Контакт

Македонија

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Македонија заслужува да биде меѓу најнапредните кандидати за ЕУ

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретна со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен, која е во посета на земјава.

Најпрво, Гордана Сиљановска-Давкова изрази благодарност за растечкиот интерес и посветеност на Европската унија на регионот, потенцирајќи го индивидуалниот придонес на Урсула фон дер Лајен во забрзувањето на регионалните евроинтеграциски процеси.

Според претседателката, иако нашата држава не е формално меѓу западнобалканските држави со најголем напредок, таа, низ призма на двата најважни елементи: техничката подготвеност и геополитичката усогласеност со европската надворешна и безбедносна политика, заслужува да биде со нив, наместо на споредната патека. Причината за македонското отсуство од друштвото на најуспешните, за неа е во давањето примат на наметнатиот билатерален спор пред копенхашките критериуми.

Претседателката изрази цврсто уверување дека гарантирањето исти можности за нас како оние за Украина и Молдавија, со сигурност ќе ја зајакне нашата институционална подготвеност и ќе ја обнови нашата доверба и мотивација за европеизација, што ќе го забрза реформскиот курс.

Исто така, Сиљановска-Давкова потсети на потребата да се одржи политичка Меѓувладина конференција, согласно новата методологија и Преговарачка рамка, како и регуларен состанок на Советот за стабилизација и асоцијација, потенцирајќи ја важноста на практикувањето витален интеграциски процес, што ќе резултира со видливи резултати за македонските граѓани.

Претседателката на Европската Комисија истакна дека нашето место е во Унијата, којашто ќе продолжи сестрано да нѐ поддржува на реформскиот, евроинтеграциски пат, оценувајќи ги досегашните реформи како импресивни.

Фон дер Лајен, укажувајќи на неопходноста од деблокада на нашето напредување кон ЕУ, во духот на европските вредности, изрази уверување дека македонско-бугарскиот спор може да се надмине преку интензивни и сестрани средби и дијалог, коишто треба да почнат час поскоро.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија3 минути

„ДПМНЕ им создаде хаос на занаетчиите и сѐ уште ги држи во неизвесност – луѓе остануваат без здравствено, со блокирани сметки и неизвесна егзистенција“, велат од Левица

„Поминаа недели откако Левица реагираше за хаосот што УЈП го создаде со новиот начин на пресметка на придонесите за занаетчиите,...

Забава4 минути

Поранешните партнери се враќаат во октомври: Три хороскопски знаци мора да одлучат што сакаат

Според астролозите, октомври би можел да донесе враќање на луѓе од минатото за одредени хороскопски знаци, принудувајќи ги да се...

Македонија10 минути

„Филипче проговори за скандалот тежок 37 милиони евра дури откако се скара со Петровска, Обвинителството да го повика на информативен разговор“, бара ВМРО-ДПМНЕ

„Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден...

Спорт15 минути

Седлоски: Бев борец како играч, таков сум и сега, не се предавам

Фудбалската репрезентација на Македонија цели 787 минути е без постигнат гол. Во мандаторт на Гоце Седлоски навионалниот тим нема постигнато...

Култура20 минути

Младите ја преземаат режисерската палка: Филмски крик против булингот со Марија Џиџева

Во организација на МФФ Киненова и Општина Кисела Вода, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ успешно се реализира тридневната филмска...

Македонија22 минути

ЕУ воведува построги правила за враќање на мигрантите

Министрите за внатрешни работи на Европската унија постигнаа договор за построги правила за враќање на мигрантите. Целта на новите мерки...

Забава25 минути

(Фото) Најновата трендовска фризура за есента: одговара на секој облик на лице и е едноставно совршена

Со два милиони пребарувања за #pumpkinspicehair на TikTok, оваа прекрасно топла и пријатна нијанса ги спојува најдобрите бои на есента....

Свет31 минута

(Видео) Кај американски шпион пронајдени 298 златни прачки; призна измама тешка 200 милиони долари

Поранешниот службеник на ЦИА, уапсен откако властите пронашле стотици златни прачки во неговиот дом, призна дека извршил измама тешка 200...

Спорт33 минути

Великани се збогуваа со Меси – силни зборови од Роналдињо, Нејмар, Ди Марија, Модриќ…

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација, а денот на неговото збогување беше обележан со емотивни сцени низ...