Скопје
„Арсовска нема ништо во главата, освен тендери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Арсовска да предвидеше рабат на договорот за нафта на ЈСП сега ќе имаше пари за годишната рата за автобусите. Арсовска брзаше да го потпише договорот со Пуцко Петрол за набавка на нафта без попуст, и го оштети градот и ЈСП“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на Град Скопје.
„Арсовска нема ништо во главата освен тендери. Откако ги ограби ЈСП Комунална хигиена и другите претпријатија, сега ги пушта низ вода, а Скопје го остава целосно нефункционално.
За состојбата во која се наоѓа Скопје Арсовска треба да бара одговори кај себе и СДС со кои делеше тендери. А наскоро од денес ќе треба да понесе и одговорност“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).
Скопје
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од КРЊЕВО, Улиците од позади ВИП хотелот до кружниот тек, Ул. 164 (општина Центар).
Скопје
Герасимовски: Реновирана свечената сала и нов мебел во кабинетот за првачиња во ООУ „Димитар Миладинов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изврши увид во ООУ „Димитар Миладинов“ каде што во текот на летниот период беше обновена свечената сала.
Во салата со површина од 400 метри квадратни, санирани и варосани се таванот и внатрешните ѕидови. Целосно реконструирана е влезната просторија меѓу двете сали, каде е поставен нов ламинат. Свечената сала веќе е ставена во функција, а градоначалникот Герасимовски очекува дека реновираниот простор ќе си ја оправда својата намена.
„Добивме уредена сала за одржување приредби, настани, културно-општествени манифестации. Денеска и присуствуваме на настанот со кој се одбележа и Светскиот ден на првата помош, во организација на Црвениот крст на О.О.Центар. Осмоодделенците имаа можност, во чист и пријатен амбиент, да се стекнат со знаења за основите на прва помош. Имавме одличен настан, а ова е само почеток“, истакна Герасимовски.
Свечената сала е реновирана со средства од донации што ги обезбеди самото училиште.
Покрај оваа инвестиција, училиштето го опреми кабинетот за првачињата со нов мебел, во вредност од 200.000,00 денари.
Подобрување на условите во образовниот процес и квалитетната едукација се темел на нашата иднина, потенцираше Герасимовски, за време на посетата на основното училиште ООУ „Димитар Миладинов“.