Скопје
Продолжува акцијата за собирање кабаст отпад во скопските општини
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со акцијата за собирање кабаст отпад во сите скопски општини. Веќе се реализирани активностите во општината Ѓорче Петров, каде што беа подигнати и транспортирани околу 130 кубни метри кабаст отпад, како и во општината Карпош, каде што граѓаните одложиле вкупно 170 кубни метри стар мебел и покуќнина.
Во моментот акцијата се реализира во скопската општина Центар, а од 17.8.2024 година активностите ќе се одвиваат во општината Кисела Вода, каде што на четири локации ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе постави специјални садови во кои жителите на оваа скопска општина ќе може да го одложат својот кабаст отпад.
Локации за контејнери наменети за одлагање кабаст отпад:
Општина Кисела Вода од 17.8.2024 до 20.8.2024 година
1. УЗ Населба Драчево ул.Бранко Заревски бр.17, Парк на бранители 2. УЗ Кисела Вода ул.Христо Татарчев (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март 3. УЗ Цветан Димов ул.Георги Димитров (заден влез на СГУ Васил Антевски Дрен) 4. УЗ Црниче ул.Наум Охридски бб (пред УЗ Црниче) Општина Аеродром од 21.08.2024 до 24.08.2024 година 1. бул АСНОМ бр. 68, Реон: населба: Јане Сандански 2. ул. Коста Новаковиќ бр.48 (23ти Октомври бр.29), Реон: населба: Стар Аеродром 3. бул. Видoe Смилевски Бато бр. 19, Реон: населба: Ново Лисиче 4. бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“),
Реон: населба: Ново Лисиче Општина Гази Баба од 25.08.2024 до 28.08.2024 година 1. ул. Маџари, спроти ресторан „Далиа“,
Ченто 2. 2. ул. Лазар Поп Трајков, кај месната заедница, Автокоманда 3. 3. ул.М.А.Ченто, кај кај месната заедница, Алија Авдовиќ 4. 4. ул. Благоја Стефковски, кај КАМ маркет, Триангла Општина Чаир од 29.08.2024 до 01.09.2024 година 1. раскрсницата меѓу бул. Цветан Димов и ул. Коста Абрашевиќ 2. ул. Ферид Мурад, до средното училиште Цветан Димов, кај Топлана Север 3. ул. Крсте Асенов бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон) 4. раскрсницата меѓу ул. Дижонска и ул. Втора македонска бригада (кај контејнерите)
Општина Бутел од 02.09.2024 до 05.09.2024 година 1. Скопје Север – кај Стокомак 2. Бутел 2 – на платото кај џамијата 3. Помегу 1 и 2 влез во Радишани 4. Спроти црквата Св.Јован кај трансформаторот во Бутел 1
Општина Шуто Оризари од 06.09.2024 до 09.09.2024 година 1. Автобуска постојка на последна 19-ка 2. Спроти затворот, кај Жуто Лукс 3. На паркингот зад општината Шуто Оризари Општина Сарај од 10.09.2024 до 13.09.2024 година 1. Кај претоварната станица на ЈПКХС 2. Локација кај општина Сарај 3.Влез во Сарај кај стариот мост 4.Љубин, ул.10
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Центар и Бутел денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје известуваат дека денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар и Бутел.
Поради дефект на улична цевка ф 2“ на улица Рајко Жинзифов бб раскрсница со улица Киро Крстевски Платник без вода ќе останат корисниците на дел од улицата Киро Крстевски Платник и дел од улицата Шумадиска во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување на интервенцијата.
Поради дефект на огрлица од ф 250мм на улицата Македонско Косовска Бригада крак 11 бб. без вода ќе останат корисниците од комплекст Вива Фреш, касарната Илинден и улица Македонско Косовска Бригада крак 11 во општина Бутел.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Скопје
„Ако сакате да си правите маркетинг, да си се вработите во маркетинг агенција, а не во МВР, треба да ви е срам“, порача Јакимовски и најави кривична за лажно пријавување
На денешната прес конференција, градоначалникот Јакимовски повторно го образложи проблемот со кој Општината се соочува наназад неколку дена. Тој, пред новинарските екипи, со факти и документи, објасни детално за тениските игралишта на хотелот Александар Палас, за кој изминатиов период Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за дел од вработените во Урбанизам, како и за градоначалникот Јакимовски.
– Зборуваме повторно за тениските терени на хотелот Александар Палас. Поднесена е кривична пријава затоа што сме извршиле легализација на овие тениски терени кои што се составен дел на Александар Палас, а за кои што има и одобрение за градба. Овде имаме тениски терени, сопственост на Борис Трајковски, изградени 2013 година од страна на Владата на Република Македонија, впишани во Катастар со имотен лист. Значи она што го тврди Владата дека се времени објекти, е тотална лага, односно на Министерството за внатрешни работи, рече Јакимовски.
Тој даде и неколку примери каде што се случува истата ситуација, а кои за истите тие сопственици не одговараат по никаков Закон.
– Ова се сансет тениски терени во Аеродром, значи приватна сопственост на земјиште кое што е дадено со право на користење. Потполно иста ситуација како оваа, тие истите биле 1999 година, впишани и дадено е одобрени за градба. Имаме понатака хотел Русија, изградени 2015 година тениски терени до хотелот кои се впишани исто така во Катастар. Следно, во парк тениските терени на Југ, тоа е 1995 година. Сите терени на Југ се впишани во Катастар како имот на тениски клуб Југ, и еве уште едно, ова се наоѓа на тениски терени во склоп на основно училиште во Кисела Вода, изградени 1995 година и сопственик е Општина Кисела Вода. Сега јас сакам да ги прашам професионалците од Министерството за внатрешни работи, како тоа впишани се во Катастар како имот сите овие тениски терени односно спортски терени во сите други општини, само во Карпош не смеело да се впишува, и како тоа сите имаат право на упис во Катастар, само господата од Александар Палас немаат право на сопственост? Овде јасно си стои во геодетските подлоги кои што се издадени 1999 година, во кои што точно се гледаат тениските терени. Ова Катастарот го снимил и го впишал се што видел на лице место и тоа е сегаде. А потоа се прави излагање и на тоа излагање вие го носите основот по кој вие тоа го владеете. Е сега, Александар Палас кога било излагањето не го доставиле документот кој што го поседувале, а тоа е одобрението за градба, за да тоа им се впише како сопственост, туку тој рок тие го пропуштиле. Ова е сопственост на Александар Палас, но со незапишани права и тие незапишани права го остваруваат преку Законот за легализација донесен 2011 и дополна 2016 година и Општина Карпош и службениците на Општина Карпош постапиле согласно Законските прописи и нема никаков пропуст, уверливо посочи првиот човек на Општината.
– Сакам да кажам дека за ова што го прават треба да им е срам, не мораше да има ваква помпезност, за се ова можевме да се разбереме. Очигледно тие сакаат да си прават маркетинг и сакам да им порачам дека ако сакате да си правите маркетинг и да си правите политичко влијание да си се вработите во маркетинг агенција. А не во Министерството за внатрешни работи каде што ве плаќаме со народни пари наместо да гоните организиран криминал и корупција, вие се бавите со маркетинг и пропаганда, ова е чиста пропаганда за која што тие треба да се срамат. Сакам да нагласам дека ние со нашите колеги ќе поднесеме кривична пријава за лажно пријавување затоа што овој предмет е чист како солза и не треба за ова да бидеш посебен професионалец туку од сателит се гледа дека е политички монтиран процес во кој што колегите кои го работеле овој предмет, како колатерална штета ќе настрадаат затоа што градоначалник им е Стевче Јакимовски, заврши градоначалникот на Карпош.
Скопје
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.