Скопје
Општина Центар гради парк за миленици
Општина Центар започна со изградба на парк за миленичиња.
Паркот е сместен во рамките на “Паркот на новинарите”, спроти Министерството за образование и наука, и е на површина од 308 метри квадратни.
За поголема безбедност, просторот ќе биде опколен со ограда висока два метри.
Паркот ќе биде збогатен и со урбана опрема, односно клупи и корпи за отпадоци. Во договор со граѓаните, ќе бидат поставени и реквизити за миленичињата и ќе овозможи активно дружење со домашните миленици.
Како што посочува градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, општината е во постојана комуникација со своите жители, и се грижи за нивните потреби. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
