Скопје
Забрането паркирање на Боемска улица
Паркирањето на Боемска улица не е предвидено, информираат од ЈП ПОЦ.
„За сите возила кои ќе бидат паркирани на овој простор (освен возилата за дотур на роба) ќе интервенира Пајак службата на ЈП ПОЦ“, се вели во соопштението.
Понатаму се додава дека во изминатиот период преку печатен информативен материјал беа известувани корисниците и затекнатите паркирани возила, а во иднина ќе биде поставена и вертикална сигнализација. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата 1519, населба Каменик во Кисела Вода – позади Стаклара, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради уличен дефект на улицата Капештец 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има повремен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и изолирана појава на грмежи.
