Скопје
(Видео) Герасимовски: Снимките од граѓаните го покажуваат дивеењето во Капиштец
Општина Центар откако неколкупати досега алармираше за дивеењето на делови во општината денеска до јавноста испраќа видео снимки со цел да се види загрижувачкото однесување на младите. Видео снимките на кои се гледаат сцени на деструкција, вандализам и тероризирање на јавниот простор наменет за деца, до општината ги испратија исплашени граѓани од околните згради близу детското игралиште во Капиштец.
Градоначалникот Горан Герасимовски во многу наврати досега информираше за дивеење и уништување на детските игралишта и урбаната опрема во општината. Минатата недела обиен и ограбен беше комуналниот пункт на Општина Центар во Капиштец од каде украдени беа алатките и опремата којашто ја користат хигиеничарите. Општинските служби речиси секојдневно наоѓаат искршени клупи, канти, канделабри, дел од детски реквизити, огради и затекнуваат пешачки патеки полни со ѓубре и искршени стакла. Сите овие случаи како и видео снимките општината ги достави до надлежните институции.
Општина Центар се надева дека институциите но и граѓаните по објавениот видео материјал сериозно ќе ги сфатат случувањата во ноќните часови на детските игралишта особено во Капиштец.
Градоначалникот Герасимовски пред два дена за овие случувања се сретна со началникот на СВР – Скопје Сашо Топаловски со кого договори конкретни чекори за враќање на мирот во деловите од општината што се мета на хулигани и вандали. Покрај институциите Герасимовски ги повикува и граѓаните и родителите на будност и блискост со своите деца. Агресивното однесување не носи ништо добро но да не се дозволи да стане полошо.
Општина Центар ќе продолжи да известува и наоѓа механизми се додека овие појави не запрат. Парковите и игралиштата се места за рекреација, а не депонии на несовесни поединци.
Општината нема да дозволи ова да биде сликата на граѓаните. Агресивното однесување, вандализирањето и кражбите не смеат да поминат неказнето и сите вакви немили случаи мора навремено да се расчистуваат, се наведува во соопштението на општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Подобрување на патната инфраструктура во локалната економска зона Ограѓе во општина Илинден
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Деновиве се асфалтираше на спојот на улиците н„10“ и улица „1“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден.
Станува збор за доста важен дел од овие две улици, затоа што е од големо значење за функционалноста на стопанските субјекти кои се наоѓаат во овој дел на локалната економска зона Ограѓе, како и за растеретување на утринскиот сообраќаен метеж кај новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден, каде од сега ќе може да се користи како алтернативен пристап до училиштето.
Покрај асфалтирањето на овој дел поставени се и цевки под коловозот со цел одведување на атмосферските води.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да реализира проекти за подобрување на локалната патна инфраструктура како еден од главните приоритети за локален економски развој на Општината.
Скопје
Општина Аеродром им додели над 860 таблет-уреди на сите четвртоодделеци
Над 860 четвртоодделенци од сите основни училишта во општина Аеродром добија бесплатни таблет-уреди обезбедени со средства од општинскиот буџет.
В.д. градоначалникот на општина Аеродром, Дејан Митески, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска го посетија ООУ „Ѓорѓија Пулевски“, каде што лично им ги поделија таблет-уредите на учениците во ова училиште.
Станува збор за проект на Општина Аеродром што се спроведува веќе трета година, а кој има цел да го подигне образовниот процес на едно повисоко ниво, со што учениците добиваат можност да го следат чекорот со современите текови на глобално ниво и да стекнат нови знаења и развој на дигиталните вештини.
Градоначалникот Митески посочи дека ова е само еден сегмент од инвестициите што се вложуваат во училиштата како дел од процесот на создавање модерна и развиена општина, од што најголеми придобивки имаат учениците.
Министерката Јаневска нагласи дека доделувањето бесплатни таблет-уреди е важен проект, со што доаѓа до израз синергијата меѓу Општина Аеродром и централната власт, што претставува еден од главните приоритети за дигитализацијата и осовременувањето на сите процеси.
Скопје
Утре и в понеделник ЈСП Скопје ќе работи по неделен возен ред
ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод државниот празник 8 Септември – Ден на независноста, на ден 7.09.2024 година (сабота) и 9.09.2024 година (понеделник) ќе се работи по неделен возен ред.
За време на трите дена од продолжениот викенд, дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на:
– Транспортен центар;
– Ѓорче Петров; и
– Зелен пазар.
Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
В понеделник 9.09.2024 година, нема да биде во функција жичницата.