Контакт

Скопје

Кисела Вода повторно субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата

Објавено пред

Кисела Вода и годинава субвенционира набавка на пелети и огревно дрво за домаќинствата.  Денес на општинската веб страница е објавен јавен повик за двата типа на поддршка кои на жителите од овој дел на градот треба финансиски да им помогне во подмирувањето на сметките за загревање на домот.

dobivaj vesti na viber

Согласно наведените критериуми, субвенционирањето за кофинансирање за набавка на пелети за домаќинствата на територија на  Општина Кисела Вода, ќе биде во износ од 50% од вредноста, но не повеќe од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок на доход. Притоа, потребно е да се достави доказ дека е извршено купувањето на пелетите, од 01.01.2024 година до завршување на јавниот повик, со приложување на фискална сметка или фактура и извод од деловна банка за извршена уплата во оригинална форма. Јавниот повик ќе трае до исцрпување на предвидените средства за оваа намена во Буџетот на Општина Кисела Вода, а најдоцна до 31.10.2024 година. Подетални информации околу субвенциите за набавка на пелети, заинтересираните можат да добијат на следната мејл адреса : [email protected].

Во однос на поддршката за набавка на огревно дрво, Општина Кисела Вода ќе субвенционира по 500 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар кубен (1 m³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 кубни метри (10 m³) дрва  или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен (1 метар просторен) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 14 метри просторни (14 метри просторни) дрва за огрев за жителите на општина Кисела Вода. Право на учество за користење на субвенции на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Кисела Вода за купување на дрва за огрев ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од 01 април 2024 година и се до денот на објавување на Јавниот повик.  И за оваа субвенција потребен ќе биде доказ кој ќе биде доставен во форма на потврда ,испратница или останат документ (фотокопија) кој го потврдува купувањето/добивањето на дрвата за огрев за веродостоен ќе биде со датум од 01 aприл 2024 година и тој ќе се поднесува заедно со потребната документација во затворен плик преку Архивата на општина Кисела Вода до Комисијата за спроведување на постапката. Подетални информации околу субвенциите за набавка на дрво за огрев, заинтересираните можат да добијат на телефонскиот број 02/2785-427.

И за двата повика, селекцијата ќе се врши по принципот на прв дојден-прв услужен. Целата потребна документација за аплицирање и сите дополнителни информации се достапни на веб страната на Општина Кисела Вода на следниот линк:

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Peleti2024.pdf

https://opstinakiselavoda.gov.mk/wp-content/uploads/2024/09/Drva2024.pdf

Скопје

Привремен режим на сообраќај за време на одржувањето на 20. Виз Ер Скопски маратон

Објавено пред

Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, во недела со почеток од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град. Ова значи дека одредени улици ќе бидат целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Поточно, во недела, 06.10.2024, започнувајќи од 03:00 часот, сообраќајот ќе биде затворен од Градска Болница, сѐ до Палома Бјанка, а целата патека се затвора исто во недела, 06.10.2024, од 06:00 часот.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија. Локација за старт на сите трки e Собрание на Р. Македонија. Време за старт на сите трки e 08:00 часот, но организаторите апелираат тркачите да дојдат барем 20 минути порано. При влез во старт зоната, се апелира секој тркач да влезе во соодветниот бокс за својата трка или таргет време што го има одбрано при процесот на регистрација, сѐ со цел да не се создаваат турканици. Тркачите на маратонската, полумаратонската и штафетната трка ќе тргнат во правец кон Католичка Црква, а тркачите на трката Комерцијална Банка 5км ќе трнат во правец кон Црвен Крст.

Патеката за маратонската трка, полумаратонот и штафетната трка, ќе стартува на улицата „11 Октомври“ пред Собранието и тргнува во правец кон запад по улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Тркачите ќе трчаат право во двете насоки до крај на овој булевар и продолжуваат право по ул. „Васил Чакаларов“, каде по семафорите во населба Хром, ќе свртат полукружно и ќе се вратат во правец кон центар по истите улици и булевари. Кога ќе се враќаат тркачите кај Собрание, ја продолжуваат трасата по улица „11 Октомври“ кон Црвен Крст и ќе свртат кај Тутунски комбинат лево на бул. „Крушевска Република“ и десно на „Трета Македонска Бригада“. По неа ќе се трча до раскрсницата кај Американ Колеџ и ќе се врти лево по улица „Васко Карангелески“. Потоа ќе трчаат право сѐ до раскрсницата со бул. „Јане Сандански“. На раскрсницата ќе се врти десно и ќе се трча сѐ до раскрсницата со Бул. „Србија“, каде, пред неа се врти полукружно во истата коловозна страна (другата страна од булеварот е слободна за сообраќај во правец кон Центар) и ќе трчаат до пред раскрсницата кај Тобако 2. Тркачите полукружно ќе се враќаат до раскрсницата кај Сансет, ул. „Васко Карангелески“, десно до крај и повторно десно ќе излезат на „Трета Македонска Бригада“. Трчаат по истата патека до Собрание, полумаратонците финишираат на Плоштад Македонија, а Маратонците трчаат уште еден круг.

За патеката за трката на 5 км, стартот е пред Собранието, по кое натпреварувачите ќе трчаат во правец на населба Аеродром, односно кај Тутунски комбинат ќе свртат лево, по „Трета македонска бригада“ и кај Супермаркетот Тинекс ќе свртат полукружно и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“.

Организаторите на Виз Ер Скопскиот маратон ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ги користат алтернативните решенија за сообраќај. Исто така, СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива трката.

Од ЈСП Скопје, пак, ги информираат скопјани дека во период од 07:00 до 14:00 часот, поради одржување на маратонот, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 07:00 до 14:00 часот нема да сообраќаат линиите: 3, 3Б, 4, 4А, 9, 16, 22А, 24, 25, 59Б.

Прикажи повеќе...

Скопје

ЈСП: Превозот утре од 18:00 до 2:00 часот наредниот ден ќе биде бесплатен

Објавено пред

На 5 октомври 2024 година, сабота, поради oвогодинешното издание на „Бела ноќ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.

dobivaj vesti na viber

Прикажи повеќе...

Скопје

Општина Аеродром им додели признанија и парични награди на најдобрите наставници

Објавено пред

Најдобрите наставници и стручни соработници од осумте основни училишта во Општина Аеродром денеска добија признанија и парични награди во висина од 10 илјади денари.

dobivaj vesti na viber

Признанијата и наградите им ги врачи в. д. градоначланикот на Општина Аеродром, Дејан Митески, во пресрет на утрешниот Светски ден на наставникот – 5 Октомври. Тој им се заблагодари за нивната посветеност и за љубовта со која ја работат една од најблагородните професии и им посака уште многу поголеми успеси и достигнувања во нивната кариера.

Оваа година за најдобри наставници од страна на училишните одбори се избрани: Ивана Цветановска од ОУ „Љубен Лапе“, Марјанa Настевска од ОУ „Блаже Конески“, Александар Темелковски од ОУ „Александар Македонски“, Соња Фортуманова од ОУ „Браќа Миладиновци“, Виолета Јовановска-Никовска од ОУ „Димитар Македонски“, Љубинка Стојановска од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“, Марија Андонова од ОУ „Гоце Делчев“ и Марина Нанева од ОУ „Лазо Ангеловски“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Ахмети: „Вреди“ да се повлече од узурпацијата на институциите без легитимитет, а ние нема да станеме дел од Владата, и заедно да го прекинеме ова понижување на Албанците

Преку статус на Фејсбук, лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, ги откри петте приоритети и ги повика „Вреди“...

Македонија4 часа

Меџити за можни преговори со Тачи: Во наредниот период ќе има повеќе информации, јас лично немам такви преговори

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити изјави дека засега нема преговори со Мендух Тачи...

Македонија4 часа

Нема потреба од закони за амнестија за намалување на пренатрупаноста во затворите, Коцевска охрабрува да се даваат условни казни со надзор

Месно нови закони за амнестија за намаување на пренатрупаноста во затворите, судијката Билјана Коцевска од Основниот кривичен суд Скопје охрабрува...

Македонија4 часа

Одложено судењето за Вања и Панче: еден од притворените е на Нефрологија поради влошена здравствена состојба

Основниот кривичен суд Скопје денеска информира дека притвореникот Б. В., кој е еден од обвинетите во предметот со К. бр....

Македонија7 часа

Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари

Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари,...

Регион8 часа

(Видео) Најмалку пет лица загинаа во поплава во БиХ, три лица се изчезнати

Најмалку пет лица загинаа во поплавите и свлечиштата што ја погодија населбата Јабланица на југот на Босна и Херцеговина, според...

Топ8 часа

Загина 15-годишно момче на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка

Вчера околу 21:40 чсаот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во населбата Карпош се случила сообраќајна несреќа со трагичен крај. Малолетник...

Македонија8 часа

„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на...

Свет9 часа

Објавена фотографија од човекот поради кој Израел синоќа и утрово го бомбардира Бејрут

Израелските напади во Бејрут во четвртокот доцна вечерта и денеска рано наутро по локално време беа насочени кон Хашем Сафиедин...

Македонија9 часа

„Анима мунди“: Со огнено оружје во Визбегово осакатени миленици, се убиваат животни од локален психопат

„Видете ги овие грозоморни фотографии: кошмар преживуваат животни и жители на Визбегово од локален психопат, кој стрела по живи цели,...

Свет9 часа

Експлозии во Бејрут, Израел продолжува да напаѓа: гаѓани бункери, цел бил човек кој би можел да стане нов лидер на Хезболах

Околу полноќ Израел изврши напад врз подземен бункер во јужните предградија на Бејрут, каде што се одржуваше состанок, на кој...

Свет9 часа

Бајден: Не верувам дека ќе има сеопфатна војна на Блискиот Исток

Американскиот претседател Џозеф Бајден рече дека верува оти може да се избегне сеопфатна војна на Блискиот Исток, наведувајќи дека треба...

Свет10 часа

Ким Џонг-ун се закани со нуклеарен одговор доколку се наруши суверенитетот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун изјави дека неговата земја нема да се двоуми да ги употреби сите расположливи офанзивни сили,...

Свет22 часа

Макрон: ЕУ може да умре ако не стане поконкуретнтна со САД и Кина

ЕУ може да умре ако не стане поконкурентна со САД и Кина, предупреди францускиот претседател Емануел Макрон. „Унијата регулира премногу,...

Македонија23 часа

(Видео) Во Прилеп утре Ден на жалост, по трагичната несреќа во која загинаа три медицински лица

Во Прилеп, утрешниот ден се прогласува за Ден на жалост поради трагично загинатите медицински лица, кои утрово ги загубија животите...

Скопје1 ден

Кривичната од МВР е политички мотивирана, градежната дозвола за тениските терени е од времето на Груевски, тврди Општина Карпош

По повод информацијата дека Одделот за криминалистичка полиција при Министерството за внатрешни работи поднело кривична пријава против една скопска општина...

Македонија1 ден

Мицкоски по најавите за протести од ДУИ: Доколку од мирни и демократски, преминат во насилство, ние мораме да ги одбраниме институциите

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека омекнала реториката на ДУИ, која сега најавува протести откога првичните обиди за дестабилизација ѝ биле...

Македонија1 ден

Радиолог, гинеколог и радиолошки технолог загинаа во сообраќајната несреќа кај Прилеп

Во тешката сообраќајна незгода на патот Прилеп – Битола загинаа радиолог, гинеколог и радиолошки технолог. Преку социјалните мрежи за нивната...

Македонија1 ден

За еден месец има шест пријави за врсничко насилство, Јаневска најави измени за психолозите и педагозите да си ја работат само својата работа

Министерството за образование, изминатиот месец, од почетокот на школската година, добило шест пријави за врсничко насилство, извести денес министерката Весна...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче префрлил 7 милиони евра од здравството на фирма на роднина

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини поранешната власт предводена од СДСМ и ДУИ за несоодветно управување со здравствениот систем во земјата. Актуелниот претседател...