Македонија
Скопје и Охрид ќе се поврзат со автопат
Идната година ќе започне изградбата на нов автопат од Гостивар до Кичево, со што делницата од Скопје до Охрид станува целосно автопат, најави министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски, на трибината во Струга, во неделата вечерта.
Во моментов се работи на автопатот од Кичево до Охрид, а со најава на новата делница Кичево-Госитвар и веќе постоечкиот автопат од Скопје до Гостивар, Охрид и главниот град, за прв пат би биле поврзани со автопат. Секако, министерот нагласи дека интензивно се работи на делницата Демир Капија-Смоквица, која треба да биде завршена идната година, делница долга 28 километри која започна да се гради во 2012-та и на неа ќе има два тунела, шест моста, пет надпатници и седум подпатници.Воедно посочено беше дека планирана е реконструкција на повеќе патни правци: Крива Паланка-Македонска Каменица, Скопје-Велес, Прилеп-Градско, Битола-Ресен-Буково-Штип. Воедно ќе се гради и нова автопатска делница од Струга до Требениште од по две ленти и една застанувачка во должина од 8,5 километри.Мисајловски нагласи дека повеќе од една милијарда евра се инвестирани во патната инфрастуктура на територија на целата земја./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
Мнистерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделението за внатрешни работи Кичево и Полициските одделенија Зајас и Осломеј кои се во негов состав.
Во рамки на посетите министерот Тошковски одржа состаноци со раководствата на организациските единици и беше запознаен со структурата, тековните активности, движењето на криминалитетот и состојбата со човечки ресурси и техничка опременост.
„Генерално на територијата на ОВР Кичево каде живеат повеќе од 50 илјади жители има стабилна безбедносна состојба и има над 50% реализација на кривични дела и покрај фактот што има ниска пополнетост со полициски службеници и стари возила. Што се однесува до Полициските одделенија Зајас и Осломеј се забележува намалување во делот на евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, а во делот на човечки ресурси и материјално-технички средства состојбата е како и во најголемиот дел од организациските единици“, истакна министерот Тошковски.
Македонија
(Видео) Митрески: Продолжуваме со континуиран раст на платите, просечна плата 1.100 евра, минимална плата од 600 евра
„На овие избори одлучуваме дали Македонија ќе продолжи по реформскиот пат, патот кон Европската унија кој носи позитивни системски промени или ќе се вратиме назад, кон изолација и заробена држава. Полноправното членство во Европската унија е нашата единствена опција“, порача денеска Јован Митрески, носител во петтата Изборна единица, на Коалицијата за европска Македонија, на почетокот на кампањата за парламентарните избори.
Тој нагласи дека Коалицијата предводена од СДСМ е одлучна да направи темелни реформи, а тоа е можно само ако ги почнеме преговорите со Европската унија.
„За СДСМ секогаш приоритет се граѓаните. Затоа, и во наредниот период продолжуваме со континуиран раст на платите. Просечната плата ќе достигне 1.100 евра, со влезот во Европската унија ќе достигне 1.300 евра. Минимална плата од 600 евра, со влезот во ЕУ 800 евра. Обезбедуваме поддршка од 180 милиони евра директна финансиска поддршка на бизнисите, 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции“, нагласи Митрески и додаде дека фокусот ќе биде во изградба на одржлива, иновативна и конкурентна економија.
Тој, заедно со кандидатите во петтата Изборна единица ги повика граѓаните одлучно да се спротивстават на сите што сакаат да нѐ вратат во минатото и да дадат поддршка за Планот за европска Македонија!
Македонија
(Видео) Ковачевски: Имаме план за економијата, инвестиции од 3,5 милијарди евра и нови 180 милиони евра за компаниите
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот настан под мото „Нема откажување од иднината“ се осврна на економијата и бизнис секторот при што кажа дека: „Во изминатите седум години се случија многу работи. Имаше подеми, падови, големи проблеми, предизвици. Се соочивме со КОВИД пандемијата, а потоа и со економската и енергетската криза предизвикани од војната во Украина“.
„Дадовме се од себе за да им помогнеме на граѓаните и на компаниите да ја пребродат кризата без посериозни последици. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди долари за да го заштитиме стандардот на граѓаните. Благодарение на тоа беа спасени 80.000 работни места во околу 20.000 компании. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок со сметките за струја“, истакна Ковачевски во своето обраќање.
Ковачевски подвлече и дека: „Обезбедивме рекордна поддршка за домашните компании од 100 милиони евра за 919 македонски, домашни компании. Поддршка која во минатото воопшто не постоеше“.
Тој нагласи дека: „Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, а јавните капитални инвестиции ќе се на ниво од 3,5 милијарди евра“ и додаде: „Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата. Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра, а ќе се изградат 194 километри нови автопати и реконструкција на вкупно 950 километри патишта во сите делови и општини на државата.“
„Енергетската трансформација започна во мојот мандат, и во тие кратки две години обезбедивме над 600 мегавати инсталиран капацитет енергија од обновливи извори, наспроти 16те мегавати до 2016тата“, додаде Ковачевски.
„Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните, а го зголемуваме и домашното производство на енергија за 70%, за да можеме целосно да ги покриеме домашните потреби. 100 процентно ќе го зголемиме инсталираниот капацитет на енергија од обновливи извори“, рече претседателот на СДСМ, Ковачевски на денот на почетокот на кампањата за претстојните парламентарни избори.