Контакт

Македонија

Во деновите од викендот затворен за сообраќај дел од булеварот Крсте Мисирков

Објавено пред

Град Скопје известува дека поради асфалтирање со завршен слој на булеварот Крсте Мисирков, утре, 18.9.2021 година, сабота, почнувајќи од 6 часот наутро, па сѐ до 5 часот утрото на 19.9.2021 година, потегот од крстосницата со булеварот Гоце Делчев до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, во насока од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро џамбо“, ќе биде комплетно затворен за сообраќај. Сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во спротивниот правец (кај МАНУ).

В недела, 19.9.2021 година, почнувајќи од 6 часот наутро, па сѐ до 5 часот утрото на 20.9.2021 година, комплетно затворен за сообраќај ќе биде спротивниот правец – во насока од „Веро џамбо“ кон ТЦ „Мавровка“. Додека траат градежните работи на овој потег од булеварот Крсте Мисирков, сообраќајот ќе се одвива еднонасочно во правец од ТЦ „Мавровка“ кон „Веро џамбо“.

Град Скопје апелира до граѓаните да се придржуваат кон воведениот привремен сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

Македонија

Пендаровски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Шведска, денеска во Стокхолм оствари средба со министерката за надворешни работи на земјата, Ан Линде.

Претседателот на средбата изразил очекување дека ќе продолжи политиката на проширување на Европската Унија кон Западен Балкан, истакнувајќи дека случајот на Северна Македонија е тест за кредибилноста на процесот.

Во тој контекст, Пендаровски истакнал и дека очекува Шведска да вложи натамошни напори за задржување на прашањето на проширувањето на агендата на Унијата, како и да го поддржи ставот дека билатералните прашања не треба да бидат пречка за интегративниот процес.

Двајцата соговорници на средбата разговарале за европските перспективи на регионот, како и за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Кралството Шведска.

Прикажи повеќе...

Македонија

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на Ковид-19, од кои во Скопје – 205, Куманово – 37, Велес – 20, Прилеп – 19, Битола – 15, Штип – 14, Кавадарци – 12, Пробиштип – 9, Тетово, Охрид и Гевгелија по 8, Кичево и Кочани по 7, Струмица – 6, Свети Николе, Крива Паланка и Делчево по 5, Македонска Каменица – 4, Струга, Неготино, Радовиш и Кратово по 3, Богданци и Демир Хисар по 2 и по еден заразен во Гостивар, Берово и Пехчево.

Во текот на изминатите 24 часа починале 9 лица, од кои четворица од Скопје (74, 73, 72 и 28 години), двајца починати од Велес (86 и 74 години) и по едно починато лице од Кавадарци (65), Пробиштип (55) и Штип (71). Сите пријавени се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште четворица починати, во периодот од 6 до 9 октомври. Починатите се од Куманово, Струмица, Кичево и Гостивар, на возраст од 57 до 84 години. Од пријавените, двајца се починати во болнички, а двајца во домашни услови.

Во изминатото деноноќие регистрирани сe и 309 оздравени пациенти од Скопје – 137, Куманово – 27, Штип – 20, Битола – 14, Кавадарци, Кочани и Свети Николе по 12, Велес – 11, Тетово – 9, Прилеп – 8, Крива Паланка – 7, Охрид – 6, Виница – 5, Гевгелија и Струмица по 4, Струга , Неготино, Кратово, Ресен и Валандово по 3, Демир Хисар и Крушево по 2 и по еден оздравен во Пробиштип и Радовиш.

Направените 3.025 тестови се преку: ИЈЗ-274, ЦЈЗ Скопје-66, ЦЈЗ Битола-59, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово–28, ЦЈЗ Куманово-55, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-18, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-72, Авицена-130, Биотек-264, Систина-62, лабораторија Лаор-107, Синлаб-8, Ремедика-7, Плодност–32, Генеа-8, Никоб лаб-348, ВФВ Медикал-32, Ели Медика-42, Ројал Медика –20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.208.

Досега во земјата се направени вкупно 1.336.229 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 196.376, бројката на оздравени пациенти е 182.782, на починати е 6.901, а бројот на активни случаи изнесува 6.693.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 85758, Активни 3372
Куманово 11816, Активни 552
Тетово 10899, Активни 169
Прилеп 9202, Активни 204
Гостивар 7986, Активни 65
Битола 7229, Активни 191
Велес 6485, Активни 311
Кавадарци 6073, Активни 161
Охрид 6061, Активни 208
Штип 5913, Активни 205
Струмица 5828, Активни 186
Кичево 4036, Активни 137
Струга 3813, Активни 60
Кочани 3382, Активни 124
Гевгелија 2476, Активни 67
Неготино 2335, Активни 22
Свети Николе 1952, Активни 88
Радовиш 1559, Активни 62
Ресен 1547, Активни 41
Крива Паланка 1519, Активни 119
Дебар 1451, Активни 22
Берово 1218, Активни 15
Делчево 1132, Активни 46
Виница 1062, Активни 40
Пробиштип 953, Активни 41
Валандово 833, Активни 15
Кратово 615, Активни 50
Богданци 566, Активни 19
Крушево 536, Активни 11
Македонски Брод 476, Активни 11
Демир Хисар 463, Активни 32
Демир Капија 410, Активни 1
Македонска Каменица 336, Активни 44
Пехчево 316, Активни 1
Дојран 140, Активни 1

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Каевски: Арсовска со своите фирми ја оставила салата „Расадник“ руина

Објавено пред

Освен што не плаќала струја, Данела Арсовска со своите и со семејните фирми ја оставила салата „Расадник“ руина, целосно запуштена, oбвини денеска претставникот на СДСМ, Дарко Каевски.

„Фирмата на Данела Арсовска, ‘Империјал Данела’ ДООЕЛ Скопје, понатаму ‘Империјал’ ДООЕЛ Скопје, во 2002 година потпишала договор за закуп на спортската сала ‘Расадник’. Со членот 4 од договорот фирмата на Aрсовска се обврзала да ја реновира покривната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата“, нагласи Каевски, кој го приложи и договорот, кој, како што рече, Арсовска го потпишала на 10 јануари 2002 за месечна закупнина од 1.000 евра плус ДДВ.

Претставникот на СДСМ рече дека договорот има и анекс, со кој се надополнува членот 4 и се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес-центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови.

„Ништо од ова како што гледате не е направено. Ова е потврда дека Данела не може да управува ниту со сала, а најмалку со град. Со неа на чело на Градот, и Скопје би бил запуштен и запоставен како оваа сала“, обвини Каевски порачувајќи дека в недела граѓаните ќе го заокружат бројот 12 за, како што рече, Скопје да остане во сигурни раце.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

9 починати и 413 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.025 тестирања, а регистрирани се 413 нови случаи на...

Топ4 часа

Четворица повредени во превртениот автобус во Битола

Четири лица се повредени во несреќата што утрово се сучи во Битола кога се преврте автобус со работници од фабриката...

Македонија6 часа

(Видео) Спасовски: Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава

Мирните и демократски избори ја обезбедуваат иднината на нашата држава. Затоа и ве поканувам во еден празничен изборен дух да...

Македонија6 часа

Во Македонија активни 6.602 случаја на коронавирус

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 195.963, бројката на оздравени пациенти е 182.473,...

Македонија6 часа

Последен ден од предизборната кампања

Денеска е последниот ден од предизборната кампања за локалните избори што ќе се одржат в недела. Агенцијата за аудио и...

Македонија24 часа

Ученици од 364 основни и 109 средни училишта треба да бидат тестирани на Ковид-19

Во рамките на активностите за превентивни тестирања со цел рано детектирање и превенција од Ковид-19 во основните и средните училишта,...

Македонија1 ден

Град Скопје ќе им додели по 100.000 денари на семејствата на загинатите во пожарот во Тетово

Поради трагичниот пожар во модуларната ковид-болница во Тетово, Советот на Град Скопје се состана уште еднаш за да гласа за...

Македонија1 ден

Заврши привремениот престој во земјата за група Авганистанци, заминаа за Франција

Група од 10 граѓани од Авганистан, кои привремено беа згрижени во Македонија, заминаа синоќа од Меѓународниот аеродром „Скопје“. Прибежиште им...

Економија1 ден

(Видео) Заев: Спроведуваме политики што обезбедија стабилност и раст и во услови на Ковид-19

Западен Балкан во постковид-светот: Кој е вистинскиот пат до стабилност и просперитет?, е темата на самитот на Западен Балкан во...

Свет1 ден

СЗО формира нов експертски тим за утврдување на потеклото на коронавирусот

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што проценува, е последна шанса да се...

Свет1 ден

Курц: Не сум робот, туку човек со грешки и мани

Лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, кој поднесе оставка на функцијата канцелар поради истрагата против него и луѓето...

Регион1 ден

Мирна ноќ во Косово и Метохија – повлечени барикадите

Ноќта во Косово и Метохија помина мирно. Барикадите што граѓаните од северот на Косово и Метохија ги поставија во текот...

Регион1 ден

Вучиќ: Ќе го одбраниме нашиот народ на Косово и Метохија, нема повлекување

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави фотографија на својот инстаграм-профил под која напиша: „Ќе ги браниме нашите луѓе на Косово...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку петмина загинати во нападот во Норвешка, напаѓачот е Данец

Најмалку пет луѓе загинаа во вчерашниот напад во Норвешка, а уште двајца се повредени, јавија локалните медиуми. Меѓу повредените, кои...

Свет1 ден

(Видео) Пожар во зграда на Тајван, 25 загинати и 44 се повредени

Најмалку 25 луѓе загинаа, а 44 се повредени во пожар што зафати 13-катна зграда во јужниот дел на Тајван. Зградата...

Регион1 ден

Докторка од Словенија за 50 евра издавала лажни потврди за прележан Ковид-19

Докторка од Помурје во Словенија издавала лажни потврди за прележан коронавирус за 50 евра. Случајот го истражува и Лекарската комора...

Европа2 дена

(Видео) Маж со лак и стрела извршил напад во Норвешка, има повеќе загинати и повредени

Маж бил уапсен откако повредил неколку луѓе со лак и стрела во Конгсберг, Норвешка, а полицијата во меѓувреме ја евакуирала...

Свет2 дена

СЗО ja запре постапката за итно одобрување на „спутник В“

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прекината постапката за итно одобрување на руската вакцина „спутник В“ бидејќи недостасува одредена...

Македонија2 дена

12 починати, регистрирани 412 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.567 тестирања,...

Македонија2 дена

Влада: До 50 проценти присуство на публика на настани во затворено, услов се две дози на вакцина

Владата на денешната 112-та седница, врз основа на препораки на Комисијата за заразни болести донесе повеќе заклучоци и одлуки за...

Досие