Контакт

Скопје

Генерално чистење во општина Кисела Вода

Објавено пред

Општина Кисела Вода денес започна со акција за генерално чистење на јавните површини, улиците и парковите на своја територија, со цел да обезбеди почиста и поздрав животен амбиент за граѓаните. Активностите започнаа од населбата Цветан Димов и во наредниот период ќе бидат опфатени сите 15 населби и населени места во општината, извести општината.

dobivaj vesti na viber

Ангажираните екипи темелно ги чистат улиците, тротоарите и јавните површини. Се мете и рачно, но и со новите метларки кои неодамна беа набавени како одговор на барањата на граѓаните за почиста животна средина. Се перат плочниците во парковите, се кастрат суви гранки и се отстранува насобраниот комунален отпад. За жал, се санира и несоодветно оставениот шут и кабаст отпад, кој не смеел да заврши на јавните простори. Во овој контекст Општина Кисела Вода најавува дека за околу две седмици ќе организира нова акција за бесплатно подигнување на кабаст отпад, кој потоа ќе биде соодветно складиран на депонија. За оваа активност граѓаните ќе бидат дополнително известени, велат од општина Кисела Вода.

-Обезбедувањето на чиста и здрава средина за граѓаните е наш врвен приоритет. Денес започнавме со темелно чистење на улиците, парковите и јавните површини, а овој процес ќе се спроведува низ целата општина во наредниот период. Со новонабавените метларки и со ангажманот на нашите сезонските работници, Кисела Вода станува почисто и поуредено место за живеење. Истовремено, апелираме до граѓаните да покажат поголема свест и одговорност во одржувањето на хигиената во нашите населби. За оние кои имаат потреба од отстранување на кабаст отпад, општината во наредните две недели ќе организира специјална акција за негово бесплатно подигнување. Остануваме посветени на создавање на уредна и еколошки одржлива општина- изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

По денешната акција во населба Цветан Димов, утре активностите продолжуваат во населба Драчево, во четврток во Расадник и 11 Октомври Згради, а следната недела акцијата ќе продолжи и во сите останати месни и урбани заедници согласно веќе изготвениот динамички план, се додава во соопштението на општината.

Скопје

Стојкоски: Првата училишна спортска сала во Хром станува реалност

Објавено пред

Општина Ѓорче Петров продолжува со успешно реализирање на проектот за изградба на првата училишна спортска сала во населба Хром. Денес, на терен, се поставуваат челичните решетки од кровната конструкција, што претставува еден од клучните чекори во завршувањето на овој долгочекуван објект, велат од општината.

dobivaj vesti na viber

„Ветувањето дадено пред жителите на Хром, денес е во процес на реализација“, изјави градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

„За првпат во историјата на оваа населба, учениците ќе добијат услови за спортски активности во модерна и опремена сала, која досега им беше недостапна.

Проектот за изградба на спортската сала ќе обезбеди не само простории за физичко образование, туку и гардеробери, санитарии и хортикултурно уредување на околниот простор. Со вкупна инвестиција од 19.730.131,00 денари со ДДВ“, соопшти општината.

„До сега, околу 40% од работите се успешно реализирани, вклучувајќи завршени темели и армирано-бетонски греди, што овозможи поставување на кровната конструкција. Овој проект е само еден во низата на значајни инвестиции на општина Ѓорче Петров, кои ја потврдуваат посветеноста на градоначалникот Стојкоски во подобрувањето на условите за живот и образование во општината“, се вели во соопштението.

Покрај изградбата на спортската сала, Стојкоски најави дека во подготовка е и проектот за доградба на училиштето, кој ќе обезбеди услови за едносменска настава – уште една важна иницијатива која ќе ја подобри образовната инфраструктура.

„Продолжуваме да работиме за иднината на нашите деца. Секоја инвестиција во образованието е инвестиција во подобра иднина за целата заедница“, додаде тој.

Со оваа инвестиција, Хром не само што добива спортска сала, туку и дополнителни можности за напредок во образованието на децата, се наведува во соопштението на општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Скопје

(Фото) Опожарени два контејнера во населбата Серава

Објавено пред

Во текот на минатата недела, непознати сторители опожариле два сада наменети за одлагање на комуналниот отпад во скопската населба Серава, во општината Чаир. Контејнерите беа лоцирани на улицата Серава, а истите се со зафатнина од 1,1 кубен метар, извести Комунална хигиена-Скопје.

dobivaj vesti na viber

Микролокацијата веднаш била целосно исчистена од страна на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје, по што биле поставени и нови садови за одлагање на отпадот.

„Апелираме до граѓаните внимателно да ракуваат со контејнерите поставени на јавни површини, бидејќи секое нивно оштетување значително ја нарушува динамиката на одлагањето, собирањето и транспортот на комуналниот отпад и го оневозможува навременото реализирање на тековните активности предвидени согласно Оперативната програма за работа на Претпријатието“, изјави в.д.директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Сабахадин Рустеми.

Во текот на 2024 година беа опожарени 24 садови наменети за одлагање на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје. Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени кај надлежните органи.

Прикажи повеќе...

Скопје

ЗЕЛС ја прифати иницијативата на Герасимовски, малолетниците кои вандализираат да вршат општокорисна работа

Објавено пред

ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.

dobivaj vesti na viber

„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители“, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.

Иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците.

Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку заедничка општокорисна работа.

За спроведување на иницијативата ќе се формира стручна работна група составена од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации. Целта е да се креираат ефикасни законски решенија и да се спречат потешки последици од ваквите негативни појави, соопшти општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами за нивните лаги и манипулации, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Додека ја крадеа државата СДС, Заев и Ковачевски потрошиле и 280 илјади евра за фејсбук реклами. 280 илјади евра завршија...

Економија2 часа

Граѓаните тешко осиромашени за осум месеци, Мицкоски допрва анализира што да се прави, велат од СДСМ

„Тотално фијаско на политиките на Мицкоски и ДПМНЕ во економијата, цените продолжуваат да растат, граѓаните имаат се помалку пари и...

Македонија3 часа

ДУИ: Албанците понижени и исклучени и во Армијата

„Демократската унија за интеграција ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата...

Македонија3 часа

Сопругата на Игор Југ: Душата нема да му се смири, се додека оваа неправда не биде решена

Сопругата на починатиот Игор Југ, Ивана преку статус на социјалните мрежи ја изрази својата огромна загуба. „Претешка е судбината на...

Свет4 часа

Ослободениот израелски заложник не знаел дека Хамас ги убил неговата сопруга и ќерките

Ели Шараби, Израелец кој беше киднапиран од Хамас пред 16 месеци, дознал дека неговата сопруга и ќерките биле убиени во...

Свет4 часа

Трамп вели дека разговарал со Путин; Реагира Кремљ, ги објави условите за преговори

Москва допрва треба да добие добра понуда за почеток на преговори за Украина, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи, откако...

Свет5 часа

„Тие изгледаат како преживеани од холокаустот“, реагира Трамп на фотографиите на тројцата ослободени израелски заложници

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го губи трпението со договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас откако...

Европа5 часа

Макрон: Ќе инвестираме 109 милијарди евра во вештачка интелигенција во Франција

Франција ќе објави инвестиции од приватниот сектор во вештачка интелигенција (ВИ) од околу 109 милијарди евра за време на самитот...

Свет13 часа

Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани...

Економија16 часа

Државни станови по 1.000 евра за м2, продажбата започнува утре во Битола

Од утре, понеделник, започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1000 евра за метар квадратен. Како што најави...

Македонија17 часа

Две лица се приведени во денешната акција на полицијата во Чашка

Полицијата сподели детали од денешната акција која се спроведе во Општина Чашка при потрагата на нелегално оружје. Полициски службеници од...

Македонија21 час

Полицијата врши претреси во Чашка, се бараат лица со нелегално оружје

Полицијата спроведува масовни претреси на повеќе локации во Општина Чашка во потрага по нелегално оружје и муниција. Акцијата е започната...

Македонија22 часа

Мицкоски уверен во победа: ВМРО-ДПМНЕ има над 30% поддршка пред локалните избори

Премиерот Христијан Мицкоски изрази реален оптимизам во однос на победата на локалните избори кои се очекува да се одржат во...

Топ23 часа

Приведен Германец на „Табановце“, му пронашле ножеви, солзавец и други опасни материјали во возилото

49-годишен германски државјанин, Т.В.,вчера бил приведен на Граничниот премин Табановце при влез во Република Македонија. Полициските службеници извршиле редовна контрола...

Македонија23 часа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ плаќаше по 20.000 евра на ден за лажни вести

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на последното соопштение на СДСМ, обвинувајќи ги за обид да го одвлечат вниманието на јавноста од своите контроверзни...

Македонија1 ден

СДСМ: Инфлуенсерот Мицкоски можеби не пробал цреши, но затоа фрла илјадници евра за лајкови

СДСМ обвинува дека премиерот Христијан Мицкоски месечно троши илјадници евра за реклами на социјалните мрежи, додека граѓаните се соочуваат со...

Топ1 ден

Двајца прилепчани нападнале полицајци во Прилеп и во Крушево

Утринава во два инцидента што се случија во Прилеп и Крушево, полициски службеници беа нападнати додека ги извршувале свои службени...

Македонија1 ден

Откриен дилер од Скопје, полицијата дома му најде марихуана и хероин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен жител на Скопје, осомничен за кривично дело „Неовластено...

Македонија1 ден

Внимателно возење низ клисурите и речните долини, постои ризик од одрони!

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, а интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини...

Македонија2 дена

Помал одѕив на вториот бојкот на маркетите, прометот опаднал за 22 отсто наспроти 46,59 отсто минатиот петок

Управата за јавни приходи (УЈП) извести дека вториот масовен бојкот поминал со 22, 12 отсто пад на прометот во осумте...