Daily news
Исушените палми ќе се заменуваат со јавори
Јаворите ќе ги заменат егзотичните палми, кои поради ниските температури се исушија во текот на зимата.
„Има неколку преживеани,но во консултација и со градот, одлучивме сите палми низ градот да бидат извадени. Јаворите лично ги обезбедив, и тие се донација од фирма која подолго време соработува со претпријатието“, рече директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.
Дел од граѓаните се изреволтирани од фактот дека палмите кои сега се исушени чинеа 500 евра, а ако на тоа се додадат и трошоците за одржување, само во Скопје се „исушени“ над пола милион евра.
– Граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, а властите трошат пари на палми кои се очекуваше да не преживеат.Скопјани имаат други поважни проблеми, како проблемот со сообраќајот за велосипедисти и слично, а се трошат пари за дрвја, кои според мене, ниту изгледаат убаво за нашиот град, ниту се карактеристични за нашето поднебје“ – вели Викторија М, од Дебар маало.
крај/мф/ем
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
