Контакт

Македонија

Без струја делови од Скопје

Објавено пред

Од „ЕВН Македонија“ АД известуваат дека денеска, поради веќе закажани технички зафати, без електрична енергија ќе останат:

– од 9 до 12 часот делот спроти паркот во Реонски центар во Аеродром, и тоа ул. 1613 со зградите 22, 24, 26 и 28 (општина Аеродром);

– од 9 до 14 чсот дел од с. Кучково (општина Ѓорче Петров) и

– од 9.45 до 13.30 часот улицата Ѓорче Петров бр. 28 – блок 11/3, 11/4 и 11/5, како и зградата бр. 12 (старскиот дом) и „КАМ маркет“ (општина Ѓорче Петров).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Објавено пред

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на земјава.

Пендаровски на средбата изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, конкретните предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период.

„Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот“, порача Пендаровски.

Тој потврди дека Северна Македонија има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање компромисно решение за отворените прашања. Според него, отпочнувањето на пристапните преговори со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Шаќири: Учениците, родителите и наставниците за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките

Објавено пред

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска на прес-конференција информираше дека на негово барање, врз основа на препорака од Главниот координативен штаб, Владата  вчера донесе одлука започнувањето на првото полугодие да се одложи до 1 февруари годинава. Согласно оваа одлука донесена врз основа на проценките од здравствените власти дека земјата се наоѓа во епидемиолошки пик со Ковид-19, учениците со физичко присуство во училиштата ќе се вратат на првиот ден од идниот месец.

„Со цел да го сочуваме јавното здравје и здравјето на нашите најблиски, повикувам на свесност и одговорност за да го спречиме ширењето на заразата. Апелираме до родителите, наставниците и учениците и за време на продолжениот распуст максимално да се придржуваат до мерките и препораките за заштита од Ковид-19, во домашни услови и на отворено”, рече Шаќири.

Министерот истакна дека одлука нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни како што е предвидено во календарот за наставната програма за основно и средно образование, со соодветна адаптација на наставните планови.

„За прилагодувањето на наставните планови согласно најновата владина одлука веќе сме во координација со директорот на Бирото за образование и наука”, изјави Шаќири.

Министерот информирмираше дека следниот период ќе се искористи за евалуација на системот за учење од далечина како и ефектите и постигнувањата од истиот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Горан Милевски без одлука во ЛДП се предложил за министер

Објавено пред

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, самиот, без согласност и партиска одлука, се предложил за министер во Владата, што покрена иницијатива внатре во партијата за негова одговорност.

„Со вчерашниот избор на Владата и изборот на Горан Милевски за член на Владата е прекршен Статутот на ЛДП. На последната седница на ЦО се зазема став водење преговори и барање до мандатарот Ковачевски за учество на ЛДП во Владата. Одлуката за учество и обезбедување на уште еден министерски мандат на Милевски се случи без претходно одржување седница на ЦО и носење одлука за учество во Владата. Согласно член 38 став 17 од Статутот на ЛДП: ‘ЦО утврдува листа на кандидати за членови на Владата на Република Македонија од редовите на ЛДП’“,  стои во дописот на Филип Аврмачев, член на Централниот одбор испратен со органите на ЛДП.

Тој им порачува на членовите на Надзорниот одбор да поведат соодветна постапка против претседателот Милевски за прекршување на статутот на партијата.

„Како што наша идеолошка заложба е дека никој не смее да биде над законите на државата, така и во партијата никој не смее да биде на статутот, ниту претседателот на партијата, а најмалку во момент кога е тој лично засегнат“, пишува Аврмачев во писмото до партиските органи.

Прашан дали е тоа негов допис со кој бара постапка против Милевски, Аврамчев не сакаше да ги коментира внатрешните случувања во ЛДП.

„ЛДП е демократска партија и сите партиски проблеми ги решаваме внатре во партијата и би сакал тоа така и да продолжи“, одговори Аврамчев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија59 минути

(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања....

Македонија1 час

Горан Милевски без одлука во ЛДП се предложил за министер

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски, самиот, без согласност и партиска одлука, се предложил за министер во Владата, што покрена иницијатива...

Македонија2 часа

Рот: Бугарија да го признае македонското малцинство, како што Македонија го признава бугарското

Германски пратеник во Бундестагот и поранешен министер на Германија за Европа, Михаел Рот, ја поздрави денешната посета на Македонија на...

Регион3 часа

(Видео) Несреќа во Бугарија: автобус со патници од Косово излета од патот, повредени 29 луѓе, меѓу кои има и деца

Во сообраќајна несреќа во Бугарија повредени се 29 патници од Косово, од кои шест деца, кога автобусот во кој се...

Македонија5 часа

Бугарија го прифати краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше

Бугарија прифатила да го користи краткото име Северна Македонија, кое претходно го оспоруваше. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека ова е...

Европа6 часа

Европскиот парламент доби нов претседател

Европскиот парламент доби нов претседател. Роберта Мецола е избрана за наследник на Дејвид Сасоли за претседател на Европскиот парламент освојувајќи...

Македонија9 часа

Со сертификат за вакцинација или прележана болест Македонците ќе може да влезат во Бугарија

Од 20 јануари македонските државјани ќе може да влезат во Бугарија. По интензивната комуникација меѓу министерствата за надворешни работи на...

Свет9 часа

Тонга по ерупцијата и цунамито – поплавени острови, земјата и дрвјата покриени со пепел

Првите фотографии по ерупцијата на вулканот кај Тонга и цунамито што ги погоди островите во тој архипелаг ги прикажуваат земјата...

Македонија10 часа

(Видео) Зголемениот водостој на кејот на реката Вардар ги вознемири жителите на Аеродром

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, дека во општина...

Македонија19 часа

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Владата на Република Северна Македонија на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот...

Македонија22 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија1 ден

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија1 ден

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија1 ден

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија1 ден

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија1 ден

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет1 ден

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт1 ден

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион1 ден

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Досие