Скопје
Без вода дел од Кисела Вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе остане дел од Кисела Вода.
• Поради изведување на приклучок од Ф-300мм на улицата Жил Верн 4 во населба Кисела Вода, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Жил Верн, Тодор Паница, Јордан Филиповски, Балканска и комплексот наречен Пегла на Борис Трајковски.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до санирање на дефектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од корисниците од село Кучково денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од село Кучково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80мм на улицата Ѓорѓи Абаџиев 17, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
(Фото) Комплетно реконструирана улица „11“ во Кадино, општина Илинден
Општина Илинден продолжува со интензивни активности за унапредување на патната инфраструктура, при што деновиве успешно е завршена реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај, извести Општината.

Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и покомфорно движење за пешаците. Со оваа интервенција, улицата добива современ и функционален изглед, усогласен со потребите на модерното урбано живеење.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршните градежни активности и истакна дека со реализацијата на оваа фаза, заедно со претходно реконструираниот дел, вкупната должина на обновената улица изнесува околу 720 метри, како и дека ваквите проекти претставуваат јасен показател за стратешкиот пристап на Општината кон рамномерен развој и подобрување на условите за живот во сите населени места.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја потврдува определбата на локалната самоуправа за континуирано инвестирање во инфраструктурата и создавање на побезбедна, поуредена и пофункционална средина за сите граѓани, се додава во соопштението на Општината.
