Скопје
Бутел најави дводневна новогодишна програма
Бутел подготвува новогодишна програма шо ќе се одржи в четврток и в петок, најавуваат од општината.
Под мотото „Општина Бутел во новогодишно руво блесна. Насекаде се слуша смеа и песна“ програмата ќе почне в четврток, 28 декември.
Програмата ќе се одвива спроти Општината, кај ТЦ „Живко Брајковски“, а ќе настапат деца од градинките и учлиштата, како и фолклорни и културно-уметнички друштва.
Од Општината најавија дека најинтересно за децата ќе биде в петок во 15 часот кога најмладите ќе го пречекаат Дедо Мраз, по што ќе бидат извлечени среќните новогодишни пакетчиња.
Граѓаните ќе ги забавуваат „Куку леле“, Адријан Гаџа, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поддршка за семејствата во Центар, обезбедени 4 милиони денари за новороденчиња, вели Герасимовски
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, по повод Меѓународниот ден на семејството, информира за континуираната поддршка, мерките и иницијативите насочени кон унапредување на квалитетот на живот на граѓаните, со посебен фокус на младите семејства, децата и повозрасните.
„По тој повод, општина Центар ја истакнува својата заложба за создавање подобри услови за живот и зајакнување на социјалната сигурност на сите категории граѓани.
Особено внимание се посветува на младите семејства, преку финансиската поддршка за новороденче, која годинава е зголемена од 7.000 на 10.000 денари.
Во буџетот за 2026 година за оваа мерка се издвоени околу 4 милиони денари, а од јануари до денес се исплатени 696.681 денар“, соопшти Општината.
„Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
Дополнително, во план е изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со што ќе се одговори на потребите на семејствата од тој дел на Центар, известуваат од Општината.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на улицата Македонска Преродба, Ѓорче Петров.
Македонија
Денеска без вода делови од неколку скопски населби
РЦУК Скопје известува дека денеска од страна на ЈП Водовод и канализација, ќе се изведуваат неколку приклучоци на територија на Град Скопје и тоа:
– Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата 2 бр.19 Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со работните активности.
– Поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Франце Прешерн 92,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Франце Прешерн и дел од улицата Влае. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200 мм на улицата Иван Козаров 2, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Иван Козаров, дел од Георги Димитров, дел од Вера Јоциќ, Божидар Аџија, Киро Крстевски, Мишко Михајловски, Боте Боцевски и дел од Димо Хаџи Димов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
– Промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 8, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
