Контакт

Македонија

Училишна сообраќајна единица за поголема безбедност

Објавено пред

 

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот, во четврток беше презентирана училишната сообраќајна единица во рамки на СУГС „Боро Петрушевски“.

Станува збор за училишната сообраќајна единица која е формирана во рамки на проектот на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата во град Скопје.

На презентација на училишната сообраќајна единица присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Стојче Стаменковски, директорот на СУГС „Боро Петрушевски“, Соња Ристовска и претставници на Министерството за внатрешни работи.

„Оваа единица е формирана по препорака на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата во град Скопје и нивна цел е зголемување на безбедноста на сообраќајот во Скопје. Во училишната сообраќајна единица членуваат 20 ученици од втора, трета и од четврта година и истите ги исполнуваат условите предвидени со Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици. Членовите на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе работат на терен заедно со претставниците од Министерството за внатрешни работи, каде што ќе работат на подигање на јавната свест и свеста за одговорноста на сите учесници во сообраќајот и ќе ги предупредуваат и едуцираат сите учесници во сообраќајот коишто ги прекршуваат сообраќајните правила. Членовите на училишната сообраќајна единица во рамките на СУГС „Боро Петрушевски“ поминаа теоретска и практична обука, којашто е реализирана во 36 наставни часови, на која тие беа едуцирани за повеќе области од сферата на сообраќајот, како што се сообраќајните знаци и ознаки на коловозот, правилата на сообраќајот на патиштата, возачките исправи, регистрација на возилата, хуманите односи меѓу учесниците во сообраќајот и слично. По обуката сите членови на оваа единица добија соодветни сертификати“, рече градоначалникот Трајановски.

Претседателот на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Стојче Стаменковски, изјави дека формирањето на оваа единица значително ќе се придонесе за зголемување на свеста на граѓаните за опасностите кои може да настанат со несоодветно движење и непочитување на правилата, а со тоа и на општата безбедност во сообраќајот.

„По примерот на голем број европски метрополи, а согласно со Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Градот Скопје во соработка со Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, ја промовираме оваа сообраќајна единица. За нас е значајно да ги потенцираме двата аспекти и продобивки што ќе се добијат од промовирањето на оваа единица. Првиот е сообраќајниот аспект, каде што влегува намалувањето на сообраќајниот метеж, зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, како и намалување на бројот на сообраќајни незгоди. Вториот е едукативниот аспект, каде што ќе ја едуцираме помладата популација за сообраќајните правила и култура“, изјави Стаменковски.

Членовите на училишната сообраќајна единица, согласно со Правилникот за организација, обука и начин на работа на училишните сообраќајни единици, ќе бидат препознатливо облечени во портокалови елеци на кои е напишано името „Училишна сообраќајна единица“ и безбол капчиња со кратенката „УСЕ“. Покрај облеката ќе бидат опремени и со сите потребни реквизити за регулирање на сообраќајот.

Проектот за формирање на првата училишната сообраќајна единица, покрај Град Скопје и Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата во Град Скопје и автосообраќајниот училишен центар СУГС „Боро Петрушевски“, стручно и материјално го помогнаа Министрството за внатрешнии работи, СВР Скопје-Одделение за превенција, Републичкиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и ЈСП-Скопје./крај/со/бб

Најново

Спорт1 час

(Видео) Медведев: Ужасно се чувствувам, сакам лично да му се извинам на човекот

Данил Медведев се огласи по неговата дисквалификација во полуфиналето во Пекинг против Новак Ѓоковиќ и истакна дека е многу повеќе...

Спорт2 часа

Валтери Ботас од Малезија до Сингапур патува со велосипед

Трките во Малезија и Сингапур се сметаат за меѓу физички напорните во календарот на Формула 1, но тоа не е...

Регион2 часа

Солзавец пред Собранието во Приштина, демонстрантите не им дозволуваа на пратениците да излезат

Косовската полиција вечерва употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои го блокираа Собранието во Приштина и не им дозволуваа...

Спорт2 часа

Топ 10 најплатени тренери во светот: Карло Анчелоти ја предводи листата

Карло Анчелоти, предводникот на Бразил е најплатениот селектор во светот на фудбалот. Како што објавија светските медиуми и специјализираните портали,...

Свет2 часа

(Видео) Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви,...

Свет2 часа

Иранскиот претседател: Нема смисла да преговараме со САД додека ни се закануваат

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека преговорите со Соединетите Американски Држави немаат смисла, за време на средбата со ерменскиот...

Забава2 часа

Сем Алтман предупредува: Не ѝ припишувајте религиска моќ на вештачката интелигенција

Извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, јавно предупреди дека луѓето не треба да ѝ припишуваат религиска моќ на вештачката интелигенција...

Регион3 часа

(Видео) Австриски јутјубери влегле на воен аеродром во Србија и се качувале по авиони

Двајца австриски јутјубери објавија видео за кое тврдат дека го прикажува нивното неовластено влегување во воениот аеродром „Полковник-пилот Миленко Павловиќ“...

Забава3 часа

Сезоната на Вагата им носи среќа на четири хороскопски знаци

Сезоната на Вагата трае до 23 октомври и носи поинаква енергија по практичниот и понапорен период на Девица. Фокусот се...