Скопје
ЈП „ПОЦ“ отвори преноќувалиште за бездомни лица
Јавното претпријатие за јавни паркиралишта Паркинзи на општина Центар-Скопје од денеска отвора преноќувалиште за бездомни лица во општина Центар коешто ќе функционира за време на екстремно ниските температури.
„Тука ќе овозможиме да ја поминуваат ноќта наши сограѓани кои сега се по улиците. Ќе им овозможиме и пакети со храна за вечера и за појадок и топли напитоци. Преноќувалиштето ќе работи според стандардните процедури за вакви пунктови, од 16 часот попладне до 10 часот наутро“, информира Саша Богдановиќ, директор на ЈП „ Паркинзи на општина Центар“.
„Голем студ ја зафати Македонија. Денеска се најавува дека ќе биде еден од најстудените денови, со температура од минус 20 степени во Скопје. Луѓе мрзнат надвор, семејства се завеани по села и градови, излизгани се возила по патиштата… За жал јасно е за сите дека поради неодговорните политики на досегашната централна власт државните институции не се во состојба да одговорат на потребите на граѓаните. Институциите мора да работат во служба на граѓаните. Ние во една ваква ситуација, како јавно претпријатие и како општина Центар ќе се обидеме со што можеме да им помогнеме“, додаде Богдановиќ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Комплетно реконструирана улица „11“ во Кадино, општина Илинден
Општина Илинден продолжува со интензивни активности за унапредување на патната инфраструктура, при што деновиве успешно е завршена реконструкцијата на вториот дел од улицата „11“ во населеното место Кадино. Станува збор за значајна делница со должина од околу 500 метри и широчина од 5,5 метри, која доби целосно нов коловоз, со што значително се подобрува квалитетот на сообраќај, извести Општината.

Покрај обновата на коловозот, изграден е и тротоар со широчина од 1,5 метри, што овозможува побезбедно и покомфорно движење за пешаците. Со оваа интервенција, улицата добива современ и функционален изглед, усогласен со потребите на модерното урбано живеење.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршните градежни активности и истакна дека со реализацијата на оваа фаза, заедно со претходно реконструираниот дел, вкупната должина на обновената улица изнесува околу 720 метри, како и дека ваквите проекти претставуваат јасен показател за стратешкиот пристап на Општината кон рамномерен развој и подобрување на условите за живот во сите населени места.

Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, што уште еднаш ја потврдува определбата на локалната самоуправа за континуирано инвестирање во инфраструктурата и создавање на побезбедна, поуредена и пофункционална средина за сите граѓани, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
(Фото) Меџити: Напредуваат работите на улицата „Ферид Мурад“ – проектот добива форма од ден на ден
Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити.

Досега се поставени и бетонирани рабници на десната страна од улицата, со што се создава јасна поделба меѓу коловозот и просторот за пешаци, извести Општината.

„Работите на улицата ‘Ферид Мурад’ се одвиваат со предвиденото темпо и секојдневно е видлив напредокот. Создаваме уредна и функционална инфраструктура, каде движењето е побезбедно и поорганизирано за сите граѓани“, изјави Меџити.

Во моментов се работи на подготовка на патеки за пешаци и велосипедисти, со цел зголемување на безбедноста и подобрување на мобилноста на оваа сообраќајница, се додава во соопштението на Општината.
Македонија
Герасимовски: Никој не е сам за Велигден – пакети со храна за семејства во социјален ризик
Во пресрет на велигденските празници, општина Центар реализираше хуманитарна акција и подели пакети со основни прехранбени производи на семејства во социјален ризик на својата територија.
Ваквата поддршка не е еднократна, туку дел од континуираните активности на општината, која и во изминатите години редовно обезбедува помош за граѓаните на кои им е најпотребна, особено во пресрет на поголемите празници.
Акцијата има за цел да обезбеди поддршка за најранливите категории граѓани и да придонесе празничните денови да бидат исполнети со достоинство, топлина и грижа за сите, велат од Општината.

„Во духот на Велигден – празник на надежта, солидарноста и човечноста, важно е да покажеме дека никој не е сам. Оваа поддршка ја даваме континуирано и ќе продолжиме и во иднина. Како општина, остануваме посветени на помош за граѓаните на кои им е најпотребна“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Општина Центар и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, со посебен фокус на социјално ранливите категории, се додава во соопштението.
