Контакт

Македонија

Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра, велат од Транспорт

Објавено пред

Денес СДСМ со уште една срамна прес конференција се обидува да го попречи развојот на државата. Имено на денешната прес конференција на СДСМ во која опозициската партија се противи на потенцијалната изградба на дата центри слушнавме само небулози и обид за манипулација на граѓаните, реагираат од Министерството за транспорт и врски, на прес – конференцијата на Кристијан Дојчиновски од СДСМ кој обвини дека власта ќе гради дата центри.

„За изградба на Дата центар потребно е да се исполнуваат сите технички услови кои се строго пропишани во законите, да се направат сите видови студии и да се обезбеди квалитетна работа. Инвестициите во Дата центри изнесуваат милијарди евра во сите развиени држави низ Европа и Америка, развојот на технологијата и вештачката интелигенција е еден од главните двигатели на модерните држави. Во изградба на еден Дата центар во просек се ангажираат барем 300 работници, додека за оперативно работење на дата центар се вработуваат околу 100 високо квалификувани инжинери“, велат од Министерството и додаваат дека Дата центрите се предводници во искористување на зелената енергија и ја зајакнуваат транзицијата кон зелена енергија.

Со самиот развој на вештачката интелигенција, велат од Министерството, Дата центрите се неопходни и од тие причини државата треба да води паметна политика која во чекор ги следи новите трендови во технологијата.

„За разлика од СДСМ, оваа Влада е посветена на нови инвестиции од стотици милиони евра. СДСМ сакаат државата да не напредува, да не се модернизира и да нема големи проекти. Во време на СДСМ главни проекти беа криминалните проекти како што беа модуларната болница во Тетово, очајниот обид за криминал преку набавка на вакцини од компанијатa Стабри, бизнисите со марихуана, тендерите за пријатели на Венко Филипче во здравството. Да ја потсетиме јавноста и на една легендарна изјава дека Фејсбук и Гугл чекаа на граница да инвестираат во Македонија. Штом СДСМ е против изградба на дата центри значи дека сме на прав пат и дека одлуката е добра! Државата избира напредок и нови технологии, времето на криминал и корупција е одамна завршено“, се наведува во соопштението на Министерството за транспорт.

Најново

Спорт53 секунди

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија2 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет24 минути

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...

Uncategorized29 минути

Скандал на свадба: Младоженецот цела вечер ѝ се враќал на бившата, невестата не издржала

Свадбената веселба во околината на Лазаревац започнала токму како што замислувале младенците – со музика, многу гости, честитки, насмевки и...

Свет51 минута

Повеќе од 40 повредени откако воз излета од шини во северозападна Франција

Најмалку 44 лица се повредени, од кои една жена потешко, кога дел од регионален воз со околу 180 патници синоќа...

Uncategorized1 час

Пензионерите повторно креваат глас: „Не може едни да добијат покачување од 3.000, а други само од 600 денари“

Барањето за линеарно зголемување на пензиите повторно го отвораат пензионерите, кои побараа од министерот за социјална политика, демографија и млади,...

Македонија1 час

Денеска заладување и дожд, потоа повторно сонце

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд ја очекува Македонија денеска, а локално врнежите ќе бидат проследени со невреме,...

Свет12 часа

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД: Сега, пред да биде предоцна

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика да се покрене постапка за забрана на крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД)...

Свет12 часа

(Видео) Три дена се држел за превртен чамец: спасено 15-годишно момче во Беринговото Море

Петнаесетгодишно момче преживеало речиси три дена држејќи се за превртен чамец во Беринговото Море, додека неговиот брат и братучед загинале....