Контакт

Скопје

Ѓорѓиевски: Некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети

Објавено пред

-Сметам дека со средствата од Владата на Република Македонија, конечно ќе се решат децениски проблеми кои пред се’, се поврзани со подземната инфраструктура, поврзани со проблеми кои самите општини, посебно оние помалите низ Македонија, не можеле да ги решат иако имале изготвен проект. Ќе бидат многу проблеми решени во образованието преку изградба на нови училишта, додека преку изградба на нови градинки ќе се реши недостигот на слободни места. Сметам дека повикот помина успешно, ќе го чекаме резултатот на крај, но финално, како што кажав ова ќе биде решение за децениски проблеми на општините и нашите граѓани-изјави Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во рамки на настанот за зајакнување на капацитетите на општините за искористување на капацитетите и зголемена децентрализација.

dobivaj vesti na viber

Запрашан дали поради задолженоста на општините смета дека треба да се намали бројот на единици на локалната самоуправа, Претседателот на ЗЕЛС Ѓорѓиевски кажа дека актуелната организација на општините е добра, но она што претставува проблем е тоа што одредени раководни лица немаат добри менаџерски способности.

-Добра е организацијата на општините, со минорни недостатоци кои не повлекуваат намалување на бројот на единици на локалната самоуправа. Проблемите се индивидуални, односно, некои поединечни раководни лица немаат менаџерски капацитети. Како пример, секогаш ја наведувам мојата општина Кисела Вода, која ја наследив со долг од 3.5 милиони евра и која долги години наназад имаше нерешени проблеми. Со добра организација и менаџмент се постигнува резултат и тоа е изводливо во секоја општина. Сметам дека во минатото се направи грешка од страна на една претходна Влада, кога се доделија средства на општините за раздолжување и тоа дополнително мотивираше поединци недомаќински да ги третираат буџетите и доведени во една состојба на комоција, дополнително да се задолжат после тоа. Ова е вистинскиот клуч, вистинскиот начин на кој треба да се распределат средствата од Владата. Тие да бидат наменски за проекти. Се’ останато ќе остави простор во кој градоначалникот може да биде доведен во состојба на комоција што нaместо проекти, може да генерира нови долгови и задолжувања, како што имало бројни примери во минатото, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски кој истакна дека има доста успешни и помалку успешни општини, но дека верува во капацитетите на градоначaлниците низ Македонија, дека работат заеднички постојано трудејќи се да ги надминат децениските проблеми и дека очекува драстично да се подобрат состојбите по потпишувањето на Меморандумот за соработка со новата Влада, чекор на кој се чекаше 21 година.

Скопје

Дел од неколку општини во Скопје без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 07.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од с.Сопиште, околина кај маркет Давидов, дел од Теферич, према Сопиште.(општина Сопиште)

· во периодот од 08.50 до 16.00 часот, корисниците од с.Мирковци, с.Горно Оризари, с.Глуво, с.Бразда. ( општина Чучер Сандево )

· во периодот од 08.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од Радишани (Радишански пат лево).( општина Бутел)

· во периодот од 08.30 до 13.30 часот, полициска станица ,,Бит Пазар, корисниците на ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи. (општина Чаир)

· во периодот од 09.00 до 13.45 часот, корисниците од

ул.4 с.Горно Соње.(општина Сопиште)

· во периодот од 11.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул.Леринска.(општина Карпош)

· во периодот од 10.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. 81, 87 во с. Волково. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Скопје

Герасимовски: Центар е единствената општина што обезбедува пелени и хигиенски производи за децата во градинките

Објавено пред

„Остануваме прва и единствена општина во Македонија која обезбедува пелени и хигиенски средства за децата во градинките. Целосно ги покриваме потребите на секое дете, а родителите се ослободени од дополнителни трошоци. Продолжуваме да инвестираме во квалитетно образование, грижа и инфраструктура на градинките, за да создадеме сигурна и здрава средина за нашите најмлади”, порача градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски за време на посетата на ЈУДГ „Раде Јовчевски – Корчагин.

dobivaj vesti na viber

Герасимовски, во рамките на посетата, имаше можност да се запознае со тековните активности и програмите за подобрување на воспитно образовниот процес во градинката.

Директорката на градинката Елена Устамитова информираше за работата и потребите на градинката. Таа истакна дека, покрај реализирањето на бројни активности за децата – како што се учење странски јазици, компјутерска обука, ритмичко-спортска и културна програма, во континуитет се работи на подобрување на условите и воведување нови иновативни пристапи за развој на најмладите.

Устамитова порача дека секоја поддршка од општината е добредојдена во претшколските установи.

,,Пелените, влажните марамчиња, течните сапуни и средствата за дезинфекција не само што ги подобруваат хигиенските услови во градинката, туку претставуваат и значително олеснување за семејниот буџет на нашите корисници”, посочи директорката Устамитова.

За Герасимовски ова е пракса која би требало да ја следат и останатите општини.

„Во услови кога секој ден носи нови потешкотии, важноста на заедничката грижа за децата и семејствата никогаш не била поголема”, додаде Герасимовски.

Прикажи повеќе...

Скопје

​Ѓорѓиевски: Силна локална самоуправа е клучот за трасирање европски стандарди

Објавено пред

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, Истакна дека СИСТЕМАТИЗИРАНИТЕ СТАВОВИ на ЗЕЛС, ревидирани секоја година, претставуваат основа за лобирање пред централната власт. Тој изрази задоволство што Владата ја разбира суштината на овие предизвици и активно работи на реформи во локалната самоуправа, вклучително и подобрување на финансирањето и воведување нови дигитални услуги за граѓаните.

dobivaj vesti na viber

„Односот што оваа Влада го има кон општините и ЗЕЛС ни влева надеж дека конечно ќе фатиме чекор со имплементирање на посакуваните европски стандарди,“ рече Ѓорѓиевски, осврнувајќи се на потпишувањето на новиот Меморандум за соработка со Владата.

Меѓу приоритетите што ги издвои Ѓорѓиевски беа: подобрување на финансиската стабилност на општините, вклучувајќи го барањето општините да добиваат најмалку 10% од ДДВ и 50% од персоналниот данок; реформи во методологиите за распределба на блок-дотациите, посебно за основното образование, противпожарната заштита и социјалната заштита; зголемување на дигиталните услуги за граѓаните, каде ЗЕЛС има значајни визионерски заложби, реализирани преку платформи како „www.gradezna-dozvola.mk“ и „е-градежно земјиште“.

Ѓорѓиевски посочи дека успехот на процесот на дигитализација веќе се покажува како многу успешен во општини како Кисела Вода, која прва во Македонија воведе дваесетина електронски услуги.

„Дигитализацијата значи поголема транспарентност, заштеда на време и средства за граѓаните, како и намалување на можноста за корупција,“ нагласи тој.

Своето обраќање тој го заокружи со повик за поголема соработка меѓу општините, ЗЕЛС и Владата, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните низ целата држава

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

(Видео) Израелските сили извршија околу 480 напади во изминатите два дена врз Сирија

Падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија предизвика интензивен израелски воен одговор, вклучувајќи воздушни и копнени операции низ...

Свет37 минути

Полицијата упадна во канцеларијата на претседателот на Јужна Кореја, поранешен министер се обиде да се самоубие

Полицијата во Јужна Кореја изврши рација во претседателската канцеларија во Сеул, по неуспешниот обид на претседателот Јун Сук Јеол да...

Европа1 час

(Видео) Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин

Русија го транспортираше Башар ал Асад, кој беше соборен со молскавична офанзива од позицијата на претседател на Сирија, на „најбезбеден...

Свет1 час

Новиот сириски премиер: Време е луѓето да уживаат во стабилност и мир

Новиот премиер задолжен за транзицијата во Сирија, Мохамад ал-Башир, во интервју за Ал Џезира вети стабилност и мир на сирискиот...

Македонија13 часа

„Тие што треба да не штитат, не трујат со наши пари“: Граѓаните со протестен марш против загадувањето

Со протестен марш, кој започна пред Министерството за животна средина, попладнево иницијативата „Зелен хуман град“ заедно со други граѓански организации...

Македонија14 часа

Под истрага 23 лица во акцијата „Адитив“

По двонеделна предистражна постапка што започна да се спроведува од 21.11.2024 година кога предметот е доставен на надлежно постапување на...

Македонија17 часа

За Мицкоски, ДУИ е политички глодач: Знаат дека утре ништо нема да се случи со Законот за јазиците, но ќе излезат и ќе кажат дека поради нивниот притисок, сè е одложено

На членовите на Демократската унија за интеграции им е многу јасно дека утре не може ништо да се случи со...

Македонија18 часа

Доказите за црната листа на САД се лесно достапни, македонските институции може самите да ги обезбедат, рече американската амбасадорка Агелер

Американската амбасадорка Ангела Агелер вели дека се разгледува можноста за дополнителни санкции за поранешниот вицепремиер Артан Груби и за судијата...

Македонија18 часа

Васко Ковачевски не е во државата веќе подолго време, но Мицкоски очекува бргу денеска да биде обезбеден и вратен

Васко Ковачевски не е во државата подолго време, но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата,...

Македонија19 часа

Силјановска-Давкова очекува судот и Обвинителството да постапaт по црната листа на САД

Лицата што се нашле на црната листа на САД не треба да продолжат со редовни активности, смета претседателката Гордана Силјановска-Давкова...

Македонија19 часа

Петрушевски за полициската акција: ЕСМ и РЕК „Битола“ беа користени од поранешните функционери за испумпување милиони преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да продолжат во спроведување на законот и овозможување на правдата во врска со денешната полициска акција...

Топ21 час

Македонец почина во зимски центар во Бугарија

51-годишен маж од Македонија почина на патеката Шилигарник над Банско во Бугарија, објави „Бгнес“. Веројатна причина за смртта на мажот...

Македонија21 час

ДУИ: Ја почитуваме одлуката на Стејт департментот

Демократската Унија за Интеграција соопшти дека ја почитува одлуката на Стејт Департментот на САД. „Како партија, остануваме посветени на стратешката...

Македонија22 часа

Голема акција на МВР поврзана со РЕК „Битола“

Голема акција на Министерството за внатрешни работи поврзана со работењето во РЕК Битола. Утрово има големи претреси во Битола, Велес,...

Македонија22 часа

Парламентот да усвои закон за политичка одговорност за сите што се на црната листа на САД, предлага Демократскиот сојуз

Демократски сојуз смета дека сите што се на црната листа на САД поради криминал, треба да понесат политичка и кривична...

Македонија22 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Со одлуката за црната листа на САД се докажа дека претходната влада е до гуша во корупција

Власта на СДС и ДУИ, предводена од Артан Груби, се докажа дека е до гуша во корупција, Груби и Беџети...

Свет23 часа

Победниците и губитниците од падот на Асад

Oткако бунтовниците брзо го зазедоа Дамаск и го принудија на бегство сирискиот моќник Башар ал-Асад, светот се обидува да го...

Европа24 часа

Ердоган: Останаа двајца искусни лидери во светот

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вчера изјави дека во светот останале само двајца лидери со долгогодишна служба и искуство во...

Свет1 ден

Орбан се сретна со Трамп и Маск на Флорида

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа се сретна со Доналд Трамп и милијардерот Илон Маск во домот на новоизбраниот американски претседател...

Македонија1 ден

СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот: Сите сомнежи за корупција мора да бидат санкционирани без компромис

СДСМ ја поздравува одлуката на Стејт департментот на САД за ставaње на нови лица од државата на црната листа. СДСМ...