Скопје
Асфалтирање краци на улицата 1 во Ново Село – Ѓорче Петров
По неколку децении се решава еден од најгорливите проблеми за жителите во Ново Село, односно асфалтирање на краците на улица 1. Се работи на четири краци на улицата со вкупна должина од 200 метри и вкупна површина од 600 м². На три краци се поставени бекатон плочки, а на еден крак е поставен асфалт.
-Со ова се решава децениски проблем на жителите од Ново Село и се овозможува достоинствени услови за пристап до нивните домови – рече градоначалникот Александар Стојкоски кој беше на увид во работата.
Продолжуваме со реализација, додаде тој, и ќе ги асфалтираме сите улици во нашата општина.
-Ѓорче Петров без кал ќе биде реалност со која сите ќе се гордеат – подвлече Стојкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Комунална хигиена-Скопје отстрани диви депонии на Пластичарската улица и во населбата Топаана
Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Воедно, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.
Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини, информираше ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Скопје
Без струја дел од село Кондово
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.
Прекинот ќе биде во период од 08:00 – 12:30 часот.
Скопје
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги информира граѓаните дека денеска поради промена на линиски затварач (Шибер) од ф 150мм на булеварот Јане Сандански бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот Јане Сандански од бр.50 до бр.118 во општината Аеродром.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување.
Поради водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Петар Поп Арсов бр.53, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Петар поп Арсов, улицата Теодосие Гологанов, улицата Костурски Херои, улицата Борка Талевски, улицата Христо Смилевски, улицата 9 Мај и дел од улицата Васил Стефановски во општина Центар, од 08:00 часот до завршување.