Скопје
Делови од Гази Баба в недела без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека в недела поради технички зафати во водоводната мрежа со пречник од Ф-700 мм. на булевар Александар Македонски бб. кај подвозникот АСУЦ, од 02:00 часот (по полноќ) до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од булеварот Александар Македонски.
Во истиот термин со намален притисок на водата ќе бидат корисниците од ниската зона во населбата Автокоманда, поточно улиците: Јани Лукровски, Лазар Поптрајков, Христо Ботев, 16та-Македонска Бригада и објектите во индустриската зона (фабриките Скопска Пивара, Кока Кола и Алкалоид), како и корисниците од булеварот Киро Глигоров, населба Маџари, населба Ченто, населба Хиподром, населба Стајковци и населба Трубарево во општина Гази Баба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: Пријавете дупка на улица во вашето маало
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ги повика граѓаните да пријавуваат дупки на улиците со цел истите да бидат санирани.
Граѓаните, како што објави општината, тоа може да го направат преку пријавување на телефонскиот број 076381673 секој работен ден од 8 до 16 часот.
„Верувам дека овој начин на комуникација ќе донесе поголеми и побрзи резултати за граѓаните. Ние досега реконструиравме 17 улици, во моментов се работи на две тоа се улиците Елисие Поповски и Блаже Тодоровски и следуваат уште неколку за реконструкција. Но доколку станува збор за одредена дупка ги повикувам граѓаните да се јават на телефонскиот број, да ни остават точна локација и нашите службеници ќе ја пополнат,“ истакнува Герасимовски.
Општина Центар, како што е истакнато во соопштението, ќе продолжи да работи на редовно одржување на улиците со цел безбедно движење на граѓаните, велосипедите и автомобилите.
Скопје
„Комунална хигиена“ – Скопје отстрани диви депонии на пластичарската улица и во населбата Топанско Поле
Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување обемна дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.
Воедно, интервенирано е и на булеварот Македонско-косовска бригада во населбата Топаана, каде што е извршено расчистување на повеќе помали диви депонии.
Посочените локации претставуваат „црни точки“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад на јавни и на сообраќајни површини, информираше ЈП Комунална хигиена-Скопје.
Скопје
Без струја дел од село Кондово
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.
Прекинот ќе биде во период од 08:00 – 12:30 часот.