Контакт

Македонија

Шилегов: Скопје ќе го има првиот аквариум во регионот

Објавено пред

Скопје заслужува објекти кои ќе го вратат на вистинската патека. Скопје и скопјани заслужуваат вистински објекти со кои ќе се гордеат, во кои вистински ќе уживаат и за кои ќе раскажуваат на идните поколенија со истиот восхит како кога биле тогаш направени. Затоа Скопје ќе го има првиот градски јавен аквариум со капацитет и квалитет кој ќе биде рамо до рамо со европските аквариуми, најавува градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Според него, Скопје ќе го има првиот аквариум од градовите на поранешна Југославија. Со што овој објект ќе има и регионално влијание, односно планот е да стане една од „must see“ дестинациите при посетата во Скопје, како на наши граѓани од периферијата, така и гости од регионот, Србија, Бугарија, Албанија, Косово и Грција. На овој начин самата инвестиција ќе се врати мошне брзо, а самата институција ќе егзистира и вработува нови млади научници и љубители на акваристиката и подводниот свет.

„Идејата за локацијата првенствено беше таква да се искористат постоечките објекти со што ќе се заштедат средства и ќе се оптимизираат истите за да се инвестира повеќе во содржина на аквариумот. Овој објект со децении немаше никаква намена, но од друга страна е идеален за потребите на скопскиот аквариум. Стратешки, објектот е лоциран до Природонаучниот музеј на Град Скопје и е во самото двориште на Скопје ЗОО“, вели Шилегов.

Аквариумот има можност за независен влез и излез во зоолошката градина, со што се овозможува практичен проток на посетители. Објектот е изграден во склоп на двата споменати објекта и практично има и историско значење поради самиот комплекс на предната фасада од овој зоолошки центар, така што и природно припаѓа на целата содржина, Зоолошка, природонаучен музеј и аквариум.

„Концептот на аквариумот е таков да првенствено ќе ја задржиме целосната градба и архитектура на зградата, практично без никакви архитектонски шминки и вешто ќе ги искористиме самите капацитети што објектот ги нуди. Во долниот подрумски дел, кој е голем практично колку целата зграда што ја гледаме однадвор, во еден дел ќе бидат сместени филтерските станици за прочистување, а во останатиот дел ќе биде карантин со аквариуми, во кој планираме да обезбедиме капацитети за чување на жив подводен свет, флора и фауна и еден мал дел кој ќе има истражувачки капацитет преку кој планираме да формираме тим на биолози и ихтиолози за презервација на одредени загрозени автохтони подводни видови“, објаснува Шилегов.

Изложбениот дел ќе се состои од две нивоа со галерија, каде првенствено ќе бидат искористени сите можности кои ги нуди просторот во кој ќе бидат сместени повеќе аквариуми егзотични видови  распределени по одредени континентални области, Јужна Америка со Амазонија, тропска Африка, Азија и Австралија. Аквариумите ќе бидат поделени системски на аквариуми со слатка и аквариуми со солена вода. Планираме да адаптираме идеални услови за преку 300 видови риби, мекотели, водоземци и сл.

„Веќе имаме обезбедено контакти од неколку врвни центри од Европа, за соработка и стручна, како и материјална помош од берлинскиот аквариум, Виена, Истанбул итн. со што целта ни е да се приклучиме кон глобалната идеја за конзервација и заштита на животната средина и подводниот свет. Она што најмногу нè мотивираше се најмладите и децата, за кои овој објект треба да претставува една од главните атракции. Слично како и Дино-паркот, ќе биде место каде што фасцинацијата и возбудата ќе бидат на прво место. Преку тематските аквариуми децата непосредно ќе се запознаат со поинаква димензија, со што сакаме што повеќе да научат за природата и начинот како функционира подводниот свет, кои се разликите помеѓу нашите видови и оние од тропските краишта, зошто е тоа така и на крај  покрај добрата забава да им дадеме и еден поинаков курс и начин на размислување. Можност да научат повеќе и да се приближат повеќе кон природата на најнепосреден можен начин. Секако во склоп на аквариумот се предвидуваат и многу други активности, како работилници за ученици, престој и организирање на разни детски групи, активности и соработка со разни едукативни центри од целата земја, комерцијални организирани посети од Скопје и другите градови од републиката“, вели Шилегов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

Објавено пред

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно. Имаше ефективно справување со последиците од оваа криза. Ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели во добро или во лошо и треба да си помагаме. Ова во интервју за Нoва.бг. го изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Тој ги отфрли заговорите дека трагедијата била организирана за да се натера Софија да каже ‘да’ за Скопје на нејзиниот пат кон ЕУ.

„Ако ме прашувате за разликите што ги имаме и за европската перспектива, ние никогаш не сме ја прекинале комуникацијата со Република Бугарија. И покрај тоа што беше потешко поради тоа што за една година имаше три избори. Не беше формирана влада и имаше преодна влада, но ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а заложник е пријателството меѓу нашите две земји“, рече Османи.

Додаде дека е во интерес и на Бугарија и на нас и на целата Европска Унија побрзо да се стави крај на ова прашање, кое непотребно ги труе нашите билатерални односи.

„Првите пораки кои доаѓаат од партиите кои можат да коалицираат не’ инспирираат со оптимизам. Но, во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, фокусот не треба да го оставаме само на минатото, туку и на сегашноста и иднината. Цело е кога има се’. Не ја потценувам важноста на историјата и минатото, треба да разговараме за овие прашања, но треба да се фокусираме на сегашноста. Секој ден пишуваме историја. Ние сме сериозни и конструктивни. Ние веруваме во пријателството на нашите две земји. Ние веруваме во заедничка иднина за Европа. Ние сме сојузници во НАТО и ни треба само порационален пристап на двете страни, како и разбирање“, рече шефот на македонската дипломатија.

„Велиме дека луѓето се познаваат во лоши моменти, а пријателите – во тешките. Она што се случи во последните 2 дена покажува дека ние сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо“, рече Бујар Османи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вчера се вакцинирале 4.434 граѓани

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.434 дози вакцини, од кои 1.268 се аплицирани како прва доза, 1.021 се ревакцинирани, а 2.145 граѓани примиле трета доза вакцина.

Заклучно со 26 ноември вкупно се вакцинирани 828.770 граѓани, ревакцинирани се 794.666, а трета доза примиле 70.937 граѓани. 57 проценти од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 проценти, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 проценти од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Објавено пред

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“.

Отпуштените се во добра и стабилна состојба, а се очекува да бидат преземени на натамошно набљудување од страна на здравствените установи во Македонија.

На повредените од денот на приемот до денес им се обезбедува потребната медицинска нега во Бугарија. Нивната состојба секојдневно се проценува и се преземаат потребните медицински мерки, уверуваат од болницата.

Пациентите ќе бидат отпуштени во фази во зависност од нивната состојба.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија18 минути

Османи: Со Бугарија сме најблиски соседи, блиски пријатели и можеме да си помагаме и во добро и во лошо

„Бугарските институции постапија професионално и им обезбедија мир на семејствата на жртвите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше...

Свет59 минути

Можеме да ги приспособиме вакцините кон новата варијанта за околу 100 дена, велат од „Фајзер“

Производителите на вакцини изразија уверување дека ќе можат брзо да ги приспособат своите вакцини доколку се прошири варијантата Омикрон. Новиот...

Македонија1 час

Двајца од повредените во несреќата се отпуштени од болницата „Пирогов“

Двајца повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од болницата во „Пирогов“. Отпуштените се во добра и стабилна состојба,...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Кој дал наредба автобусите на „Беса-транс“ да поминуваат граница над 100 пати без дозвола?

„Оставки и Спасовски и Бочварски, Беса транс возеле без дозволи, минувале граници и контроли, системот работел за мафијата. Скоро 140...

Македонија11 час

Прифатена оставката на Заев, на 12 декември ќе се бира нов претседател на партијата

На 12 декември, недела, ќе се одржат внатрепартиски избори во СДСМ, откако Централниот одбор на партијата вечерва ја констатирал оставката...

Регион13 часа

(Видео) Пукање во автобус со калашников во Косово, убиени возачот и двајца ученици

Во автобус вечерва е пукано од калашников кај селото Глоѓане кај Дечани, во Косово, а според последните информации загинале четири...

Македонија14 часа

Алтернатива ќе преговара за влез во Владата

Алтернатива одлучи претседателот Африм Гаши да преговара со премиерот Зоран Заев или идниот мандатар за влез во Влада. Според нив,...

Топ17 часа

Скопјанец повикан во полициска станица поради говор на омраза за автобуската несреќа

Скопјанец бил повикан во полициска станица на информативен разговор поради говор на омраза за автобуската несреќа во која загинаа 45...

Популарно18 часа

Македонија ќе игра против Италија во полуфиналето на плејофот за Светското првенство во Катар

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите за баражот за пласман на Светското првенство во Катар. Денешната ждрепка во Цирих...

Македонија18 часа

Возачите на автобусот што изгоре не биле вработени во „Беса транс“

Ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса транс“ кој изгоре не бил вработен во компанијата. Еден од...

Македонија18 часа

Автобусот бил технички исправен, годинава 113 пати ја поминал државната граница

Автобусот на „Беса транс“ минатата година во 22 случаја остварил влез – излез од државата, додека, пак, во 2021 година...

Македонија19 часа

(Видео) Утре ќе бидат префрлени во Скопје првите двајца преживеани во автобуската несреќа

Утре ќе бидат донесени првите двајца од седумте преживеани во автобуската несреќа во Бугарија. Тие прво ќе бидат сместени на...

Македонија19 часа

19 починати и 434 новозаболени со Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.026 тестирања,...

Македонија21 час

Изгорениот автобус бил произведен 2007 година

Автобусот на компанијата „Беса транс“, кој изгоре во Бугарија и однесе 45 животи, бил стар 14 години. Од македонското МВР...

Македонија22 часа

Пронајдено уште едно тело, дете е 45. жртва во изгорениот автобус во Бугарија

При дополнителен преглед на изгорениот македонски автобус што се запали на автопатот „Струма“ пронајдено е уште едно тело, пренесе Бугарската...

Македонија23 часа

Невакцинирани се 69 проценти од новите случаи на коронавирус во Македонија

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на коронавирус во период од 6 август заклучно со...

Македонија1 ден

Заев денеска ќе ја поднесе оставката во партијата, Алтернативата одлучува дали ќе стане дел од владината коалиција

Претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска ќе поднесе оставка од лидерската функција во партијата. Несреќата на...

Европа1 ден

ЕУ ќе ги запре летовите од Јужна Африка поради новата варијанта на коронавирусот

Националниот институт за заразни болести во Јужна Африка (NICD) потврди 22 случаја на инфекција со новата варијанта на коронавирусот B.1.1.529...

Македонија1 ден

Бугарските медиуми ја расветлија мистеријата за патникот со арапско потекло

Шади Науф ал-Салех, мистериозното лице со арапско потекло, кое се најде на списокот со преживеани од автобуската несреќа што го...

Македонија1 ден

Бугарски обвинители во Скопје треба да ги преземат ДНК-примероците за идентификација на жртвите

ДНК-анализите на примероците земени од семејствата на загинатите во тешката автобуска несреќа во Бугарија, кои се вршат на Институтот за...

Досие