Контакт

Македонија

Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“: поради интересот на дијаспората за враќање во земјава во иднина да се воведат нови категории на награди

Објавено пред

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставнички на „Македонија 2025“, предводени од главната извршна директорка на организацијата, Никица Мојсоска-Блажевски.

Тие ја информираа претседателката за исходот од годинашниот конкурс за доделување на Признанието за особен придонес на истакнати личности од дијаспората.

Сиљановска-Давкова го поздрави високиот квалитет на пријавените кандидати и принципиелниот избор на наградените, уважувајќи го нивниот реален придонес за државата.

Таа ја прифати поканата, и годинава, во својство на покровителка да им ги врачи признанијата на добитниците, во рамките на свеченото отворање на традиционалниот Самит на „Македонија 2025“.

Поради растечкиот интерес на дијаспората за враќање во земјава, но и за поттикнување на младите и валоризирање на нивниот придонес, соговорничките се согласија дека е добро, во иднина да се воведат две нови категории на награди: за млади и за повратници во државата.

На средбата, Мојсоска-Блажевски укажа и на институционалните проблеми со коишто се соочува дијаспората во процесот на добивање на македонско државјанство.

Во воспоставувањето на Советот за дијаспора, обете препознаваат потенцијал за активно вклучување и влијание на дијаспората во матичната земја.

Според Сиљановска-Давкова во него треба да бидат вклучени личности кои го персонифицираат македонското единство и уживаат доверба во македонската дијаспора, којашто ги препознава и вреднува.

Според соговорничките, координираниот меѓуинституциoнален пристап ќе го олесни враќањето на квалификуванитe кадри во татковината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ

Објавено пред

Претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, денеска се сретна со хрватскиот експерт Владимир Дробњак, кој беше главен преговарач за пристапните преговори на Хрватска со Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења и искуства во однос на евроинтегративните процеси, предизвиците со кои се соочуваат земјите кандидати и перспективите за понатамошното проширување на Унијата.

Во разговорот, Филипче се осврна на актуелната политичка состојба во државата, како и на закочениот европски пат на земјата.

Ја истакна потребата од забрзување на евроинтегративниот процес, нагласувајќи дека реформите, внесувањето на малцинствата во Уставот и добрососедските односи остануваат клучни предуслови за напредок на земјата на европскиот пат.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Објавено пред

Врeмето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.


ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во петок и во деновите од продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи и силен ветер (над 60 km/h

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски со амбасадорите на земјите членки на ЕУ: разменети мислења за забрзување на реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска одржа работен појадок со амбасадорот на Европската Унија во земјата, Михалис Рокас, и амбасадорите на земјите членки на Европската Унија акредитирани во Република Северна Македонија.

На средбата, Муцунски ги информираше присутните за актуелните политички и реформски процеси во државата, со посебен осврт на напредокот во исполнувањето на обврските поврзани со отворањето на преговорите со Европската Унија. Во таа насока, беше презентиран и напредокот во изработката на Акцискиот план за почитување на правата на заедниците, како и тековните активности во рамки на Реформската агенда и останатите обврски од европскиот интегративен процес.

Посебно беше нагласена и континуираната усогласеност на државата со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, како и поддршката за Украина, како јасен показател за стратешката определба за полноправно членство во Европската Унија.

На средбата беа разменети мислења за реформските приоритети и евроинтегративниот процес на државата, со акцент на потребата од негово забрзување.

Во таа насока, беше истакната важноста од засилена регионална соработка, искористување на концептот на постепена интеграција, размена на искуства и континуирана поддршка од земјите членки на Европската Унија.

Средбата е дел од редовниот дијалог со претставниците на земјите членки на Европската Унија, насочен кон отворена размена на мислења и координација околу прашањата поврзани со европската интеграција на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт5 часа

(Видео) Емери е експерт за Лига Европа – Астон Вила доминантно го освои трофејот

Фудбалерите на Астон Вила на доминатен начин ја освоија титулата во Лига Европа. Во финалниот меч, одигран на сѕадионот на...

Спорт6 часа

(Видео) Силекс го освои Купот на Македонија

Фудбалерите на Силекс четврти пат во клупската историја го освоија Купот на Македонија. Екипата од Кратово, во 33-то финале на...

Свет6 часа

Трамп: САД ја ослободуваат Куба, нема да има ескалација

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека Соединетите Американски Држави „ја ослободуваат Куба“, нагласувајќи дека Вашингтон мора „да му помогне...

Свет6 часа

Рутe: Повлекувањето на американските сили од Европа нема да има никакво влијание врз НАТО

Одлуката на Соединетите Американски Држави да повлечат околу 5.000 војници од Германија нема никакво влијание врз способноста на НАТО да...

Свет6 часа

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Мишел Обама беше критикувана поради нејзините коментари за луѓето што гласале за Доналд Трамп, тврдејќи дека го сториле тоа само...

Свет6 часа

Диjаз-Канел: Обвинението на САД против Кастро ја открива нивната ароганција и фрустрација

Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел, денес оцени дека обвинението против поранешниот претседател на Куба, Раул Кастро, кое беше поднесено во...

Свет7 часа

Зеленски: Украина ќе ја зајакне својата одбрана на север поради руските офанзивни планови

Украина ќе испрати засилување во северните региони на земјата и ќе го зголеми притисокот врз Белорусија со цел да се...

Свет7 часа

Арагчи: Подготвени сме за преговори, но и за борба

Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Арагчи, денес изјави дека, доколку е потребно, Иран ќе биде подготвен и за...

Свет7 часа

(Видео) Израелскиот министер ги понижува италијанските активисти на флотилата во Газа; Реагираше Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони побара извинување од Израел за третманот на италијанските активисти уапсени за време на пресретнувањето на флотилата...