Скопје
Трајановски оствари средба со турската амбасадорка Кара

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во четврток во оствари средба со турскат амбасадорка Тулин Еркал Кара, при што беше истакнато дека соработката на двете држави е на високо ниво, како и соработката на Градот Скопје со амбасадата на Турција во Република Македонија.
Трајановски истакна дека Скопје негува одлични односи и со повеќе општини во Турција, пред се со збратимените Истанбул и Маниса со коишто има одлична соработка, соопштуват од Град Скопје.
На средбата се зборуваше за досегашната соработка, начините истата да се продлабочи, како и за актуелната политичка состојба во Македонија и состојбата со одржувањето на локалните избори./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Условите за користење.

Македонија
Колариќ: Дали Шилегов има однапред договорена милионска зделка за набавка на автобуси?

Од опозициската партија реагираат дека градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов досега потпишал два меморандуми за пробно користење на автобус на гас и автобус на електричен погон со две странски компании.
„Целта на користењето на овие автобуси според објаснувањата на градоначалникот е дека потребно биле да се испитаат техничките карактеристики на автобусите кои подоцна би се набавиле. Се работи за милионски вредна набавка, а Скопје станува полигон за пробна вожња на автобуси.
Со потпишаните меморандуми се отвора сомнеж дека станува збор за можна коруптивна зделка, и дали директно однапред се преудицира во понатамошна постапка доколку има тендерски процес кој ќе биде добитникот на милионскиот тендер.
Како Шилегов потпишува меморандуми за пробно возење кога не знае дали посочените компании ќе победат на евентуален тендер за нови автобуси на гас и електричен погон, или пак доколку е сигурен дека ќе победат дали можеби станува збор за однапред договорена милионска зделка?
Кои се мотивите и дали станува збор за однапред договорена зделка чија вредност е неколку милиони евра. Дали договарањето во 4 очи беше причината поради која владата го укина советот за јавни набавки.
Практично потпишувањето на вакви меморандуми преставува замајување на јавноста и купување на време во отсуство на големи и значајни проекти за Градот Скопје.
Сосема на крај, добро би било Шилегов да објасни и за еден негов личен скандал. Како возилото марка Ауди кое било оштетено МВР тврди дека е негово, а градоначалникот го нема пријавено во анкетниот лист? Се прашуваме кој лаже МВР или градоначалникот Шилегов?“ прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
МВР продолжува со засилени контроли – ноќеска 232 возачи возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените сообраќајни контроли на подрачјето на Скопје во насока на доследно почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Така и синоќа, во периодот од 23,00 до 05,00 часот утров биле извршени контроли на 1.101 возачи.
Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи констатирани биле прекршоци по основ на сообраќајната регулатива.
Како што МВР претходно ја информираше јавноста во текот на вчерашните акциски контроли на подрачјето на главниот град, за истиот временски период вкупно беа контролирани 1234 возачи, 726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив беше утврдено присуство на алкохол во крвта над дозволеното количество. Исто така, беа констатирани и други 252 сообраќајни прекршоци.
Македонија
Приведени четворица скопјани кои ограбувале бензиски пумпи, маркети и аптеки

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против Д.Ј.(35), Ш.Е.(50) и М.Е. (36), сите од Скопје, и против едно непознато лице поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешки кражби“.
Тие во периодот од 24.09.2017 до 13.04.2018 година на подрачјето на Скопје во бензиски пумпи, маркети и аптека извршиле три тешки кражби и две „тешки кражби во обид“. Со употреба на физичка сила и погоден алат ги отворале влезните врати и одзеле сеф во кој имало 256.346 денари и поголема количина на цигари.
На 15.04.2018 година околу 08.00 часот во кафе бар во Скопје од страна на полициски службеници бил уапсен Д.Ј., по што бил предаден во Казнено поправната установа во Куманово на доиздржување казна затвор до 2019 година, со правосилна пресуда за сторени повеќе кривични дела од областа на имотните деликти. Тој бил во бегство од Казнено поправната установа Куманово од 2015 година. Истиот ден во Скопје, на ул. „Благоја Стефковски“ при претрес во домот на второ и третопријавениот, од страна на полициски службеници биле пронајдени и одземени предмети кои потекнувале од извршените кривични дела, по што тие биле приведени. Подоцна, Ш.Е. бил спроведен во Казнено поправната установа Идризово за доиздржување казна затвор од осум години и 11 месеци, со правосилна пресуда за сторени повеќе кривични дела од областа на имотните деликти, а од каде бил во бегство подолг период.
- Македонија1 месец
(Видео) Фатиме Фетаи направи пародија со коментарите дека излегувала во дискотека
- Daily news2 месеци
(Фото) Селфи со Путин предизвика внимание во јавноста
- Култура2 месеци
Александар ќе го нема ни на филм
- Investigative story2 месеци
(Видео) Патарини: Една пресметка за пратениците, друга за граѓаните
- Daily news2 месеци
(Видео) Последна битка за планинарскиот дом Матка, црквата го презема со извршители, планинарите го бараат на суд
- Daily news2 месеци
Заев: Можеме да им купиме возила и да им обезбедиме станови на пратениците во Скопје
- Македонија2 месеци
Изјавата на Заев за отворање на грчкиот Устав – провокација за грчките медиуми
- Daily news2 месеци
Учениците в година нема да учат по програмата „Кембриџ“