Скопје
Без струја денес дел од Ѓорче Петров
Без струја денес од 9 до 12 часот ќе останат корисниците на ул. „Нерешка“ во општина Ѓорче Петров.
Прекинот во снабдувањето со струја е поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Во заедничка акција со ПОЦ и МВР ги креваме хаварисаните возила, кои со години узурпираат јавен простор
Општина Центар заедно со пајак службата при Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ и МВР денеска ги крева хаварисаните возила кои не се во возна состојба и со години зафаќаат паркинг простор или се на јавна површина. Во денешната акција ќе се подигаат хаварисани возила спроти Соборниот храм и пред бараките на Општина Центар. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потенцира дека оваа акција се спроведува со цел да се промени сликата во општината и се ослободи јавниот простор.
„Денеска започнавме со акција за кревање на хаварисаните возила со цел да ги дислоцираме од просторот кој со години го узурпираат. Дел од возилата не само што зафаќаат слободно паркинг место туку го попречуваат движењето на пешаците и ја грдат сликата во општината. Затоа сакаме да го решиме овој проблем и конечно ставиме крај на проблемот со хаваросани возила“, вели Герасимовски.
Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски вели дека акцијата за бесплатно подигање на хаварисаните возила која се спроведува заедно со Општина Центар ќе се спроведува континуирано.
„Во согласност со сопственикот на хаварисаното возило ние го носиме во лиценцирани отпади кои селектираат суровини. Сопственикот може да присуствува на проценката и за возилото да добие надоместок секако во зависност од проценката за големината и тежината на возилото. Акцијата која ја правиме денеска ќе продолжи и во иднина“, објаснува Коцевски.
Инспекциските служби на Општина Центар во изминатиот период започнаа со ставање на известување односно опомени до имателите на хаварисаните возила за истите да се јават на телефонски број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад каде истото ќе им биде проценето согласно откупната цена за старо железо.
Скопје
Расчистени обемни диви депонии во општините Центар, Чаир и Бутел
Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел.
Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата Васил Ѓорѓов во населбата Капиштец, во општината Центар.
Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово, велат од Комунална хигиена-Скопје.
Скопје
Град Скопје: Сите даночни и таксени обврзници, кои немаат платено данок на имот и комунална такса, веднаш да ги намират своите обврски
Град Скопје ги известува сите даночни и таксени обврзници дека за оние лица што не ги намириле своите обврски за комунална такса – фирмарина за 2021, 2022 и за 2023 година, како и за должниците за данок на имот, се почнува со присилна наплата и забрана на користење средства.
Сите даночни и таксени обврзници, кои немаат платено данок на имот и комунална такса – фирмарина за изминатите години – неопходно е неодложно и веднаш да ги надмират своите обврски.
Граѓаните по добивањето на решенијата, доколку забележат неправилности, треба да ги пријават на веб-страницата на Град Скопје (е-даноци) или преку одделот за пријавување проблеми (http://gragjani.skopje.gov.mk/korisnik/), како и преку телефонските контакти:
- за данок на имот: 072/204-434, 02 3297-316, 02 3297-539, 02 3297-280 и 02 3207-546;
- за комунална такса – фирмарина: 02 3297-314;
- за присилна наплата: 02 3297-296 и 02 3297-298.