Контакт

Македонија

Скејт-заедницата со акција за обнова на скејт-паркот во Карпош

Објавено пред

Скејт-заедницата во Скопје започна донаторска акција за реновирање на дотраените елементи во скејт-паркот во Карпош. Акцијата, како што нагласуваат е повик до сите граѓани, поранешни и сегашни корисници на паркот, родители, компании и организации да помогнат скејт-паркот во Карпош повторно да стане безбедно, функционално и достапно место за спорт и заедница.

Со собраните средства ќе се заменуваат дотраените композитни и дрвени елементи со поиздржливи бетонски решенија, ќе се санираат површините за возење, ќе се обноват рампите и ќе се постават нови метални рабови и шини. Секој дониран денар ќе биде наменет за материјали и изведба на работите.

Како што информираат, Општина Карпош веќе ја издаде потребната дозвола за обновување, а следниот чекор е собирање средства за бетон, метал, останати материјали и стручна работна сила.

„Скејт-паркот во Карпош секојдневно го користат деца и млади од Скопје и пошироко. Тој е отворен и бесплатен простор, без членарини, регистрација, селекција или финансиски бариери. За голем дел од младите, токму овој парк е единственото место каде можат слободно да спортуваат, да се дружат и да развиваат вештини во скејтбординг, ролери, BMX и други урбани спортови.

Но, по години интензивна употреба, дел од елементите во паркот се во лоша и небезбедна состојба. Дрвените површини се скапани, металните рабови и шини се разлабавени, а одредени конструкции се нестабилни и кородирани. Ризикот од повреди не доаѓа само од природата на спортот и изведувањето трикови, туку и од дупките, оштетувањата и неисправните површини за возење.

Ова не е само прашање на подобри услови за скејтање, туку и прашање на безбедност и грижа за јавен простор што им припаѓа на младите. Ние сме луѓето што секојдневно го користиме паркот и сакаме да го вратиме во состојба во која ќе може безбедно да го користат сегашните и идните генерации – порачуваат од скејт-заедницата.

Сметка за донации: 210-0602535801-87

Со ознака до: ЕКСТРИМ СПОРТС Скопје

Онлајн донации може да се направат и преку страната Whydonate.com на следниот линк: https://whydonate.com/fundraising/lets-renovate-the-karpos-skatepark-skopje-north-macedonia



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет10 минути

Со автомобил се забиле во златарница во Германија и украле вредни предмети, двајца уапсени

Драматичен грабеж се случил рано утринава во германскиот град Бајројт, каде тројца крадци со автомобил се забиле во златарница, од...

Свет16 минути

(Фото+видео) Руски дронови и ракети погодија повеќе украински региони, има загинати и десетици повредени

Четири лица загинаа, а 69 се повредени во руските напади низ Украина во изминатите 24 часа. Украинските власти на 15...

Македонија30 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС, бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ”економските експерти” од СДС...

Црна хроника36 минути

Две скопјанки завршиле на Ургентен со изгореници здобиени за време на семејна прослава

Две жени од Скопје, на возраст од 35 и 24 години, се здобиле со тешки телесни повреди од изгореници за...

Свет1 час

(Видео) Невиден бран мигранти кон Шпанија: крајбрежната стража спасила 1.488 луѓе од 14 чамци

Речиси 1.500 мигранти пристигнале во саботата на шпанските Канарски Острови, што е најголем број во еден ден од 2020 година,...

Регион1 час

Вучиќ за милијардите запленети во Унгарија: „Немојте да лажете, тоа се четири-пет милиони евра или така нешто“

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ се обиде да ја намали тежината на случајот со милијардите запленети во Унгарија, посочувајќи дека...

Македонија2 часа

СДСМ: Еден ден трета економија, друг ден банкрот – ММФ ги разби бајките на Мицкоски

Еден ден Мицкоски раскажува бајки и зборува за трета економија во Европа, а друг ден за банкрот ако има избори,...

Свет2 часа

(Видео) Голем пресврт во истрагата за милијардите во Унгарија: некој од осомничените можеби ги открил тајните скривалишта

Унгарските истражители можеби дошле до милијардите пронајдени на повеќе локации благодарение на договор со еден од осомничените или сведочење на...

Свет2 часа

Франција воведе забрана за продажба на пиротехника по насилните инциденти во училиштата

Франција привремено ја забрани продажбата на одредени пиротехнички средства по серијата инциденти во кои беа повредени наставници, директори и припадници...