Контакт

Скопје

Поради технички зафати во вторник повеќе скопски улици без струја

Објавено пред

Поради технички зафати во електро-мрежата од страна на Екипите на ЕВН Македонија, во вторник, 14-ти февруари, во одреден период од денот без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе улици во скопските општини.

Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од улицта „Партизански пат“ во село Драчево, oпштина Кисела Вода.

Од 08:30 до 10:30 часот, корисниците од улицата „Мите Богоевски“, подулица бр. .7, во општина Аеродром.

Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата „Мелничка“, во општина Шуто Оризари.

Од 10:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата „Ѓорѓи Сугарев“ бр. 12, во општина Кисела Вода.

Од 11:00 до 14:30 часот, корисниците од улица 1 и улица 2 во Долно Лисиче, во општина Аеродром.

Од 10:00 до 14:30 часот, корисниците од улицата „Тодор Чангов“, подулици бр. 13 и бр. 48, во општина Аеродром./крај/мф

Македонија

(Видео) Шилегов промовираше нови комунални возила

Објавено пред

Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ денеска промовираа пет нови специјални комунални возила кои се дел од 37-те различни возила што ги набави ова јавно претпријатие согласно со договорот склучен на крајот на минатата година.

На денешната промоција на новите возила присуствуваа градоначалникот Петре Шилегов и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Абдусамед Шабани.

„Ова се пет од 37-те возила кои допрва треба да пристигнат во нашиот град, за кои ЈП Комунална хигиена спроведе постапка за јавна набавка, а договорот е склучен кон крајот на минатата година. Овие пет специјализирани возила се наменети за собирање и транспорт на отпад од корпите за џебен отпад, за индивидуалните канти од домаќинствата, како и за контејнерите од 1,1 кубен метар. Вредноста на петте возила изнесува 38 милиони денари со вклучен ДДВ. Ќе имаме уште 32 нови возила кои ќе ги претставиме кон крајот на месецот како што ќе пристигнуваат, и тоа 5 возила кои се наменети за контејнери од 1,1 и од 5 м3; 10 возила кои се наменети за контејнери од 5 м3; 5 возила за контејнери до 1,5 м3; 5 возила – самоподигнувачи со носивост од 7 тони; 10 цистерни за миење улици и 2 кипера со капацитет од по 16 м3. Сите овие возила ќе бидат испорачани до крајот на месецот, а вкупната вредност изнесува околу 200 милиони денари со вклучен ДДВ“, рече Шилегов.

Тој нагласи дека Градот Скопје пред околу 2 и пол години започнал со воведување нови стандарди во третманот на комуналниот отпад како политики што ги водат најсовремените европски градови.

Прикажи повеќе...

Македонија

Еуфорија пред последниот меч на Пандев: Во Ново Лисиче натпреварот ќе се следи на видео-бим

Објавено пред

Во скопската општина Аеродром и денеска ќе се навива за македонските фудбалски херои кои од 18 часот ќе настапат против тимот на Холандија во рамките на Европското првенство, што воедно е и последниот натпревар во репрезентацијата на капитенот, Горан Пандев.

Натпреварот, како и претходните два, ќе биде пренесуван на голем екран поставен во паркот „Нирнберг“ во Ново Лисиче, а еден час пред почетокот ќе има едночасовна програма за забава и дружење на љубителите на спортот.

Општина Аеродром, како и претходните натпревари, така и денеска, очекува голем број посетители, кои заеднички и еуфорично ќе го проследат последниот натпревар на нашите фудбалери на годинешното Европско првенство.

Причина плус за следење на овој фудбалски натпревар со Холандија е тоа што капитенот Горан Пандев, кој остави огромна трага во македонската фудбалска историја, најави дека тоа ќе биде и негов последен настап во дресот на македонската репрезентација

Настанот ќе се одржи според сите протоколи на отворено, а присутните се замолуваат да ги почитуваат сите пропишани мерки.

Прикажи повеќе...

Македонија

Денеска и утре прскање против комарци во Скопје

Објавено пред

Градот Скопје информира дека денеска и утре во раните утрински часови се одвиваше авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци.

Од утре до петок во период од 22 до 03 часот наредниот ден, ќе се одвива и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот, против возрасни форми на комарци.

Како што соопштија од Градот, доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.

Од Градот ги известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт4 часа

Пандев: Не може ништо да се спореди со овој свет дрес

Горан Пандев заминува од македонската репрезентација, како рекордер со 122 настапи и 38 гола, со остварено ветување за пласман на...

Спорт5 часа

ЕУРО 2020 заврши за Македонија, Холандија и Австрија во осминафиналето

Македонија со 0:3 пораз од Холандија го заврши историскиот настап на ЕУРО 2020, во меч кој носеше големи емоции за...

Спорт6 часа

Моменти за солзи – цела Амстердам арена со поздрав за Пандев

Горан Пандев имаше емотивно збогување со националниот дрес, откако селекторот Игор Ангеловски реши да го повлече од игра во 68....

Македонија12 часа

Нема најава за нови рестрикции по вториот случај на индиски вид во Македонија

Во текот на вчерашниот ден во Македонија беше детектиран и вториот случај на индискиот вид на коронавирусот, но засега нема...

Економија12 часа

Се зголемуваат цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Европа13 часа

Рекорден дневен број на заразени со Ковид-19 во Москва

Бројот на новоинфицирани oд коронавирус во руската престолнина Москва и нејзината област во изминатите 24 часа достигнал 1.800, што е...

Македонија13 часа

Сојузот на средношколци: Да се објават извештаите за училиштата кои наплаќаа свидетелства

Сојузот на средношколци бара од државниот просветен инспекторат јавно да ги објави извештаите за спроведените инспекции во четирите средни училишта...

Топ14 часа

МВР со детали за сообраќајната несреќа во која загинаа две лица

Две лица загинаа вчера во сообраќајната несреќа што се случи на експресниот пат Штип-Кочани, во близина на населбата „Три чешми“. Според...

Македонија15 часа

По отповикувањето, Азески на Црна Гора ѝ посака брз развој и просперитет

Бранко Азески се огласи со коментар по одлуката на Владата во Црна Гора, да го отповика како почесен конзул на...

Свет16 часа

(Видео) Американската морнарица во океан детонираше бомба, предизвикан земјотрес

Експлозија изведена од американската морнарица, предизвика земјотрес. Бомбата тешка 18.143 килограми била активирана крај брегот на Флорида. Експлозијата била извршена...

Македонија16 часа

Владата во Црна Гора го отповика почесниот конзул во Македонија, Бранко Азески

Владата во Црна Гора ваквиот потег го објасни со изјава дека отповиканиот амбасадор се обидел да ги омаловажи и да...

Свет16 часа

САД со ултиматум до Кина, или нова истрага за Ковид-19, или изолација

Џејк Саливан, советник за безбедност на американскиот претседател Џозеф Бајден, рече дека Кина има уште еден избор или да дозволи...

Спорт17 часа

Пандев последен пат ќе ја предводи Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство. Натпреварот против Холандија, на стадионот што го...

Европа17 часа

ЕУ: Црна кутија, задолжителна во автомобилите од следната година

Од следната година, задолжително во сите нови автомобили во ЕУ ќе биде поседувањето т.н Црна Кутија, а од 2024 година,...

Македонија1 ден

За шест часа, казнети 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Полицијата за шест часа казни 66 возачи за брзо возење на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, соопшти Министерството за внатрешни...

Спорт1 ден

„Гранде“ Пандев потврди дека утре го игра последниот меч за Македонија!

Легендарниот македонски капитен Горан Пандев, потврди дека утре против Холандија ќе го одигра својот последен меч за македонската репрезентација, заминувајќи...

Регион1 ден

Џамбаски: Македонија е бугарска, од двете страни на границата Деве Баир живее една нација

Една нација живее на двете страни од границата Деве Баир, а тоа е бугарската, ова го напиша бугарскиот европратеник, Ангел...

Македонија1 ден

Нови осум заболени од Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3,...

Свет1 ден

(Видео) Петмина градежни работници загинаа при уривање на училиште во Белгија

Најмалку пет лица загинаа а девет се повредени кога училишна зграда во белгискиот град Антверпен се сруши за време на...

Македонија1 ден

Николоски: Нема да дозволиме избори без евидентирање на граѓаните со отисок од прст

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи локални избори без евидентирање на граѓаните со отисок од...

Досие