Контакт

Скопје

Ѓорѓиевски: Комплетно го менуваме ликот на Потстаница креирајќи вистинска урбана населба

Објавено пред

Потстаница комплетно го менува својот лик станувајќи вистинска урбана населба, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при денешниот увид во Драчево.

dobivaj vesti na viber

Улицата Сердарот од 6500 м2, која со години беше заборавена, сега добива нов асфалт и е проширена, пешачка зона, а краците се поплочени со павер-елементи. Општина Кисела Вода го реши и долгогодишниот проблем со паркирањето и метежот во овој дел од општината, па сега жителите имаат на располагање 100-ина паркинг-места, велат од Општината.

„Младите ќе имаат можност да спортуваат на новото фудбалско игралиште со квалитетна вештачка трева, како и новото кошаркарско во негова близина, а за најмладите жители градиме ново детско катче со модерни реквизити, каде што детската игра тука ќе може непречено да се одвива. Како новитет, градиме и нов мини плоштад, кој ќе биде место за собирање на сите жители од Потстаница, за дружба и одмор, но и многу манифестации. Иднината се гради со дела, а за нас тие говорат најмногу“, изјави Ѓорѓиевски додавајќи дека во Кисела Вода повеќе нема заборавени места и дека работата продолжува со уште посилно темпо во секоја населба.

Скопје

Кисела Вода: И оваа година булингот во училиштата може да се пријави телефонски

Објавено пред

И оваа учебна година Општина Кисела Вода нуди системско решение за справување со булингот.

dobivaj vesti na viber

„Тргнувајќи оттаму дека насилството во основните училишта е сè поприсутно, повторно во функција е телефонскиот број 078/358 639, каде што жртвите на меѓуврсничкото насилство може бесплатно да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби, ќе дејствуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава“, велат од Општина Кисела Вода.

Оваа мерка, која лани беше промовирана првпат од Општина Кисела Вода, има цел да им понуди помош на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.

„Тоа се спроведува заедно со младински центар ‘Крик’, чиј претседател, Мила Ангелевска-Кардафова, е еден од психолозите што овозможува бесплатна помош и поддршка. На овој начин ќе може да се надминат стравот и срамот за проблемот да се пријави, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши“, додаваат од Општината.

Прикажи повеќе...

Скопје

Пуштена во употреба новата општинска зграда на Општина Ѓорче Петров

Објавено пред

На површина од 3.285 м2, поделена на 5 нивоа, со 66 нови канцеларии, 2 сали за состаноци, амфитеатар, 4 чајни кујни, тоалети и тоалети за лица со инвалидитет, два лифта и други технички простории, вчеравечер беше пуштена во употреба новата општинско-административна зграда на Општина Ѓорче Петров.

dobivaj vesti na viber

Граѓаните на Ѓорче Петров, по деценија градба, ќе добиваат централизирани услуги на едно место, а на вработените им се овозможуваат сите современи услови за работа.

На настанот присуствуваа голем број гости и соработници на Општината, советници, поранешни градоначалници итн. Гостин беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од партијата и други високи гости.

На отворањето се обрати градоначалникот Александар Стојкоски, кој рече дека нема сфера од општественото живеење што Општина Ѓорче Петров не ја опфати со работа во изминатите две години.

„Ѓорче Петров мора да продолжи да се развива. Ве уверувам дека ништо нема да нè поколеба на патот до реализација на паролата ‘Урбано Ѓорче’“, истакна Стојкоски.

Иднината зависи од она што го правите денес, додаде градоначалникот, а она што ние го правиме денес останува во рацете на нашата иднина.

„Нема поголем мир во душата од тоа да знаеш дека создаваш за генерациите. Моја желба е да оствариме уште многу капитални чекори заедно во годините што доаѓаат. За неполни две години, успеавме да оствариме голем процент од програмата за работа и да реализираме многу ветувања дадени пред граѓаните“, нагласи Стојкоски.

На свеченоста говор одржа и претседателот на Советот на Општина Ѓорче Петров, Ленче Нелоска, која истакна дека новата зграда е во корист на граѓаните и оти се надева дека овој грандиозен објект ќе остане во наследство на генерациите и потсетник за едно време кога вистински, отчетно, чесно и транспарентно се работи.

„Дозволете да им честитам и на вработените во Општина Ѓорче Петров што конечно ќе имаат услови за работа какви што заслужуваат. Тие се моторот на целиот процес и верувам во уште подобри резултати во иднина“, рече Нелоска.

Општина Ѓорче Петров со повеќе настани го одбележува 20 Септември – Денот на Општина Ѓорче Петров.

Прикажи повеќе...

Скопје

Бесплатни училишни униформи за над 7 илјади ученици од општина Аеродром

Објавено пред

Со јавен настан, кој се одржа во основното училиште „Александар Македонски“ во Реонски центар, и официјално почна процесот на доставување на бесплатните училишни униформи за повеќе од 7 илјади ученици од сите основни училишта во Аеродром. На настанот присуствуваа претседателот на Советот, Дејан Митески, и секретарот на Општина Аеродром, Јулијана Павковска-Боцевска.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за комплетен пакет-униформа, кој вклучува целосна опрема за учениците. Средствата за реализација на набавката се обезбедени од буџетот на Општина Аеродром. Целта на овој проект да обезбеди подобри и посовремени услови за одвивање на наставата, истовремено водејќи сметка тоа да не предизвика дополнително оптоварување на семејниот буџет.

Реализацијата на овој проект, субвенциите и часовите за пливање за учениците од прво одделение, како и бесплатните таблети за учениците од четврто одделение, се само дел од активностите за унапредување и подобрување на условите за реализација на наставата, но и потврда дека Општина Аеродром вложува значителни средства во модернизацијата на образованието.

Новата учебна година учениците во неколку основни училишта ја почнаа во реконструирани и модерни простории, а веќе од следната недела сите ученици од Аеродром ќе посетуваат настава во нови и бесплатни униформи, обезбедени од страна на Општината.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Груевски до членството: Тргнете се од ботовите и платените пропагатори

Експремиерот Никола Груевски порача до членството да се оддалечат од ботовите и платените пропагатори, коментирајќи дека има многу начини да...

Македонија6 часа

Отровен пестицид во пиперки увезени од Македонија откриен во Хрватска

Забранет отровен пестицид е откриен во зеленчук увезен од Северна Македонија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за сообраќај со...

Македонија7 часа

„Гардијан“: Северна Македонија и Србија имаат најзагаден воздух во Европа

Европа се соочува со голема јавно здравствена криза бидејќи речиси сите Европејци живеат во области со опасни нивоа на загаденост...

Топ7 часа

(Видео) На Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци

На 19 и 20 септември, на местото наречено Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за...

Македонија8 часа

ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати

Пожари на отворено утрово нема – сите 18 се изгаснати, според информациите од Секторот за операции и координација во Центарот...

Македонија9 часа

Османи пред Советот за безбедност на ОН: Постои закана и самиот мултилатерализам да стане жртва на руската агресија

Во својство на претседавач со ОБСЕ, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска, се обрати пред Советот за безбедност на...

Свет9 часа

(Видео) Полицијата во Венецуела ја врати контролата врз затвор со кој управуваа криминалци

Властите во Венецуела ја вратија контролата над најпознатиот затвор во Венецуела, „Токорон“, кој беше целосно под контрола на криминалци. Околу...

Европа9 часа

Руски воздушен напад врз Киев, седум ранети, меѓу нив и девојче

Руските сили рано утринава извршија воздушен напад врз Киев, соопштија властите во главниот град на Украина. Во објава на „Телеграм“,...

Европа10 часа

Полска објави: Повеќе не испраќаме оружје во Украина

Конфликтот меѓу Полска и Украина вчера дополнително ескалира. Полска повеќе не испраќа оружје за Украина, изјави полскиот премиер во интервју...

Македонија1 ден

Задолжително носење маски во здравствените установи, препорачува Комисијата за заразни болести

Задолжително носење маски во здравствените установи, оваа препорака ја донела Комисијата за заразни болести по денешниот состанок, информира портпаролот на...

Македонија1 ден

Собранието изгласа: ќе се формира анкетна комисија за случајот на Онкологија

Пратениците во Собранието со 82 гласа „за“ донесоа одлука за формирање анкетна комисија за скандалот со лекови на Клиниката за...

Македонија1 ден

Пензионерите на протест побараа минималната пензија да биде 18.000 денари и линеарно покачување

Пензионерите од повеќе градови во државата, денес, по повод Меѓународниот ден на пензионерите – 20 Септември, излегоа на протест пред...

Економија1 ден

Бектеши: Од наредната недела намалени цени на пијалаците

Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, на својот фејсбук-профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат...

Македонија1 ден

Мицкоски бараше измени на Кривичниот законик, но се откажа оти се оддалечи од Груeвски, тврди ДУИ

Демократската унија за интеграција будно ја следи големата загриженост во редовите на ВМРО- ДПМНЕ и длабоките поделби што се појавуваат...

Македонија1 ден

Напади врз Бугари и клубови, етикетирање на Бугарите како фашисти – Европската комисија против расизам со извештај за Македонија

Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа го објави својот извештај за Македонија, притоа во делот...

Македонија1 ден

Мицкоски до Груевски: Жалам што се одлучи да правиш јавна пародија, за Македонија не смее да има пазар и договори под маса

По јавните преписки меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и поранешниот претседател на оваа партија, Никола Груевски, Мицкоски повторно со...

Економија1 ден

Од денеска гарантирани пониски цени на одделни прехранбени производи, Бектеши најави проширување на листата

Од денеска до 30 ноември издвоени прехранбени производи во маркетите ќе се продаваат за најмалку 10 отсто пониски цени отколку...

Култура1 ден

Синдикатот на Македонската филхармонија: Секојпат кога државата ќе носи одлуки што не одат во прилог на нашата институција, соодветно ќе реагираме

„Разочарани сме, но не и изненадени од одлуката за разрешување на директорката и Управниот одбор на нашата институција, Македонската филхармонија....

Македонија1 ден

Османи на средби со министрите на Ерменија и Азербејџан: Употребата на сила за решавање на споровите е неприфатлива

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, оствари одвоени средби со министерот за...

Европа1 ден

(Видео) Моќен говор на Зеленски во ОН: Нуклеарна Русија го турка светот во конечна војна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера одржа важен говор пред светските лидери на Генералното собрание на ОН. „Не може да му...