за која СДСМ предупредува.

Создавање тензии, поделби меѓу граѓаните, етнички провокации и поделби, операција „Талог“.

Медиумите се подготвени. Латас, човек на српските служби, води кампањи по методот на Гебелс, навреди, поделби, постојано повторување на ист навредлив термин за да се дехуманизира политичкиот противник.

Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието, го велича Ратко Младиќ.

Се е дел од иста кампања. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

Прашањето е што е следно? Што друго имаат подготвено“, вели Штерјова.

Најново

Свет10 минути

Лавров: НАТО предизвика длабоки кризи секаде каде што интервенираше

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека НАТО предизвикал длабоки кризи во земјите во кои интервенирал, оценувајќи дека...

Регион23 минути

Во Љубљана тестираат трамвај без шини, чини повеќе од два милиони евра

На улиците на Љубљана започна тестирањето на ново возило кое градските власти го нарекуваат батериски трамвај. Возилото, кое се движи...

Македонија29 минути

Беким Сали во Вилнус: Проширувањето на ЕУ треба да донесе напредок заснован на заслуги и конкретни придобивки

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, престојуваше во работна посета на Литванија, во пресрет на...

Македонија31 минута

Во Собранието одбележани 35 години од донесувањето на Уставот

Денеска, во Собранието, се одржа настан по повод – „35-годишнина од осамостојувањето и донесувањето на првиот Устав“, во организација на...

Забава47 минути

(Видео) По шпекулациите за естетски зафати, Џенифер Лоренс се појави на црвениот тепих

Холивудската актерка Џенифер Лоренс (36) се појави на њујоршката премиера на филмот „The Hunger Games: Sunrise on the Reaping“ во...

Спорт1 час

Алонсо повторно ќе вози на Дакар релито

Двократниот шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, се враќа на еден од најтешките автомобилски предизвици во светот. Искусниот Шпанец потврди...

Регион1 час

Два брода потонаа за два дена во близина на Бугарија, се истражуваат причините

Танкер за превоз на гас, кој пловел под знамето на Либерија, потона денеска во Црното Море, во бугарската ексклузивна економска...

Македонија1 час

Зајкова: Ќе објасни ли некој како во случајот со Сара од „тешка телесна повреда“ стигнавме до „телесна повреда“?!

Интегрален текст од објава на Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание „Нема да ви помине и...

Македонија1 час

Позната динамиката за автопатот Прилеп-Битола – првите 12 километри во функција во 2027 година

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски со претседателот на Советот Бојан Бојкоски денеска имаа средба со надлежните лица од проектот за...