Скопје
Без вода дел од скопските општини

Поради технички зафати денеска дел од скопските општини во определен временски период ќе останат без вода за пиење.
Од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради менување на вентил во шахта од ф – 1 цол на ул. Мексичка бр.5 во населба Тафталиџе, во периодот од 9:00 часот па сè до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од улиците Ташкенска, Мексичка и Хаванска, како и дел од корисниците од улиците Варшавска и Хелсинки (општина Карпош).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прскање против комарци утре и задутре во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 7 и на 8 јуни 2023 година (среда и четврток), во раните утрински часови ќе се реализира втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Град Скопје воспостави партнерство за размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики со француските средни училишта

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, и амбасадорот на Франција во Македонија, Сирил Бомгартнер, ја промовираа иницијативата за воспоставување партнерства за соработка и размена на наставен кадар, ученици и унапредување на педагошките практики помеѓу македонските и француските средни училишта.
Во соработка со академскиот регион Оверња-Рона-Алпи во Франција, француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, како и Националната агенција за европски програми и мобилност, Град Скопје е домаќин на претставници од академскиот регион, кои воспоставуваат соработка со средното училиште „Орце Николов“, кое има франкофонски билингвални паралелки со „Филибер Делорм“ од Ил Д’Або и „Васил Антевски-Дрен“, кое во својата програма нуди изучување на францускиот јазик како втор странски јазик во економско-правната струка во текот на четиригодишното образование со „Леонардо да Винчи“ од Вилфонтен, Франција.
Покрај овие училишта, кои се вклучени во проектот, делегацијата од академскиот регион, освен училиштата со кои ќе се оствари соработка, ќе го посетат и средното угостителско училиште „Лазар Танев“.
Академскиот регион Оверња-Рона-Алпи опфаќа три академии, Клермон-Феран, Лион и Гренобл, и е надлежен за усогласување и спроведување на политиките на Министерството за национално образование на Франција и воспоставувањето соработка на образовен план со овој академски регион отвора можности за соработка и мобилности помеѓу француските и македонските образовни установи.
Македонија
(Видео) Ученици од Центар го чистеа Калето со амбасадорката Агелер и градоначалникот Герасимовски

Ученици од седмо одделение од основните училишта во Центар го собраа отпадот околу тврдината Кале во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на заштита на животната средина – 5 јуни кој јубилејно се одбележува по 50-ти пат.
Во екоакцијата под мотото „Победи го загадувањето со пластика“ се вклучија и американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Целта на оваа активност, во која на волонтерска основа учествуваа и вработени во Амбасадата на САД, УСАИД и Општината, беше да се собере целокупниот сув отпад од улиците околу скопската тврдина, кој понатаму ЈП „Комунална хигиена“ ќе го рециклира.
„Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемувањето на колективната свест за зачувување на животната средина“, рече градоначалникот Герасимовски.
Амбасадорката Агелер ја поздрави акцијата, им заблагодари на сите учесници и апелираше за поголема ангажираност во решавање на проблемот со загадувањето.
Градоначалникот Герасимовски во рамки на денешната акција им додели пофалници на учениците од општинските основни училишта „11 Октомври“, „Димитар Миладинов“ и „Гоце Делчев“ победници во конкурсот на тема „Учиме да рециклираме – заедно креираме“. Добија награди за најдобро уредено училиште, катче или двор со рециклирани материјали.
„Нашето училиште беше второнаградено на конкурсот. Со еколошки и рециклирани материјали уредивме посебно катче во дворот, а проектот го нарековме ‘Еко училница’. Благодарност до Општина Центар што го препозна нашиот потенцијал, креативност, уникатна идеја и инспирација за создавање на нашата ‘Еко училница’. Благодарност и до сите родители, наставници и ученици кои дадоа придонес. Чест ми беше што заедно поставивме пример за успешна соработка која и во иднина ќе продолжи со уште поголеми успеси“, вели Соња Д. Богдановска, наставник – ментор на проектот „Еко училница“ во основното училиште „Димитар Миладинов“.