Македонија
СЈО: Обвинителствата од кај што доаѓаат исклучените обвинители имаат недостаток на кадри
По информацијата што ја соопшти претседателот на Советот на јавните обвинители дека Обвинителката, Катица Јанева исклучила двајца обвинители од нејзиниот тим од Специјалното јавно обвинителство, за Макфакс велат дека било утврдено дека за обемот на работа биле доволни десет обвинители и дека јавните обвинителства од кај што доаѓаат се соочуваат со недостаток на кадри.
„Утврдено е дека за совладување на обемот на работа со кој се соочува ова Јавно обвинителство во овој момент доволни се десет обвинители. Имајќи го предвид фактот дека јавните обвинителства од каде доаѓаат јавните обвинители се соочуваат со недостаток на кадар, што и јавно беше соопштено од страна на Советот на јавни обвинители, предложено е на Советот на јавни обвинители, да ги распредели овие обвинители во обвинителствата од кои беа избрани во ова Јавно обвинителство“, велат од Специјалното обвинителство.Како што соопшти Аневски, Јанева на своја иницијатива ги отстранила обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева и им рекла да ги вратат материјалите. За ова обвинителките на 20 јануари се пожалиле до Советот на јавни обвинители. Кадриу доаѓа од тетовското обвинителство, а Ѓорѓева од скопското обвинителство.Во понеделникот до нив стигнал допис од Јанева дека двете обвинителки самите барале да заминат поради намалениот обем на работа. Аневски потсети дека спорен беше токму бројот на обвинители во тимот на Јанева, таа бараше поголем број на обвинители, односно 14, а Советот најпрвин и одобри само седум, а потоа дополнително уште пет. На денешната седница не беше присутна Јанева, бидејќи не била поканета, но Аневски најави дека ќе и биде испратена покана за следната седница за да ја образложи својата работа.„До денес ние немавме добиено никакви барања од Советот, ниту известувања за нивната седница“, соопштуваат од Обвинителството. На следната седница се очекува да се расправа за неизготвувањето на записник од страна на Специјалното јавно обвинителство при преземањето на прислушуваните материјали од лидерот на СДСМ, Зоран Заев./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Костадиновска-Стојчевска: Како што ветив, платите се за 12% повисоки за културните работници
Вработените во култура ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска изјави дека со тоа, таа го исполни своето ветување.
„Како што ветив, платите на културните работници од денеска се покачени за 12 проценти.
Овааа Влада предводена од СДСМ се грижи подеднакво за сите. Од 2019 година до денес, покачувањето на платите во Секторот култура се искачи на 52 отсто, со потпишувањето на Колективниот договор“, изјави министерката за култура.
Костадиновска-Стојчевска додаде дека веќе две години се бори за повисоки плати за вработените во културата и успехот не може никој да го порекне. Платите пораснаа и повторно ќе растат.
„Не постои ниту еден чинител кој е против повисоки плати, особено кога Законот за кој оваа Влада се избори е на страната на културните работници“, вели министерката.
Таа, како предизборна игранка и манипулација ги оцени реакциите и протестите на СКРМ.
Вчерашниот состанок во Министерство за финансии, вели министерката за култура, „не беше свикан со намерата која Синдикатот за култура им ја презентираше на своите членови, нути пак за некаква игра, денес тоа се докажа“.
Пред две недели од Министерството за култура кажаа дека нема промени во општиот колективен договор, ниту во колективниот договор на Синдикатот за култура. Единствена промена била внесувањето на минималната плата во диспозитивот на договорот.
Македонија
Спасовски: Минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари
Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборна единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, оствари средба со пензионерите од Куманово.
„Во спектарот на еднаквите можности за сите е и грижата за нашите највозрасни граѓани – пензионерите. Токму затоа, не се откажуваме! Продолжуваме со подобрување на животниот стандард на пензионерите. Во следниот мандат предвидуваме минимална пензија од 20.000 денари и просечна пензија од 30.000 денари. СДСМ и коалицијата “За европска иднина” продолжуваат да вложуваат на вистинскиот пат, патот кон Европа каде нашата земја ќе продолжи да се развива со нови работни места, повисоки плати, повисоки пензии и подобар животен стандард за сите”, истакна Спасовски.
Македонија
Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада
Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор бидејќи се прекршил Законот за техничката влада, соопшти заменик-министерката за финансии, Елена Петрова.
Како што вели, иако одлуките морало да бидат одобрени со нејзин потпис, како што предвидува Законот за техничката влада, министерот Бесими ги потпишал сам.
„Незаконити се одлуките на министерот за финансии и државниот секретар во Министерството за финансии по спроведените постапки за вработување и унапредување во Министерството за финансии, како и одлуките на министерот за финансии за давање согласности за вработување во јавниот сектор, сите донесени по формирањето на преодната Влада за организирање на изборите. Ова е потврдено со судски одлуки. Вишиот управен суд донесе две пресуди во моја корист, со кои ги поништи како незаконити одлуките на ДИК, кои беа донесени врз основа на барање на Министерството за финансии“, рече Петрова и додаде:
„Со поништувањето на одлуките на ДИК сите наведени акти поврзани со вработување во Министерството, кои не се потпишани со врзан потпис на министерот за финансии и на дополнителниот заменик-министер, не произведуваат правно дејство. Тоа се однесува и на издадените согласности за вработувања по сите основи во целиот јавен сектор, како и почнатите постапки врз основа на тие согласности“.