Контакт

Скопје

Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

Објавено пред

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште во населено место Миладиновци, кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.

На игралиште целосно е обновен асфалтниот слој, извршено е проширување на теренот, поставено е ново лед осветлување, извршена е обнова на заштитната ограда, поставени се нови голови, кош, клупи, корпи за отпадоци, партерно уреден простор, 40 метри пешачка патека по должина на целото игралиште, со што се доби комплетно нов лик на овој спортски терен во Миладиновци. Со реконструкцијата на игралиштето на учениците од училиштето им се сосдадени одлични услови за реализација на часовите по физичко образование како и комплетно реконструиран, убаво уреден простор каде младите во спортски дух ќе го поминуваат слободното време.

Општина Илинден ќе продолжи и во наредниот период со изградба на нови и реконструкција на постоечките спортски терени и во останатите населени места, со цел да се добие уреден простор, но и безбеден за рекреација и забава на жителите во Општината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја делови од Ѓорче Петров и Сопиште

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:

· од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на улицата 95 во населба Волково, општина Ѓорче Петров;

· од 12:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на улицата 16 во село Долно Соње, општина Сопиште.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Чаир и Карпош денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:

· Поради зафати во водоводната мрежа, на улицата Коста Арашевиќ бб (кај О.У.Хасан Приштина), од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коста Абрашевиќ, Цветан Димов, Панче Неделковски, 5-ти Мај и Кемал Ататурк, општина Чаир;

· Поради зафати во водоводната мрежа на булеварот Партизански одреди бр. 48а, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од булеварот Партизански Одреди во околината, општина Карпош.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање отпад – нема толеранција!“, порачуваат од општина Аеродром

Објавено пред

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот, извести општината Аеродром.

„За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност! Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територија на општината.

Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“, велат од Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Трамп: Иранците рекоа дека ќе добиеме нуклеарен прав

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е уверен дека Иран ќе престане да збогатува ураниум и ќе се откаже од...

Свет42 минути

Пентагон објави колку војната во Иран ја чинела Америка досега

Американската војна во Иран досега чинела 29 милијарди американски долари, изјави денес висок функционер на Пентагон, што е зголемување од...

Македонија1 час

Ученикот кој беше прободен во училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели Стефковски

Ученикот кој вчера беше прободен во основно училиште во Ченто е во болница и е во добра состојба, вели градоначалникот...

Економија1 час

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“: „’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

Компаниите од земјава и од регионот треба да ги напуштат локалните практики и да работат според глобалните правила и стандарди,...

Македонија1 час

Во завршна фаза е изградбата на боксерската сала во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, изврши увид на изградбата, односно завршницата на еден капитален објект за Битола. Центарот за спорт...

Македонија1 час

Средба на Сиљановска-Давкова со канадските претприемачи со македонско потекло, Џон Битов помладиот и Јордан Битов

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на македонската дијаспора во Канада, меѓу кои и канадските претприемачи Џон Битов помладиот и...

Свет2 часа

Кремљ го повтори тврдењето на Путин дека војната во Украина е речиси завршена

Кремљ денес го повтори тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во Украина е речиси завршена, откако украинскиот претседател...

Македонија2 часа

Средба на Сиљановска-Давкова со претставници на СОС Детско село Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставници на СОС Детско село Македонија по повод одбележувањето на 25-годишнината од постоењето и...

Македонија2 часа

Противпожарната бригада од Скопје доби ново возило како донација

Град Скопје ја модернизира Противпожарната бригада со ново специјално навално противпожарно возило од производителот MAN, наменето за гасење пожари во...