Скопје
Општина Аеродром: Тендерската постапка за патот во Долно Лисиче е во тек
Општина Аеродром информира дека веќе се обезбедени средства за целосна реконструкција на патот во Долно Лисиче, според високи меѓународни стандарди. Од општината велат дека се во постојана комуникација со Јавното претпријатие за државни патишта, под чија надлежност е регионалниот пат Јурумлери – Драчево.
„По реакцијата на жителите од Долно Лисиче, би сакале уште еднаш да истакнеме дека ја разбираме итната потреба од реконструкција на овој пат. Целта на проектот на кој активно се работи е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите кои го користат патот Јурумлери – Драчево. Токму затоа, самиот проект предвидува градежни активности и материјали кои се според високи меѓународни стандарди. Тендерската постапка е во тек и се очекува да заврши до средина на август. Сите предвидени активности ќе се реализираат во најбрз можен рок“, велат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 12.00 часот, корисниците од улицата Костурска ,ул. Тале Христов Слога, Клиника ВФВ и Санте плус 3, општина Бутел;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улица Франце Прешер околу објект 141, општина Карпош;
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, корисниците од Бул. Босна и Херцеговина и ул.Боро Менков, општина Бутел.
Македонија
Во општина Илинден одбележан празникот „Св. Константин и Елена“
Во чест на празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена, денес во општина Илинден свечено беше одбележан патрониот празник на храмот „Св. Константин и Елена“.
По тој повод, беше отслужена света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше Епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким. На богослужбата присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој со своето присуство ја потврди поддршката на локалната самоуправа во негувањето на духовните, културните и традиционалните вредности во заедницата.

По повод празникот, градоначалникот упати честитки до православните верници, особено, до сите граѓани кои го носат името на светите Константин и Елена, посакувајќи им добро здравје, среќа, благосостојба и духовен мир.

Светата литургија беше посетена од голем број верници од општина Илинден, кои достоинствено го одбележаа празникот посветен на светиот цар Константин Велики и неговата мајка Елена. Нивното дело и нивната посветеност на христијанската вера претставуваат трајна инспирација и значаен дел од христијанското духовно наследство, се вели во соопштението од општина Илинден.
Македонија
ЈП Комунална хигиена-Скопје: Заклучно со 5 јуни завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање
ЈП Комунална хигиена-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП Водовод и канализација-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање.
„Ги повикуваме корисниците во текот на преостанатите два дена да ја искористат поволноста што им ја нуди оваа акција и да ги отплатат своите долгови без пресметана камата“, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.
