Контакт

Македонија

Скандалозен оглас на Министерството за култура, се бара советник за култура исклучиво со економски факултет, обвини Левица

Објавено пред

Министерството за култура и туризам, среде летната сезона, објавува оглас за вработување на двајца посебни советници во Кабинетот на министерот – еден советник за правни работи и еден советник за култура. Рокот за пријавување е само три дена. Министерството, кое и без тоа располага со 17 државни советници, највисокиот ранг во администрацијата, сега има потреба и од дополнителни кабинетски советници со основна нето-плата од 60.000 денари. За советник за правни работи се бара само една година работно искуство, додека за „советник за култура“ не се бара образование од областа на културата, уметноста или културниот менаџмент, туку диплома по економија, поточно од областа на меѓународните економски односи, соопштија од Левица.

Од таму велат дека граѓаните имаат само три дена да се пријават, додека Министерството има и до четири месеци да го „избере“ кандидатот.

„Сосема оправдано се поставува прашањето зошто рокот за пријавување е само три дена и зошто ваквите огласи упорно се објавуваат во период на летни и колективни одмори, кога голем дел од потенцијалните кандидати се надвор од работните места и институциите. Особено е симптоматично што за „советник за култура“ не се бара никаква стручна квалификација од областа на културата. Останува впечатокот дека огласот не е објавен за да се пронајде најквалификуваниот кандидат, туку за да се задоволи формата на една веќе однапред утврдена кадровска одлука. Што точно ќе советува економист за меѓународни економски односи во Кабинетот на министерот за култура – за културните политики, музеите, театрите, музиката, современата уметност, издаваштвото? Или можеби називот „советник за култура“ е само формалност, додека стручниот профил на кандидатот е однапред замислен?“, прашуваат од Левица.

Партијата прашува што точно ќе советуваат новите советници, зошто постојните советници не се доволни и што, всушност, работат тие?

„Наместо рационално користење на постојниот кадар и јакнење на стручноста во институциите, власта продолжува со создавање нови кабинетски позиции кои оставаат сериозен сомнеж дека служат за партиско вдомување и наградување на „заслужни“ кадри. Ова е уште еден пример за начинот на кој власта ги третира државните институции како партиски кадровски центри. Министерството за култура треба да биде институција во која ќе работат стручни лица од областа на културата, а не простор за кабинетски привилегии и партиски вработувања зад формално објавени огласи“, се наведува во соопштението.

Левица апелира на рационално користење на веќе постојниот државно-советнички кадар, како и на транспарентни и фер процедури при огласите за вработување и ангажирање на кадри. Велат дека роковите мора да им овозможат на сите заинтересирани и квалификувани кандидати реално да учествуваат во постапката, а не огласите да се објавуваат среде летни одмори со рок од само три дена.

Најново

Забава8 минути

Ќе ја сретнат својата сродна душа до крајот на 2026 година: Само еден знак ќе го оствари овој сон

До крајот на годината, ѕвездите ќе бидат особено поволни за еден хороскопски знак, кој би можел да запознае нова љубов...

Забава27 минути

(Фото) Алкараз во врска со секси русокоса? Нејзините фотографии во бикини го засенија Отвореното првенство на САД

Сите пишуваат за потенцијалната девојка на Карлос Алкараз, и иако нема официјална потврда за тоа, нејзината популарност расте од ден...

Забава48 минути

Чини малку, но прави чуда: Моќно решение поради кое сите растенија цветаат „како луди“

Раствор за наводнување на цвеќиња од околу 50 денари ги обновува зелените лисја и бујните цвеќиња. Состојките се во секој...

Забава1 час

(Фото/Видео) Најбараната убавица блесна во винтиџ фустан: По голите изданија – ова е сензација

Кендал Џенер за прв пат прошета по црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, а нејзиното деби дефинитивно ќе се...

Забава1 час

(Фото) Магијата наречена Амал Клуни: Сите гледаат во нејзиниот блескав фустан

Во наредните денови ќе уживаме во модните изданија на Амал Клуни, ненадминатата кралица на елеганцијата. Познатиот актер Џорџ Клуни и...

Европа2 часа

Путин одеднаш нареди запирање на нападите врз Киев: ова е причината за прекинот на огнот

Рускиот претседател Владимир Путин нареди да престанат нападите врз Киев три дена, почнувајќи од полноќ, со цел да се подготват...

Македонија2 часа

Времето утре – сончево и топло: ќе дува засилен ветер од северен правец

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец,...

Забава2 часа

(Фото) Шеесетите се повторно „ин“: Памела Андерсон ги носи најдобро

Памела Андерсон изгледаше стилски како и секогаш, и покрај тоа што помина повеќе од осум часа во авион од Њујорк...

Спорт2 часа

Сензација во Монца, Гасли ја освои пол позицијата

Возачот на Алпина, Пјер Гасли, ја шокира конкуренцијата во Монца, успеа да ја освои пол позицијата. Францускиот возач го постави...