Скопје
Бесплатен јавен превоз во Скопје до намалување на загаденоста на воздухот
Бесплатен јавен превоз за сите граѓани во Скопје се до моментот на намалување на загаденоста на воздухот, е една од мерките и препораките кои во понеделник ги соопшти градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, поради енормната загаденост на воздухот во главниот град последните денови.
Трајановски апелираше сите скопски градоначалници да помогнат во финансиско субвенционирање на јавниот градски превоз.
Сите граѓани од вторник бесплатно ќе може да се возат и во автобусите на ЈСП и во приватните автобуси./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден
Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината.

„Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани“, изјави Меџити.

Во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик
Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.
Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.
Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите, велат од Општината.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории, се додава во соопштението.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска: На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас
Градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска присуствуваше на светата Богослужба во храмот Св. Петка -Црниче, со која чиноначаствуваше Архепископот Охридски и Македонски и Митрополит Скопски г.г.Стефан.
„На овој тажен ден за целото христијанство му се заблагодаривме на Господ Исус Христос за жртвата што ја принел за сите нас и му се помоливме за здравје, бериќет и мир.
Во исечекување на Христовото Воскресение да го почувствуваме Неговиот мир во своите срца и достојно да го дочекаме Велигден“, напиша градоначалничката на социјалните мрежи.
