Скопје
„Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со активностите за расчистување на снегот во сите скопски општини
И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско подрачје, велат од Комунална хигиена-Скопје.

Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди – до ООУ „Васил Главинов“, Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка.

Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Од дива депонија до голем модерен парк во Сарај
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека денеска заедно со градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, го посетиле просторот покрај реката Вардар, на патот кон селото Рашче, место кое, како што вели до вчера било дива депонија, а денес веќе се чисти и се подготвува да добие сосема нов лик.
„Овој запуштен простор ќе прерасне во голем, модерен и уреден парк, со хортикултурно и партерно уредување, зелени површини и содржини за рекреација, одмор и дружење на жителите од овој дел на Сарај.
Истот така, наскоро започнуваме и реконструкција на мега-паркот во Сарај, кој децении е оставен во негрижа. Ова место има природна убавина, има потенцијал и заслужува грижа. Не заслужува отпад, запуштеност и заборав, туку живот, зеленило и простор во кој граѓаните ќе уживаат. Вложуваме во секој дел од Скопје, затоа што сите наши сограѓани заслужуваат еднакви услови, уредена околина и подобар квалитет на живот“, порача Ѓорѓиевски.
Македонија
(Фото) Се асфалтира улицата „Симеон Кавракиров“ во Мичурин
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности на една од најзначајните улици во населбата Мичурин – „Симеон Кавракиров“, каде што е во тек асфалтирањето на коловозот и изградба на нови, современи и безбедни тротоари со бехатон-плочки и ниски рабници.
Станува збор за долгоочекуван инфраструктурен проект кој претставува значајна инвестиција во безбедноста, мобилноста и квалитетот на живот на жителите. Улицата, со должина од 485 метри, претставува важна сообраќајна врска низ која секојдневно се движат голем број граѓани, извести Општина Аеродром.

Реконструкцијата опфати целосна обнова на коловозната конструкција, при што се предвидени 3.950 квадратни метри нов асфалт и изградба на 2.305 квадратни метри тротоарски површини со бехатон-плочки.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 22 милиони и 630 илјади денари.

Со реализацијата на овој проект, улицата „Симеон Кавракиров“ добива модерен изглед и значително подобрени услови за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, со што директно се унапредува секојдневното функционирање на жителите на Мичурин, се додава во соопштението на Општина Аеродром.
Македонија
Герасимовски: Центар обезбеди згрижување за 116 деца од училишна возраст во градинките, единствена општина во државата со ваква мерка
Општина Центар и ова лето обезбеди згрижување за деца од училишна возраст до 10-години во градинките, како поддршка за семејствата за време на распустот.
„Им излегуваме во пресрет на родителите кои поради работните обврски имаат потреба од згрижување на своите деца во текот на летото. Со оваа мерка им помагаме на семејствата полесно да се организираат, а на децата им овозможуваме едукативни и квалитетни содржини во нашите воспитно-образовни установи“, истакна градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Згрижени се 116 деца во градинките „13 Ноември“, „Кочо Рацин“ и „Раде Јовчевски Корчагин“, каде го поминуваат времето во безбедна средина, преку разни активности прилагодени на нивната возраст.
Општина Центар останува единствената локална самоуправа во државата која организира ваков тип летно згрижување за деца од училишна возраст, со цел да да обезбеди континуирана грижа за семејствата и во летниот период, соопшти Општината.
