Скопје
Без вода корисниците на улицата Џон Кенеди во Чаир
Корисниците на ул. „Џон Кенеди“ во Чаир од 7.30 часот ќе немаат вода.
Според ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради дефект на таа улица бр. 9 и ќе трае до негово отстранување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Делови од Чаир без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од улиците Славеј Планина, Кримска, Прохор Пчински и Топаанска (општина Чаир).
Скопје
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од КРЊЕВО, Улиците од позади ВИП хотелот до кружниот тек, Ул. 164 (општина Центар).
Скопје
Герасимовски: Реновирана свечената сала и нов мебел во кабинетот за првачиња во ООУ „Димитар Миладинов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изврши увид во ООУ „Димитар Миладинов“ каде што во текот на летниот период беше обновена свечената сала.
Во салата со површина од 400 метри квадратни, санирани и варосани се таванот и внатрешните ѕидови. Целосно реконструирана е влезната просторија меѓу двете сали, каде е поставен нов ламинат. Свечената сала веќе е ставена во функција, а градоначалникот Герасимовски очекува дека реновираниот простор ќе си ја оправда својата намена.
„Добивме уредена сала за одржување приредби, настани, културно-општествени манифестации. Денеска и присуствуваме на настанот со кој се одбележа и Светскиот ден на првата помош, во организација на Црвениот крст на О.О.Центар. Осмоодделенците имаа можност, во чист и пријатен амбиент, да се стекнат со знаења за основите на прва помош. Имавме одличен настан, а ова е само почеток“, истакна Герасимовски.
Свечената сала е реновирана со средства од донации што ги обезбеди самото училиште.
Покрај оваа инвестиција, училиштето го опреми кабинетот за првачињата со нов мебел, во вредност од 200.000,00 денари.
Подобрување на условите во образовниот процес и квалитетната едукација се темел на нашата иднина, потенцираше Герасимовски, за време на посетата на основното училиште ООУ „Димитар Миладинов“.