Скопје
Изградба на нова улица и пешачка патека во Јака, општина Илинден
Општина Илинден започна со изградба на уште една улица во населбата Јака, која е во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Oпштина Илинден.
Станува збор за улицата „109“ во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица ќе добие и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.
Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид на почетокот од изградбата на улицата и информираше дека работните активности се одвиваат со предвидената динамика, а оваа улица е од огромно значење за жителите во овој дел на општина.
Финансиските средства се целосно обезбедени од буџетот на Општина Илинден. А со реализација на овој проект ќе се подобри патната инфраструктура на општина Илинден, ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот и ќе се овозможи квалитетни услови на жителите во реализирање на нивните секојдневни активности, велат од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска, без електрична енергија ќе останат:
-во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од КРЊЕВО, Улиците од позади ВИП хотелот до кружниот тек, Ул. 164 (општина Центар).
Скопје
Герасимовски: Реновирана свечената сала и нов мебел во кабинетот за првачиња во ООУ „Димитар Миладинов“
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски изврши увид во ООУ „Димитар Миладинов“ каде што во текот на летниот период беше обновена свечената сала.
Во салата со површина од 400 метри квадратни, санирани и варосани се таванот и внатрешните ѕидови. Целосно реконструирана е влезната просторија меѓу двете сали, каде е поставен нов ламинат. Свечената сала веќе е ставена во функција, а градоначалникот Герасимовски очекува дека реновираниот простор ќе си ја оправда својата намена.
„Добивме уредена сала за одржување приредби, настани, културно-општествени манифестации. Денеска и присуствуваме на настанот со кој се одбележа и Светскиот ден на првата помош, во организација на Црвениот крст на О.О.Центар. Осмоодделенците имаа можност, во чист и пријатен амбиент, да се стекнат со знаења за основите на прва помош. Имавме одличен настан, а ова е само почеток“, истакна Герасимовски.
Свечената сала е реновирана со средства од донации што ги обезбеди самото училиште.
Покрај оваа инвестиција, училиштето го опреми кабинетот за првачињата со нов мебел, во вредност од 200.000,00 денари.
Подобрување на условите во образовниот процес и квалитетната едукација се темел на нашата иднина, потенцираше Герасимовски, за време на посетата на основното училиште ООУ „Димитар Миладинов“.
Скопје
Мицкоски: Нов спортско-рекреативен центар „Бранители“ во Бутел
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на официјалното отворање на спортскиот комплекс „Бранители“ во Општина Бутел.
„Да истакнам дека Општина Бутел е прилично активна кога станува збор за капитални инвестиции и во таа насока, како што кажа градоначалникот, во текот на вчерашниот ден Општина Бутел заедно со уште други 65 општини поднесоа повеќе од 215 проекти, коишто се дел од онаа иницијатива за реалокација на средства од централниот буџет кон општините за решавање реалните потреби на граѓаните“, рече Мицкоски.
„Повеќе од стотици илјади наши сограѓани ќе имаат решени реални проблеми коишто се напластувале изминативе децении.
Воедно, да изразам благодарност и до пратеничката којашто доаѓа од овде до Општина Бутел, до министерот за спорт, до администрацијата, до советот, до граѓаните на Општина Бутел што цело време даваат поддршка за реализација на овие капитални инвестиции.
Јас сум убеден дека реализацијата на овие капитални инвестиции ќе продолжи и во иднина и во следната година, во 2025 година. Слушнавте дека на почеток е реализација на една огромна и капитална инвестиција во делот на здравството, односно во делот на грижата за здравјето на граѓаните, тоа е поликлиника овде во Општина Бутел.
Како Влада сето тоа ќе го поддржиме и мислам дека со реализацијата на сите овие проекти ќе бидат решени многу проблеми на бутелчани, но и не само на бутелчани туку и насекаде низ цела Македонија на граѓаните коишто изминативе децении се соочуваа со такви предизвици“, изјави Мицкоски.
Тој упати честитки до градоначалникот, и до сите коишто учествуваа во реализацијата на ваквите проекти и посака уште многу вакви проекти низ целата државата затоа што, како што кажа, ова го очекуваат граѓаните, а тоа се проекти, развој и подобрување на квалитетот на живеење.