Македонија
Шилегов: Скопје мора да продолжи напред, планетариумот на МКЦ го опремуваме по најнови стандарди
Скопје мора да продолжи напред со создавањето квалитетни услови за образование на нашите деца, нашите најсакани, но и за сите оние што се во потрага по нови знаења. Омиленото место на вљубениците на вселената во Скопје и местото каде што децата од целата земја се запознаваат со основите на астрономијата го опремуваме со современа техника и вршиме целосна реконструкција на просториите, обнова на ентериерот и системот за вентилација. Со оваа капитална инвестиција МКЦ гордо ќе се стои рамо до рамо со другите сродни европски центри и ќе биде репрезент во 2022 година, која е прогласена за година на европската младина, изјави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.
„Планетариумот на МКЦ, местото каде што над 50 генерации граѓани од целата држава учеа за вселената, Сончевиот систем, галаксиите, единствениот планетариум во државата функционира повеќе од 50 години, со дотраена машина, со поголема музејска отколку оперативна вредност. Поради пандемијата и немањето соодветна вентилација како предуслов за одржување настани во затворен простор, планетариумот беше затворен речиси две години“, изјави Шилегов.
„Во следните 4 години Скопје добива целосно обновен планетариум, кој преку своите дигитални и оптички можности, покрај едукација и проширување на знаењето за астрономијата, овозможува и презентации за океанографија, климатски промени и други значајни теми за Земјата и вселената“, нагласи Шилегов.
Додаде дека новиот планетариум овозможува и адаптирање на самите предавања и презентации за разни целни групи – од предавања за претшколска возраст до стручни предавања. Според Шилегов, МКЦ како институција што нуди едукативни и културни содржини за младите мора да зачува ја дејноста на планетариумот.
„Преку набавка на нова машина за презентација, како и адаптирање и осовременување на просторот и содржините што тој ги нуди според последните технолошки и дигитални трендови во образованието, планетариумот ќе ја задржи смислата на своето постоење – да понуди квалитетни едукативни содржини за младите, но и за сите генерации“, потенцира Шилегов.
Истакна дека новиот планетариум се опремува и е во целосна согласност со новите реформи за дигитализација во образованието, како и адаптација на факултативните едукативни содржини во согласност со најновите светски технологии. Затоа, како што рече, е предвидено и воведување технолошки решенија за следење на самите предавања на повеќе јазици (македонски, албански, турски, ромски, англиски и др.). Ова, додаде тој, е посебно важно за полесно разбирање и следење особено кај најмладите посетители, но и отворање кон странските посетители и жители во нашата земја, потенцира Шилегов.
„За сето ова да стане реалност, в недела потребен е вашиот глас. Ајде да се обединиме за прогресот на Скопје. Секој глас е важен. Секој глас одлучува. Да не дозволиме Скопје да се врати назад и наместо да вложуваме во едукација и образование, да трошат на камен, стиропор и бронза. Вие одлучувате. Скопје мора да продолжи напред. Нашите деца, сите ние го заслужуваме тоа“, повика Шилегов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МТЕЛ со нова понуда за стриминг платформата Move TV, корисниците одсега имаат избор од над 250 канали
Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија
Подгответе се да се нурнете во свет на бескрајни можности за забава бидејќи стриминг платформата на МТЕЛ, Move TV отсега е со најголем број ТВ канали понудени од кој било телеком провајдер во Македонија. На и досега широкиот избор од ТВ канали компанијата додава бесплатно нови ТВ канали.
Со ова корисниците добиваат избор од над 250 канали вклучени во претплатата кои опфаќаат различни жанрови, јазици и култури, избор што може да воодушеви секој.
„МТЕЛ како компанија не само што го редефинира уживањето во квалитетната телевизиска понуда, тука на самиот корисник му даваме моќ да ја преземете контролата врз своето искуството со стриминг платформата. Без разлика дали сте спортски ентузијаст, љубител на филмови или љубители на ТВ серии, нашата разновидна палета на понуди гарантира дека има по нешто за секого. Во три различни пакети по особено поволни цени за корисници во Македонија се вклучени Арена спорт каналите, ХБО, Суперстар, Еуроспорт, БлицТВ“, велат од компанијата.
Покрај изборот од над 250 ТВ канали, МОVE TV нуди и видеотека со над 10 000 филмови и серии, можност за слушање на најдобрите домашни и регионални радио-станици. МОVE TV може да се користи на телевизиски уред (обичен со MOVE Android Box или смарт телевизор), на телефон и таблет.
Една од главните придобивки за корисниците е можноста за паузирање и премотување сите телевизиските канали во реално време, до 7 дена наназад. Освен тоа, со МОVE Android Box секој телевизиски уред станува паметен, а МOVE TV може да се користи на 5 уреди истовремено во зависност од избраниот пакет. А, сите ваши активности на платформата се синхронизираат на различните уреди на кои ја користите. Повеќе информации може да добиете на телефонскиот број 15010 или на mtel.mk.
ПР
Македонија
Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија
Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја Македонија“. Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ е најбројната досега коалиција составена од 24 политички субјекти и организации кои застануваат зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека при реализацијата на програмата за претседателските и парламентарните избори во 2024-тата година, целосно и недвосмислено ќе се водиме од принципите на одговорност и транспарентност во политичкото дејствување. Свесни за девастирачкиот карактер на политиките на неодговорната владејачка клика, обзнануваме дека развојот на економијата, економскиот раст, домашните и странски инвестиции, како услов за отворање на нови работни места и подобар живот на граѓаните, се врвни приоритети на партиите – членки на коалицијата „Твоја Македонија“. Недвосмислена и цврста борба против корупцијата и намалување на обемната бирократијата се наш носечки предизвик бидејќи цврсто веруваме дека праведноста во општеството е основен предуслов за вкупен развој на татковината. Оттаму, длабоко свесни за истакнатото, коалицијата „Твоја Македонија“ се обврзува дека жестоко, праведно и принципиелно ќе иницираме и ќе поддржиме акции на правната држава кои треба да ја вратат разнишаната доверба на граѓаните во институциите на државната власт“, нагласи Мицкоски.
Според него, основниот концепт за развој на приватната иницијатива е почитување на економската слобода и развој на креативноста на личноста.
„Нагласувајќи го разорното дејство на криминалот и корупцијата на актуелната владејачка клика, остануваме посветени на економската модернизација на татковината. Во таа насока се обврзуваме дека ќе генерираме нови политики во функција на финансирање на изградба на меѓународните и локалните патишта, железничките коридори, електраните, гасоводните системи, далноводите, училиштата, болниците како и други инфраструктурни проекти. Манифестираме јасна, непоколеблива и цврста решеност да реализираме реформи кои ќе обезбедат долгорочен економски раст и напредок на Македонија бидејќи цврсто веруваме дека борбата за подобри економски постигнувања значи борба за подобар живот и подобар стандард на македонските граѓани“, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Апелира да има масовна излезеност на овие избори бидејќи, како што рече, неизлегувањето на овие избори подразбира поддршка на неодговорната и криминална власт.
Македонија
Државјанин на Турција приложил фалсификуван пасош на Ќафасан
Денеска, на граничниот премин Ќафасан полициски службеници го привеле Т. С. Т. (48) од Република Турција затоа што при пасошка контрола било констатирано дека на увид приложил фалсификувана патна исправа.
Известен бил јавен обвинител, а тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка.