Контакт

Македонија

„Skopje red light district“ 2020 по вторпат

Објавено пред

В четврток, со почеток во 18 часот, ќе се одржи уметничкиот перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала, во рамки на настанот „Skopje red light district“.

Целта е да се доближи шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички.

Овој тричасовен перформанс преку директен пренос ќе може да го следите на фејсбук-страницата на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција „Маргини“.

„Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права. Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти туку и од органите на безбедноста што би требало да нè заштитат. Голем дел од предизвиците за човековите права, слабостите и бариерите со кои се соочуваме ние сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики. На оваа неправда ве потсетуваме секој 17 декември, но овој пат похрабри, борбени, гласни, шармантни, силни, со совети како да си го зачувате здравјето“, велат од ХОПС.

Второто издание на SKOPJE RED LIGHT DISTRICT 2020 во организација на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот, ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција „Маргини“ , е поддржано од Фондација Отворено општество – Македонија и The Sex Workers’ Rights Advocacy Network (SWAN) и се организира во рамки на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Настанот ќе се организира во согласност со сите важечки протоколи и мерки за организирање настани од овој тип, со строго почитување на мерките за заштита од ширење на Ковид-19 вирусот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Угина жирафата Тобого од скопската Зоолошка

Објавено пред

Направената обдукција на жирафата Тобого, која нанедејно пцовиса во скопската Зоолошка градина, не утврдила физички повреди, а во наредните денови се очекуваат целосните резултати, информираат од управата на Зоолошката.

Со голема тага и болка ве известуваме дека вчера ненадејно не напушти нашиот Тобого💔
Денеска беше направена обдукција…

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Четврток, 14 јануари 2021

„Жирафата Тобого заедно со Каспер и Флопи беше меѓу омилените жители на скопската Зоолошка. Тој им беше миленик на вработените и на посетителите. Роден е во Франкфурт на 9 декември 2010 година, а жител на Скопје ЗОО беше од 5 ноември 2013“, се наведува во кусото соопштение.

„Трчај во небесната савана, Тобого, многу ќе ни недостигаш на сите, но ќе останеш засекогаш запаметен“, порачаа вработените во скопската Зоолошка преку официјалната фејсбук-страница.

Прикажи повеќе...

Македонија

Поради снежните врнежи, забрана за товарни возила на три патни правци

Објавено пред

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег вее на целата територија на Македонија, информираат од Авто-мото сојузот (АМСМ).

Од таму додаваат дека поради снежни врнежи, воведена е забрана за движење на камиони на патниот правец крак Маврово – Дебар во 17:50 ч. и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража во 18:50 ч, како и на регионалниот пат Велес – Прилеп и обратно, односно превој Плетвар од 20:35 ч. ДЦС МВР известува дека на секои 20 минути ќе се пропушта по едно товарно возило.

Според информација од ЈП „Македонијапат“, сообраќајот на патниот правец А3 Кочани – Македонска Каменица, на делницата од Истибања до браната „Калиманци“, кај местото Ајдучки Камен, е целосно во прекин поради одрон.

За лесните патнички возила сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Бигла – Делчево.

Тешките товарни возила и автобуси се пренасочуваат преку регионалниот патен правец Кочани – Виница – Берово – Делчево.

Од АМСМ ги потсетуваат возачите дека во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март годинава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Арсовски: Oд МВР се виновни што секој бандит со пиштол пука кај ќе стигне

Објавено пред

На МВР поважно им е дали на граѓаните маската им е под носот или е закачена само на едното уво за веднаш да ги казнат, а воопшто не им е важно кој поседува и со себе носи пиштол, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, во врска со денешниот инцидент во центарот на Скопје, пред поранешната Градска болница, а претходно и во селото Батинци.

„Откако дојде СДСМ на власт, изминативе години гледаме само филмски пукотници во центарот на Скопје и граѓаните не се чувствуваат воопшто безбедно. Секој што си зема за право да носи пиштол со себе, се повикува на блискоста со власта и станува опасен за околината, што денеска се виде и во самиот центар на Скопје“, истакна партискиот портпарол.

Според него, голем е сомнежот дека власта крие нешто бидејќи нејасни биле информациите за денешниот настан.

„Најпрвин очевидци за медиуми брифирале дека лице со пиштол се заканувало и пукало пред болницата за потоа експресно МВР и директорот од СДСМ на болницата да демантираат дека немало никакво пукање пред Градската болница, а за што сепак сведочат и автомобилот и пиштолот, кои се најдени на паркингот“, нагласи Арсовски.

Партискиот портпарол порача – дали и зошто полицијата ги крие овие информации од граѓаните, останува нејасно, но дека тоа можеби укажува оти се работи за лица блиски до структурите на власта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Заев најави 50 отсто поевтина регистрација за возилата со странски таблички

Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 проценти намалени давачки од утврдената вредност на сите...

Европа10 часа

Во Австрија задолжителен негативен тест за влез во театар и за хотелско сместување

Австрискиот парламент денеска одобри владата да воведе задолжителен негативен тест за одење во театар и за хотелско смесутвање и покрај...

Македонија12 часа

15 починати и 396 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.192 тестирања, а регистрирани се 396 нови случаи на...

Македонија13 часа

Во текот на ноќта се очекуваат снежни врнежи речиси во целата земја

Локалните врнежи од снег во вечерните и ноќните часови ќе се прошират насекаде, а позастапени и пообилни ќе бидат во...

Домашен15 часа

Игор Ангеловски ќе ја предводи фудбалската репрезентација на Европското првенство

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, ќе ја предводи нашата селекција на Европското првенство, кое ќе се одигра во...

Македонија15 часа

Лекари од Македонија дел од мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со шестчлениот медицински тим од јавното и военото здравство којшто ќе биде упатен во...

Свет16 часа

Трамп: САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот

САД се сведок на невиден напад врз слободата на говорот, рече американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп, во видео-обраќањето. „Сакам...

Свет17 часа

Германска студија: Ризикот од ширење на коронавирусот во концертни сали е незначителен

Ново истражување во Германија за движење на честички во воздухот во затворен простор покажа дека постои незначителен ризик од инфекција...

Европа17 часа

Шефот на институтот „Роберт Кох“: Пандемијата ќе ја ставиме под контрола до крајот на годината

Германија ќе воспостави контрола над пандемијата на коронавирус до крајот на годината, но нов, позаразен вид на ковид може да...

Македонија18 часа

Од 21 јануари угостителските објекти ќе работат до 21 часот

Од следниот четврток, 21 јануари, угостителските објекти повторно ќе работат до 21 часот, а Комисијата за заразни болести размислува да...

Свет19 часа

СЗО: 13 експерти пристигнаа во Вухан, двајца задржани поради сомнение дека имаат вирус

Светската здравствена организација соопшти дека двајца експерти од нејзината мисија за утврдување на потеклото на новиот коронавирус во Кина сè...

Топ19 часа

Дете загина откако во него удрил автомобил во Тетово

Дете загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера доцна попладнето на ул. Видое Смилевски-Бато во Тетово. До несреќата дошло...

Свет20 часа

(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири...

Свет21 час

СЗО свика итен состанок

Комитетот за вонредни ситуации на Светската здравствена организација се состанува денескa, две недели пред редовниот состанок, за да разговара за...

Свет21 час

Тим за вакцинација донел коронавирус во старски дом во Германија

Најмалку 51 од вкупно 58 лица се заразиле со коронавирус во дом за стари лица во Лихтфелс, Германија. Според управителот...

Свет22 часа

Директорот на „Модерна“: Светот ќе мора да живее со Ковид-19 засекогаш

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел, изјави дека коронавирусот ќе биде присутен засекогаш. Многу водечки здравствени експерти сметаат дека...

Свет22 часа

На секој час по 50 луѓе завршуваат во болница поради невремето во Шпанија

На секој час 50 лица завршуваат во болница во Мадрид поради скршеница или нагмечување, регистрирала градската здравствена служба. Мадрид е...

Свет22 часа

Експертите на СЗО влегоа во Вухан

Тим експерти од Светската здравствена организација денеска влегоа во Вухан, од каде започна да се шири коронавирусот. Целта на нивната...

Свет1 ден

Трамп се огласи: Не стојам зад нападот врз Конгресот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, во своето последно обраќање до нацијата преку „Фокс њуз“ рече дека тој не стои зад нападот...

Регион1 ден

Во Петриња почна вакцинација против коронавирусот

Епидемиолозите во Хрватска почнаа со вакцинација на граѓаните во областа Петриња со вакцината на „Модерна“. Со оглед на тоа што...

Досие