Скопје
Герасимовски: Пријавете дупка на улица во вашето маало
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани.
Граѓаните, како што објави општината, тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот.
„Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две тоа се улиците Елисие Поповски и Блаже Тодоровски и следуваат уште неколку за реконструкција. Но доколку станува збор за одредена дупка ги повикувам граѓаните да се јават на телефонскиот број, да ни остават точна локација и нашите службеници ќе ја пополнат,“ истакнува Герасимовски.
Општина Центар, како што е истакнато во соопштението, ќе продолжи да работи на редовно одржување на улиците со цел безбедно движење на граѓаните, велосипедите и автомобилите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Карпош: Улица „Џумајска“ со нов инфраструктурен сјај
Целосно е реконструирана и пуштена во употреба за сообраќај улицата „Џумајска“ во урбаната заедница „Кузман Јосифовски – Питу. Станува збор за отсечка на улицата која се протега од раскрсницата со ул. „Леринска“ до раскрсницата со ул. „Брадфорска“, во должина од 517 метри. Со вкупна инвестиција од околу 15 милиони денари, обезбедена од Министерството за транспорт, реконструиран е коловозот кој опфаќа ревитализација на асфалтната површина, замена на рабниците и замена на долниот строј, извести општината Карпош.

„Изведувач на градежните работи е „Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје“, а инвеститор на овој комунален проект е Општина Карпош со проектант „МГ Проект“, од Скопје.

Општина Карпош продолжува да инвестира средства во рамномерен инфраструктурен, урбан и комунален развој во сите четиринаесет урбани и месни заедници, кои се наоѓаат во нејзниот состав“, соопшти општина Карпош.
Македонија
Герасимовски: Центар го реализираше првиот детски фестивал „Детелинки“, малите ѕвезди блеснаа на сцената
Децата заедно со воспитно-згрижувачкиот кадар од центарската градинка „13 Ноември“, вчера приредија вистинска музичка и сценска магија на првиот детски фестивал „Детелинки“, што се одржа во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
Преку музика, танц, оригинални детски песни и многу насмевки, најмладите покажаа талент, креативност и искрена детска радост, додека публиката уживаше во вечер исполнета со емоции, аплаузи и фестивалска атмосфера.
„Општина Центар за првпат реализира детски фестивал и се надевам дека „Детелинки“ ќе прерасне во убава традиција. Како локална самоуправа, континуирано вложуваме и ќе продолжиме да вложуваме во проекти кои поттикнуваат креативност и создаваат простор за раст, игра и слободно изразување“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

Тој посочи дека со „Детелинки“, како и со другите настани наменети за сите генерации од Програмата за култура, одбележуваме 50 години постоење на Општина Центар.
„Ако детелинката носи среќа, тогаш најголемата среќа на нашата општина се токму децата, нашите весели и најскапоцени “детелинки“, порача Герасимовски.
Во рамки на фестивалот беше доделена благодарница на градинката „13 Ноември“ за нејзината долгогодишна работа и придонес во развојот на детската креативност и воспитување. Градоначалникот упати благодарност до целиот тим на градинката, како и до директорката Ружица Биџовска.
На фестивалот за првпат беше доделен и трофејот „Детелинки“, кој ќе стане симбол на новата фестивалска традиција. Трофејот секоја година ќе се пренесува од градинка на градинка како препознатлив белег на континуитет, креативност, среќа и детска радост.
Македонија
Делови од Карпош, Шуто Оризари и Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Александар Урдаревски лоцирани кон приклучокот на обиколницата во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари, како и корисниците од улицата Козле од бр. 114 до бр. 124, општина Карпош;
– во периодот од 09.15 до 15.15 часот, корисниците од улицата Самоилова, улицата Јоаким Крчовски, Музеј на современа Уметност – Скопје, општина Центар.
