Скопје
Герасимовски: Реновирана свечената сала и нов мебел во кабинетот за првачиња во ООУ „Димитар Миладинов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изврши увид во ООУ „Димитар Миладинов“ каде што во текот на летниот период беше обновена свечената сала.
Во салата со површина од 400 метри квадратни, санирани и варосани се таванот и внатрешните ѕидови. Целосно реконструирана е влезната просторија меѓу двете сали, каде е поставен нов ламинат. Свечената сала веќе е ставена во функција, а градоначалникот Герасимовски очекува дека реновираниот простор ќе си ја оправда својата намена.

„Добивме уредена сала за одржување приредби, настани, културно-општествени манифестации. Денеска и присуствуваме на настанот со кој се одбележа и Светскиот ден на првата помош, во организација на Црвениот крст на О.О.Центар. Осмоодделенците имаа можност, во чист и пријатен амбиент, да се стекнат со знаења за основите на прва помош. Имавме одличен настан, а ова е само почеток“, истакна Герасимовски.
Свечената сала е реновирана со средства од донации што ги обезбеди самото училиште.

Покрај оваа инвестиција, училиштето го опреми кабинетот за првачињата со нов мебел, во вредност од 200.000,00 денари.
Подобрување на условите во образовниот процес и квалитетната едукација се темел на нашата иднина, потенцираше Герасимовски, за време на посетата на основното училиште ООУ „Димитар Миладинов“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетна дератизација во општина Аеродром
Деновиве во општина Аеродром се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите.

„Во рамките на акцијата се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија на општина Аеродром.
Дератизацијата ја врши Центарот за јавно здравје – Скопје. Грижата за здравјето и безбедноста останува приоритет, а пролетната и есенската дератизација се дел од континуираните активности за чиста, безбедна и здрава животна средина во општина Аеродром“, се наведува во соопштението на Општината
Македонија
Центар во пролетна акција: косење трева и уредување на безбедни зелени површини во сите населби и маала
Службите на Општина Центар спроведуваат интензивна пролетна акција за косење трева со цел да се обезбедат чисти, уредени и прегледни зелени површини на подрачјето на целата општина, известуваат од Центар.
Екипите на ПОЦ денови косеа во Капиштец, Дебар Маало, Пролет, спроти Веро, парк Франкофонија, кај „Агромеханика“, Градски ѕид, Водно, и општинските училишта. Денеска службите се на терен на Кале, а во наредните денови активностите продолжуваат во населбата Буњаковец, велат од Општината.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски посочи дека станува збор за пролетна акција за уредување на зелените и тревните површини согласно пропишаните стандарди.

„Цел ни е да имаме зелени површини што ќе бидат безбедни од појава на влекачи и глодари. Дополнително спроведена е и редовна пролетна дератизација низ целата територија на општината. И наредниов период продолжуваме со активности за косење и одржување на зеленилото во Центар“, рече Герасимовски.

На граганите им е достапна и телефонската линија 076 350 767, на која можат да пријават израсната трева и неуредени јавни површини што се во надлежност на општина Центар за да можат службите навремено да постапат.
Македонија
Дел од Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07.30 до 13.30 часот, дел од корисниците од Стара Чаршија односно улицата Покриена Чаршија и улицата Самарџиска, општина Чаир.
