Скопје
Жителите на Ѓорче Петров се жалат од кучиња скитници, надлежните не превземаат ништо
„Деновиве бевме сведоци на четиригодишно момче кое беше нападнато од кучиња и подлегна на повредите, а ова е секојдневната слика во станбена зграда на ул. Шидска 26 во населба Ѓорче Петров. Кучињата- скитници станаа „нелегитимни станари“ во оваа зграда, тука живеат, јадат, спијат“, вели револтирана жителка од оваа населба.
„Пред неполна година нападнат и каснат е човек кој со својот точак поминувал низ зградата. Во близина е и детско игралиште во кој си играат деца и нивното движење е доведено во опасност. По ова прашање стапивме во контакт со надлежните од Комунална хигиена на што добивме одговор дека се „заштитени“ од поеднини станари од зградите и ова за нив е еден голем проблем за кој , кога и да сакаат да го решат наидуваат на разни препреки“, велат жителите на општината.
„Со цел да не се повторат овие немили настани и да ги заштитиме своите деца решив да ви ја пренесам атмосферата на „соживот “со овие кучиња ! Повикувам на поголема свесност , бидејќи на кучињата местото не им е тука , ако некој сака да ги чува нека ги присвои во својот дом“, велат револтираните граѓани./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
