Скопје
Жичницата денеска ќе има скратено работно време

Жичницата денеска ќе работи до 17:30 часот, поради редовни планирани тестирања.
Од утре, објектот ќе продолжи со вообичаеното работно време, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работно време во период мај – септември.
Јавното сообраќајно претпријатие потсети дека во период од 19 до 19:30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.
Секој понеделник и секој последен вторник во месецот, жичницата не работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Скопје
Град Скопје: Бесплатен паркинг на затворените паркиралишта на ЈП „Градски паркинг“ при дарување крв

Град Скопје воведува бесплатен паркинг на затворените паркиралишта (затворен паркинг простор со влезно-излезна наплатна рампа) на ЈП „Градски паркинг“ при дарување на крв за дарителите.
„Оваа поволност е предвидена со oдлуката за давање согласност на oдлуката за дополнување на Ценовникот на услугите кои што ги извршува ЈП Градски паркинг – Скопје, која денеска беше усвоена од страна на Советот на Град Скопје. Доброволното дарување на крв претставува одраз на високи етички, хумани и морални вредности и со оваа одлука Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ даваат поволност и дополнителна поддршка за сите крводарители“, велат од Град Скопје.
Со оваа одлука, дополнително се овозможува, како што појаснуваат, за сите лица-специјализанти кој ја обавуваат специјализацијата во рамките на Комплекс Клиники Мајка Тереза, да се паркираат со истите услови како и останатите вработени во Комплекс Клиники Мајка Тереза.
Македонија
Арсовска: Целосна реконструкција на левата страна на кејот на Вардар

На денешната прес-конференција, градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, со директорот на ЈП „Улици и патишта“, Борис Настов, и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски, го најави проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на реката Вардар, која ќе се одвива во повеќе фази со цел воспоставување мултифункционален модерен јавен простор со ново зеленило, пешачки, велопатеки и нова урбана опрема во интерес на сите граѓани.
„Со овој проект планираме првично обнова на овој дел од кејот на реката Вардар од над 3 километри должина, нова велопатека во површина од 2.500 м2 и нова пешачка патека во површина од 2.500 м2, формирање нова зелена површина, на која се предвидени над 71.330 садници сезонско цвеќе и 1.360 зимзелени и листопадни садници ниска вегетација, нова хидрантска мрежа, урбана опрема, садови за отпадоци, ново осветление и партерно уредување од над 26.363 квадратни метри“, истакна градоначалничката Арсовска.
Таа посочи дека остварувањето на оваа инвестиција ќе се одвива во три етапи. Првата се однесува на потегот од мостот „Мајка Тереза“ до ПИОМ, втората до паркот на езерата во Аеродром и третата до мостот „Тодор Александров“ во општина Аеродром.
„Овој проект е дел од најавената летна градежна офанзива, која се одвива според предвидениот интензитет, за разлика од импровизациите и ветувањата за реализација во минатото, кои, за жал, резултирале само со делумно чистење, само во некои делови на кејот. Пристапот на новиот тим на градското раководство е поинаков, мораме да имаме сериозна анализа, стабилен и одржлив проект, ревносна подготовка, обезбедени финансиски средства и јасен план за брза и ефикасна имплементација“, вели Арсовска.
Градоначалничката исто така посочи дека крајна цел на овие инвестиции е остварување на ветените проекти за модерно и урбано Скопје, во кое се обезбедуваат подобри услови за сите граѓани.
Македонија
Без струја повеќе делови на Скопје

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 8.30 до 9.30 часот корисниците од улицата Иван Манолев (општина Бутел);
– во периодот од 8.30 до 15.30 часот корисниците од улицата Ордан Чопела, од бр. 110 до бр. 140, како и дел од корисниците од улицата Јајце (општина Чаир);
– во периодот од 9 до 11.30 часот корисниците од улицата Струшка (општина Карпош);
– во периодот од 9 до 14 часот корисниците од улицата 21 во Сопиште (општина Сопиште)м како и корисниците од улицата Шидска, бр. 10, бр. 12 – влезови 2, 3 и 4, и бр. 42 (општина Ѓорче Петров);
– во периодот од 10 до 14 часот корисниците од улицата Румена Хаџи Панзова (општина Кисела Вода);
– во периодот од 13.30 до 16 часот корисниците од местото наречено Осојница во Сопиште (општина Сопиште).