Скопје
Фолклор и театарска претстава викендов на 'Три круши' во Драчево
Забавата на културното лето во скопската општина Кисела Вода продолжува викендов на верско-рекреативниот центар Три круши.
Во петок, со почеток во 21 часот, целовечерен концерт ќе има Ансамблот Македонија. Кој го сочинуваат студенти од Факултетот за музичка уметност во Штип – отсек етно-кореологија и игра, како и ученици од Средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ – отсек фолклор. Ансамблот ја негува градската чалгиска, вокално-инструментална и играчка музичка традиција од XIX век, како и селската традиција на музика и игра од периодот пред XIX век.
Вo недела, во истоиот термин Три круши ќе настапи Националната установа Театар Комедија со претставата „Ах љубов моја – турска приказна“, во режија на Коле Ангеловски.
Со цел да им се излезе пресрет на жителите на општината, но и на другите заинтересирани граѓани, општина Кисела Вода организира бесплатен превоз до локалитетот Три круши. Автобусите во 19:30 часот ќе тргнат од пред локацијата „Шампионче“ и населбата Расадник, а попатно ќе застанат во населбите Усје и Пинтија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода
Под слоганот „Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ општина Кисела Вода, в понеделник, на први април, организира голема забава под маски за најмладите.
Пред салата Расадник ќе биде поставен забавен парк со најразлични реквизити, ќе има кловнови и аниматори, а за музичкиот дел се задолжени „Поточиња”.
Настанот започнува во 11 часот, а за изборот на најдобра маска ќе одлучи жири комисија од општината. Најдобрите маски ќе добијат награди, велат од општината и ги покануваат сите дечиња да дојдат во Шеговил и со своите насмевки, шеги и маски да поминат еден прекрасен ден.
Скопје
Дел од општина Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека, денеска без вода ќе биде дел од општина Центар.
Поради отстранување дефект на водоводна мрежа на улицата 50-та Дивизија бр. 35, од 10:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и улицата Димче Мирчев во општина Центар.
Скопје
Дел од општина Карпош без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе остане дел од општина Карпош.
Од 09:00 до 11:00 часот, корисниците од улицата Никола Парапунов бр. 1 (јужната кула кај стара телевизија) и бр. 11 (зградата спроти бурекџилница Сараево) во општина Карпош ќе останат без струја.