Скопје
107 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење…“, извести МВР.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Започнува најмасовната еко-акција на Балканот, чистата животна средина е заедничка одговорност
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски извести дека од денеска започнува најмасовната еко-акција на Балканот, Генералка викенд, која годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции.
„Особена чест ми е што денес сме заедно со претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, со госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамер Хоџа, како и заменичката Ане Лашкоска.

Денешниот настан е силна порака. Порака дека чистата животна средина е заедничка одговорност, дека секој од нас има улога во изгледот на својата улица, своето маало, својот град и својата држава.

Освен во Скопје, оваа голема акција се спроведува на 500 локации ширум Македонија. Тоа покажува дека кога постои волја, кога постои организација и кога постои љубов кон татковината, можеме да направиме голема промена.

За нас, како Град Скопје, чистотата на главниот град е еден од најважните приоритети. Скопје е лицето на Македонија. Скопје е дом на стотици илјади граѓани, град во кој секојдневно живееме, работиме, се движиме, ги растеме нашите деца и ги пречекуваме нашите гости“, кажа градоначалникот.



Македонија
(Видео) Левица Аеродром: Митески плаќа 36 милиони денари за одржување – урбаната опрема во распад
„Додека Општина Аеродром од буџетот издвојува 36 милиони денари, и ги префрла на приватна фирма за „одржување“ на урбана опрема, реалноста на терен нè удира во лице: искршени канти, уништени клупи и опасни детски игралишта“, посочува советничката од Левица, Слободанка Ќириќ.
„Од друга страна, пак, на сајтот на општината сѐ е под конец, средено, ново, искосено, искроено, уредено. Очигледно е дека градоначалникот Митески, за да ја прикрие сопствената неспособност, креира лажна стварност.
Водењето на општина не е исто што и лепење плакати. Митески можеби бил добар во извршување партиските задачи, но функцијата градоначалник не бара ПР и празни ветувања туку капацитет и вистинска работа“, велат од Левица Аеродром.
Македонија
Дел од Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од село Раштак, општина Гази Баба.
