Скопје
„Комунална хигиена“ отстрани уште една дива депонија на пластичарската улица
Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување дива депонија лоцирана на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

„Во рамките на активностите се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри непрописно одложен отпад.
Посочениот реон претставува „црна точка“ каде што веќе подолг период е забележано континуирано одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар: Сечење и кастрење на заболените и небезбедни дрвја на „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, нови садници ќе бидат засадени на истите локации
Општина Центар информира дека во наредниот период ЈП „Паркови и зеленило“ ќе спроведе активности за сечење и кастрење на дрвја на улиците „Ленинова“ и „Мирослав Крлежа“, согласно решенијата донесени од Град Скопје, по извршен стручен увид на терен.
„На улица „Ленинова“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до Министерството за земјоделство, ќе бидат отстранети 25 дрвја, а 74 ќе бидат искастрени. На улица „Мирослав Крлежа“, на потегот од булевар „Партизански одреди“ до ул. „Орце Николов“, е предвидено сечење на 3 и кастрење на 13 дрвја.
Според стручниот увид, дрвјата предвидени за сечење се биолошки деградирани, суви, заболени, мртви, или со нарушена стабилност на кореновиот и стеблениот систем, поради што претставуваат потенцијален ризик за безбедноста на јавниот простор. Кај дел од останатите дрвја е потребно кастрење поради суви и надвиснати гранки.
Дрвјата што ќе бидат исечени ќе бидат заменети со нови повозрасни садници (над шест години) во ист број и од истиот вид,
Новите дрвја ќе бидат засадени на истата локација каде што е извршено сечењето, согласно решенијата на Град Скопје“, соопшти Општина Центар.
Македонија
(Фото) Меџити: Паркот „Ринија“ ја покажува силата на соработката меѓу граѓаните, институциите и младите
Паркот „Ринија“ во Топанско Поле прераснува во успешен пример за соработка меѓу граѓаните, институциите и приватниот сектор, покажувајќи дека заедничкиот ангажман може да создаде поквалитетни јавни простори за заедницата, известуваат од Општина Чаир.

Создаден преку заедничка акција на Општина Чаир, ЈП „Паркови и зеленило“, студентите и младите од Универзитетот „Мајка Тереза“, паркот денес претставува жив простор каде се собираат граѓаните, децата и младите.

„Паркот ‘Ринија’ е доказ дека кога ќе се обединат граѓанската иницијатива, институционалната поддршка и енергијата на младите, се создаваат простори кои му даваат живот на маалото и го зајакнуваат чувството на припадност кон заедницата“, изјави Меџити.

За време на настанот организиран во паркот, млади музичари настапија пред жителите, додека семејствата и граѓаните уживаа во пријатна атмосфера исполнета со креативност, позитивна енергија и дух на заедништво, се додава во соопштението од Општината.

Македонија
Без вода утре неколку улици во Скопје
В сабота, поради поправка на затворач ф300мм на булеварот Крсте Мисирков и улицата Отокар Кершовани, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршување на работните активности;
Исто така утре, поради поправка на два затворачи ф600мм и ф300мм на Кеј Димитар Влахов, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08,00ч до завршувањето на работните активности.
