Контакт

Скопје

Колапс на јавниот превоз, скопјани се солидаризираат: „Застанете ако сте со автомобил, превезете некого“

Објавено пред

Од синоќа, со оглед дека нема автобуси, на социјалните мрежи се споделуваат повици за оние што одат на работа со автомобил да превезат некого кој очајно чека на автобуските постојки.

„Апел до сите што одат на работа со сопствено возило да застанат на најблиската автобуска станица и да прашаат студенти, пензионери дали има некој да превезат до попатната дестинација“, се споделува во фејсбук-групите.

„Утрово, со автомобил, одејќи накај работа, застанав и качив тројца од станица и ги однесов до работа. Луѓето чекале 45 минути автобус на ладново. Бидете хумани, добри ЛУЃЕ, качете и вие некого и однесете го/ги до одреденета локација. Ладно е, нема автобуси“, сподели скопјанец во фејсбук-групата „Стари скопјани“.

„Изутрина и во текот на денот, ако проаѓате со автомобил на автобуска и забележите метеж, застанете и качете некое дете или пензионер, префрлете ги до училиште или болница. Да бидеме луѓе!“, повика Ѓорѓи Галетановски, претседателот на Градската организација на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Општина Центар: Модернизација на уличното осветлување и електричната мрежа на потегот од ООУ „Ј.Х. Песталоци“ до Романската амбасада

Објавено пред

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците.

Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата.

„Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а напојувањето ќе се врши преку нови подземни кабли. По завршувањето на земјените работи, тротоарите ќе бидат целосно обновени и реконструирани.

Со реконструкцијата ќе се обезбеди посигурно и поквалитетно снабдување со електрична енергија, ќе се намали ризикот од дефекти, пожари и непланирани прекини, а ќе се создадат и услови за приклучување на нови корисници на мрежата“, соопшти Општината и апелира до граѓаните за разбирање и трпение за време на реализацијата на активностите.

Прикажи повеќе...

Македонија

3.500 денари за секое прваче запишано во основно училиште во општина Аеродром

Објавено пред

Општина Аеродром и оваа година продолжува со поддршката на семејствата, обезбедувајќи еднократна парична помош во износ од 3.500 денари за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината.

Пријавувањето ќе трае од 15 јуни (понеделник) до 30 септември 2026 година.

За остварување на правото на парична помош, во архивата на Општина Аеродром потребно е да се достават:

• Потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар;
• Фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето;
• Фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општина Аеродром;
• Фотокопија од трансакциска сметка.

Образецот за пријава и изјавата за согласност за обработка на лични податоци можете да ги преземете на:
http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari

„На сите идни првачиња им посакуваме успешен почеток на новото животно поглавје, многу знаење, другарства и безброј убави училишни спомени!“, порачуваат од општина Аеродром.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја дел од Центар

Објавено пред

Од ЕВН Македонија известуваат дека без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 08.30 до 15.30 часот, дел од корисниците од улица Ѓорѓи Скрижевски, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Техеран му одговара на Вашингтон: „Имаме и други јазици освен дипломатијата“

Додека чекаше одговор на Иран на најновата закана на Трамп за соборувањето на американскиот воен хеликоптер, непосредно пред објавата на...

Свет3 часа

Лидерите на осум нордиски и балтички држави: Украина мора што поскоро да се приклучи на ЕУ и НАТО

Лидерите на осумте нордиски и балтички држави испратија порака од регионалниот состанок во Талин во вторник, поддржувајќи го „неповратниот пат“...

Свет3 часа

Трамп: Иран собори американски воен хеликоптер, САД мора да возврати

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека иранската армија нападнала и соборила хеликоптер „Апачи“ на американската армија во близина на...

Македонија4 часа

Савески со директорот на Финансиската полиција: борбата против финансискиот криминал и корупцијата во фокусот

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески на денешната средба со директорот на Управата за финансиска полиција Слободан Ивановски...

Забава4 часа

Лето кое ќе го паметат со години: за три знаци, тоа ќе биде пресвртница во нивните животи

Често го поврзуваме летото со одмори, патувања и безгрижни моменти, но за некои хороскопски знаци може да донесе многу повеќе...

Спорт4 часа

Нан доби нестварна сума за да игра за Катар

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е во последна фаза од преговорите со Катарската кошаркарска асоцијација и ќе стане репрезентативец на...

Свет4 часа

Рускиот министер за одбрана: Америка да го повлече нуклеарното оружје од Европа

Руското тактичко нуклеарно оружје не претставува закана за Соединетите Американски Држави, изјави Андреј Белоусов, министер за одбрана и шеф на...

Спорт4 часа

Атлетико од Реал одбил 150 милиони евра за Алварез

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објави дека испратил понуда од 150 милиони евра до градскиот ривал Атлетико Мадрид за напаѓачот Хулијан...

Македонија4 часа

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот С.Б. и ја прифати понудената гаранција, со што...