Скопје
Советот ја усвои завршната сметка на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година
Во рамки на 45. седница, членовите на Советот на Општина Карпош ги разгледуваа и одлучуваа за десетте точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока беше усвоен Заклучокот, односно Годишниот Извештај за работата на ЕВР – „Карпош“ за 2023 година – Полициска станица од општа надлежност „Карпош“.
Мнозинството советници од Карпош, стои во соопштението од општината, ја изгласаа завршната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2023 година, којашто е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Инаку, остварувањето на приходи во Буџетот за 2023 година зависи од приливот на средства добиени од даноците на имот, даноците на промет на недвижнини, надоместокот за уредување на градежно земјиште, од фондовите, трансферите од други нивоа на власт како и од самофинасирачките активности и блок дотациите за основното образование и детските градинки.
„Вкупните приходи на консолидираниот буџет се предвидени во износ од 1.264.866.000 денари, при што се релизирани вкупни расходи во износ од 1.130.453.993 денари. Оттука, приходите на општинскиот буџет се предвидени во износ од 601.231.000 денари, додека пак вкупните реализирани приходи изнесуваат 525.937.540 денари.
Со истата динамика беше изгласан и Годишниот Извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош за 2023 година, како и Годишната сметка на Буџетот на Општината за 2023 година.
Советниците ги разгледуваа и трите Предлог – Одлуки кои се однесуваат на донесување на Технички исправки. Поточно, станува збор за изработка на Предлог за техничка исправка на Детален урбанистички план за ГП 4.3.10 од ДУП (измена и дополна) за населба Влае 1 дел Б, донесен со Одлука од 19.07.2002 година, КО Ѓорче Петров 4, Општина Капош- Скопје. Се разгледуваа и Предлогот за Tехничка исправка за ГП 6.85 од ДУП (измена и дополна) за населба Козле, М.З. Пецо Божиновски Кочо – дел (Одлука од 28.02.2001 година), како и Предлогот за Техничка исправка за ГП 9.21 од ДУП за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Општина Карпош, Скопје (Одлука од 30.12.2014 година). Веднаш по разгледувањето, со мнозинство гласови беа изгласани трите Предлог – Одлуки за донесување на Технички исправки“, се наведува во дописот.
Советниците дадоа „зелено светло“ и за четирите Предлог – Одлуки за формирање на групи со поголем односно со помал број на деца, од законски предвидениот број на дечиња, во групите во детските градинки „Мајски Цвет“, „Орце Николов“, „Распеана Младост“ и „Пролет“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од општина Карпош и општина Сарај денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на два затворачи од ф – 150 мм на крстосницата меѓу булеварите Партизански Одреди и 8-ми Септември без вода ќе останат корисниците лоцирани на потегот од булеварот 8-ми Септември до улицата Никола Тесла во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде во прекин во периодот од 08.30 часот па се до завршување на работата.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради чистење и хлорирање на десната комора од резервоар Љубин, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата можно е мал прекин во водоснабдувањето да имаат корисниците од село Љубин во општина Сарај.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваaт дека без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Козле од бр.130 до бр.170 ( општина Карпош ), како и дел од корисниците од ул.24 во населба Сопиште. ( општина Сопиште )
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Петар Дељан и Ѓорѓи Сугаре, како и дел од корисниците лоцирани на бул. Борис Трајковски.( општина Кисела Вода )
– во периодот од 12.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. Франце Прешерн. ( општина Ѓорче Петров )
Скопје
Санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.10. до 03.11.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од ПОЦ.
За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, соопшти ПОЦ.