Македонија
Сиљановска-Давкова во Словачка: маратонската евроинтеграција и словачката поддршка во процесот, економската соработка, трговската размена и инвестициите во фокусот
На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Братислава беше пречекана од претседателот на Република Словачка, Петер Пелегрини.
Претседателите одржаа тет-а-тет средба, по што следеше пленарен состанок на македонската и на словачката делегација.
Во фокусот на разговорите беше оценката и унапредувањето на билатералните односи, со акцент на политичката соработка, нашата маратонска евроинтеграција и словачката поддршката во процесот. Предмет на дијалогот беа и: економската соработка, трговската размена и инвестициите, како и можностите за засилено партнерство во енергетиката, инфраструктурата, туризмот и иновациите.
Соговорниците разменија мислења и за актуелните безбедносни и геополитички состојби во Европа, соработката во рамките на НАТО, како и потребата од стабилност и јасна европска перспектива на регионот.
Во рамките на официјалната посета, предвидено е претседателката да оствари средба со претседателот на Националниот совет на Република Словачка, Рихард Раши, како и со потпретседателот на Владата на Република Словачка и министер за одбрана, Роберт Калињак.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Продолжува бесплатното одлагање кабаст отпад во Центарот за селекција во Карпош
ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира жителите на градот Скопје дека Претпријатието продолжува да им ја нуди можноста својот кабаст отпад, во којшто спаѓаат стариот мебел, електронските и електричните апарати, без плаќање паричен надоместок да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, секој ден во неделата, во терминот од 07 до 19 часот.
„Доколку граѓаните имаат потреба ЈП Комунална хигиена-Скопје со специјални комунални возила да го преземе и транспортира кабастиот отпад од нивните домови, оваа услуга можат да ја закажат од понеделник до петок, во периодот од 07 до 15 часот, на следните телефонски броеви: 0800 222 33 и 3216644.
Уште еднаш би сакале да потсетиме дека секое одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини претставува прекршување на Законот за јавна чистота и подлежи на санкции, а ваквото несовесно однесување може да резултира со исклучително штетни последици за животната околина и јавното здравје“, велат од Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
(Видео) Кузеска: Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО
Наместо сервис за граѓаните ВМРО и Мицкоски институциите ги претворија во приватна партиска фирма за вдомување на роднини, блиски и партиски кадри, вели Богданка Кузеска, портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
„Скандалот со унапредувањето на братот на Трајко Славески, од чувар во член на Управен одбор на Акционерското друштво за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација – М-НАВ, е шокантен пример за тоа.
Уште поскандалозно е што ова унапредување се случило уште во март 2025 година, а јавноста за него дозна дури пред неколку дена, кога членовите на Управниот одбор кои го спровеле незаконското унапредување добија кривична пријава“.
Според Кузеска, управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата „помошник за обука и координација во Одделение за воздухопловни информации – AIS во Сектор за воздухопловна навигација“.
„Со тоа платата двојно му се зголемила, од 50.000 на околу 100.000 денари. Значи, за само 14 месеци незаконски му биле исплатени повеќе од 7.000 евра на штета на М-НАВ.
Само во ВМРО човек кој работел како чувар во М-НАВ станува член на Управниот одбор на институција задолжена за безбедноста на македонското небо.
Нема ситем, нема критериуми е избран, квалификации, искуство. Ништо.
Единствениот критериум е тоа што е брат на Трајко Славевски и близок до ВМРО.
Така М-НАВ наместо за безбедност на македонското небо е претворено во партиски комитет на ВМРО“.
Криминалната организација ВМРО, вели таа, е симбол на непотизам, партизирани вработувања и злоупотреби на институциите.
„Видовме бројни примери изминативе години на домување на браќа, сестри, роднини, партиски активисти.
Затоа младите се иселуваат од државата затоа што гледаат дека тука знаењето не се цени, системот функционира само за партиски подобните.
Затоа ВМРО не сака во Европската Унија – затоа што тоа значи владеење на правото, професионални институции и мерит-систем“.
Македонија
(Видео) „За две години реализирани и започнати 60 спортски проекти“, вели Димитровска
„Спортот и инвестирањето во здравјето и развојот на младите, повторно е дел од врвните национални приоритетии и тоа го прави токму Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, вели Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи Владата, започна силното вложување во капитални инвестиции и спортска инфраструктура. Се реализираа отпочнатите и незавршени проекти, се отпочнаа многу нови и се прават планови за следни капитални инфраструктурни објекти и проекти.
Оваа Влада не зборува само за спорт, оваа Влада посветено гради спорт и тоа може да се види со тоа што само за две години, реализираше и започна 60 спортски проекти со вкупна вредност од над 21 милион евра.
Во изминатиот двегодишен период се реконструираа и започнаа повеќе капитални инфраструктурни проекти, меѓу кои спортската сала „Расадник“, атлетските патеки во Велес и во Гевгелија, спортската сала во Радовиш.
Започна долгоочекуваната реконструкцијата на спортската сала на УКИМ, изградбата на нови спортски сали во Општина Аеродром, во Крушево и во Воената академија во Скопје, како и изградбата на новите трибини на градскиот стадион во Тетово.
Исто така, изградени и реконструирани се бројни игралишта, мултифункционални терени и спортски објекти, а во различни фази на реализација се и девет базени низ државата.
Инвестираме во спортот и младите, затоа што крајна цел е да изградиме систем што ќе создава шампиони и инфраструктура што ќе служи со децении“, изјави Катерина Димитровска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
